традиција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 11:42:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png традиција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-treba-da-ima-na-badnikovata-trpeza-za-da-imate-sreka-godinava/ Fri, 05 Jan 2024 11:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333519

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број- 7, 9, 11- колку повеќе се`, толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни. Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и друго. Суви пиперки со грав/сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз. Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје. Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината. Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови. Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква. Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести. Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.]]>

Начинот на кој Кејт и Вилијам го воспитуваат остава без зборови: Принцот Џорџ ја прекинува традицијата на кралското семејство стара повеќе од сто години https://arhiva.vistina.com.mk/nachinot-na-koj-kejt-i-vilijam-go-vospituvaat-ostava-bez-zborovi-printsot-dhordh-ja-prekinuva-traditsijata-na-kralskoto-semejstvo-stara-poveke-od-sto-godini/ Fri, 21 Jul 2023 08:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311086

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам постојано истакнуваа дека сакаат нивните деца да растат како своите врсници. Со новата одлука повторно покажуваат дека сакаат нивните деца да имаат што е можно по нормално детство. Имено, нивниот најстар син, принцот Џорџ, оваа сабота го слави својот десетти роденден. Во британското кралско семејство во тие години има и некои службени обврски кои треба да ги извршува секој член на семејството. На пример, на десетгодишна возраст, децата на кралското семејство мора да прифатат обврски во воениот рок, а со текот на времето и да служат воен рок. Воениот рок за членовите на семејството порано беше задолжителен, но не и за Џорџ На Џорџ, кој е втор во редот за тронот, ќе му биде дозволено да ја избегне традицијата која трае повеќе од сто години. Неговиот татко, чичко, дедо, прабаба и прадедо служеле војска, но тој не мора да ја продолжи таа традиција, пишува Дејли Мејл. -Традицијата на приклучување на кралското семејство во вооружените сили, дури и на кратки периоди, дава клучен легитимитет на монархијата, вели историчарот Доминик Сендбрук. Тој додава дека „теоретски, ништо не го спречува Џорџ да продолжи со кариера како астронаут, на пример, ако тоа е она што тој го сака, а потоа подоцна да стане крал“. -Правилата се поинакви сега и тој не мора нужно да ја следи формулата да оди во војска, вели Сендбрук. Кејт и Вилијам се решени да им овозможат на своите деца Шарлот, Џорџ и Луис што е можно понормално детство, кое вклучува слобода да ги следат своите интереси. Инаку, принцот Вилијам беше во вооружените сили повеќе од седум години, а Хари дури служеше во Авганистан во воената зона.]]>

И познатите Македонки ја испочитуваа традицијата и уште рано наутро вапцаа три црвени јајца (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/i-poznatite-makedonki-ja-ispochituvaa-traditsijata-i-ushte-rano-nautro-vaptsaa-tri-tsrveni-jajtsa-za-veliki-chetvrtok-foto/ Thu, 13 Apr 2023 08:09:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298033

Црковното предание и нашата стара традиција уредиле три дена пред Велигден на Велики четврток пред изгрејсонце се вапцуваат првите три Велигденски јајца. На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува! Првото вапцано јајце се нарекува уште и Господово и за него се верува дека е полно со моќ со која се лекуваат разни болести. Затоа ова утро на сите верници е резервирано за обичајот каде најпрво откако ќе се свртат кон исток да се прекрстат ќе ги бојадисаат првите велигденски јајца, а останатите ги бојадисуваат на Велика Сабота. Оваа традиција ја почитуваат сите верници, а познатите Македонки и овој пат не пропуштија  уште рано наутро да обелоденат на социјалните мрежи дека навистина се вредни домаќинки. ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Стафановска е дефинитивно една од нив. Особено сега, кога за прв пат е и жена - домаќинка, која ја почитува традицијата. Македонската поп дива Калиопи Букле не пропушта исто така да ја испочитува традицијата... И да упати предвелигденска честитка. ТВ водителката Марјана Станојковска во свој стил ги споила традицијата и естетиката, традиционалното и модерното, украсувајќи ја  ова утро масата со сопствена докарица покрај трите црвено вапцани јајца. ТВ водителката Снеже Велков и онака станува рано за да вежба и да подготви некој здрав оброк , па вообичаената рутина не и дозволи да отстапи од правилата, кои овој пат ги споила со традиционалните предвелигденски адети - вапцањето на трите црвени јајца. Некогашната Пулси-квиз ТВ водителка, подоцна новинар и уредник на емиси во Образовната програма на МТВ, денес Главен уредник на Првиот програмски сервис на националната ТВ куќа - Анета Андонова е меѓуостанатото и тоа како посветена на верата, религијата и традицијата. Како оддан верник, таа разбирливо не пропушти да ја испочитува традицијата и денот - Велкики четврток  за да го обави ритуалот на вапцање на трите црвени јајца кои при тоа прекрасно ги декорирала во кошничка со слама и златни чоколадни зајачања. Фото: Принтскрин Инстаграм  ]]>

