Траги во бескрајот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 May 2022 12:53:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Траги во бескрајот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Легендарниот рок-критичар Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/legendarniot-rok-kritichar-peca-popovikj-promovira-tri-knigi-vo-skopje/ Mon, 30 May 2022 12:53:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252443

Најзначајниот музички новинар во регионот, легендарниот рок-критичар Петар Пеца Поповиќ, некогашен уредник на влијателните списанија „Џубокс“ и „Рок“, на 1-ви јуни во 19.30 часот, во кафе-книжарница „Буква“, ќе промовира три свои книги, објавени во изминативе три години – „Пролет во Топчидер“, „Траги во бескрајот“ и актуелната „Чуварот на ‘бувља пијаца’“. Настанот е во организација на СПОНА – Српскиот културно информативен центар во Македонија. Со Пеца Поповиќ пред македонските љубители на пишаниот збор, со акцент на ‘музички’, ќе биде и професорот Михајло Пантиќ, кој се потпишува како уредник на неговите книги, објавени под закрилата на Книжевната општина Вршац (КОВ), а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ. Како музички гости, промоцијата ќе ја збогатат Елена Христова и Сибо, од познатиот музички состав „Баклава“. Поповиќ, кој како музички новинар остави важен белег на регионалната сцена, како критичар и хроничар, во неколку наврати беше главен и одговорен уредник на влијателната дискографска куќа ПГП-РТС, за домашна и лиценцна програма, као и уредник на музичкото радио 101, и на прва независна ТВ куќа – „ОК канал“. Во негова режија се случија и два најголеми музички карвани во Југославија, кога во Загреб и во Скопје ги донесе најголемите регионални музички ѕвезди. На негова идеја за голем бесплатен концерт во Белград, Горан Бреговиќ и „Бијело дугме“ на 28 август 1977 година го одржаа антологискиот „Концерт код Хајдучке чесме“, настан кој и денес се смета за „југословенски Вудсток“. Активен и во осма деценија од животот, Пеца Поповиќ ги потпишува книгите: „Ракописи“ (2008), „Кикинда short 04 – две приказни“ (2010), „Да се биде рокенрол“ (2011, заедно со Михајло Пантиќ), „Пролет во Топчидер“ (2020), „Траги во бескрајот“ (2021) и „Чуварот на ‘бувља пијаца’“ (2022).]]>