Двете ТВ водителки правеа Младенци: Елена „Живот со стил“ и Елеонора Миљковиќ ја испочитуваа традицијата (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/dvete-tv-voditelki-pravea-mladentsi-elena-zhivot-so-stil-i-eleonora-milkovik-ja-ispochituvaa-traditsijata-foto/ Thu, 23 Mar 2023 09:17:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294640

Вчера на денот на пристигнувањето на пролетта 22 март,  нововенчаните брачни  двојки го славеа празникот Младенци. Според традицијата невестата треба да стане наутро и да меси 40 колачиња за нивниот брачен живот да трае долго и среќно. Овој празник го слават сите нововенчани брачни двојки од последните 12 месеци, а меѓу нив беа и  познатите македонски ликови кои во изминатата година влегоа во брак, а такви се ТВ водителките Елена Најдоски и Елеонора Миљковиќ. Како што е познато ТВ водителката Елена Најдоски или попозната како Елена „Живот со Стил“ направи гламурозна свадба за паметење во скопскиот хотел„Double Tree by Hilton.“ Таа официјално на 9-ти јули 2022 г. стапи во брак  со нејзиниот избраник и нејзина најголема љубов – Бојан Најдоски. Младата брачна двојка како што е ред го испочитува и празникот Младенци, а водителката на  „Инстагарам“ им го честиташе празникот на сите што го слават: „За љубов среќа и сладок живот! Честито слава на сите што слават, честито име на сите што го носат и честито на младите брачни двојки. Господ нека нѐ  дарува сите со долг успешен и среќен брак и многу дечиња“ - им посака таа на сите и на себе си. Водителката со нејзината омилена фотографија од свадбата му честиташе и на сопругот па, напиша: „Среќни младенци љубов моја“ - Те држам црвсто за цел живот“ - напиша таа  на објавата. Елена се пофали и со фотографии од ресторанот каде што славеле, па доби честитки и од нејзините фанови. Некогашната македонска ријалити учесничка, модел и ТВ водителка, Елеонора Миљковиќ,  вплови во брачните води, па последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски. „Среќни Младенци за многу години“ -  напиша таа на нејзината Инстаграм приказна објавувајќи кратко видео од венчавката. Скопската ријалити убавица се потсети на веселбата, па подоцна на споменатата мрежа објави серија фотографии од свадбените моменти. „Незаборавни магични моменти!“ - напишаа таа на англиски јазик на објавата по повод празникот.
Но, сепак  македонската убавица освен што го славеше празникот Младенци,  во нивното семејство имаше уште еден повод за славење. Имено вчера, на денот наменет за нововенчаните брачни двојки нејзиниот избраник славеше роденден. Па, заедно со нивниот миленик, насмеани, позираа пред роденденската торта. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Најдовски/Елеонора Миљковиќ  ]]>

Ацо Пејовиќ откри кој прв бакнува на новогодишната ноќ, а тоа не е неговата сопруга (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aco-pejovikj-otkri-koj-prv-baknuva-na-novogodishnata-nokj-a-toa-ne-e-negovata-sopruga-foto/ Wed, 04 Jan 2023 09:11:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282680

Како и секоја Нова Година така и оваа Ацо Пејовиќ  ја дочека со работно, забавувајќи ја публиката во Белград, па направил уште една незаворавна вечер. Пејовиќ открил и кого бакнал на полноќ и истакнал дека истото сценарио со години се случува на најлудата ноќ. Откако се занимавам со овој бизнис, скоро  30 години, не сум работел само една или две Нови Години. Првиот човек што го бакнувам е скоро секогаш мојот кум, кој ми е лево и работиме заедно, па го гушкам и бакнувам прв за Нова Година - изјавил пејачот. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

„Тој е во сите нас“: Пере Нокаут ја сподели својата традиција кон ликот и делото на Тоше Проески (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-e-vo-site-nas-pere-nokaut-ja-spodeli-svojata-tradicija-kon-likot-i-deloto-na-toshe-proeski-foto/ Wed, 15 Jun 2022 07:17:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254347

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ – зборови кажани од нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, големиот човек чиј лик и дело никогаш нема да отиде во заборав. За да се спомене Тоше и да се слуша неговата музика, не е потсебно тоа да биде денот на неговиот роденден или оној кобниот- Тоше е тука, меѓу нас, во срцата постојано... Дека тоа е така и за познатиот пејач од „Нокаут“, Никола Перевски, потврди со гестот и постапката со почит кон колегата Тоше која ја негува со години. -Имав огромна чест и задоволство лично да го познавам и да соработувам со Тоше на албумот "Ако ме погледнеш во очи" како композитор и пратечки вокали. Другар и колега, со искрена желба,визија и мисија да тргне и да го освои светот. Се уште во неверување дека повеќе не е меѓу нас, секоја година доаѓам да му оддадам почит и запалам свеќа на неговото вечно почивалиште и во манастирот св.Преображение со најголема почит. Во суштина, тој е во сите нас. Крушево абер пристигна. Мир божји – пишува Пере. Се гордееме како Македонци што го имавме и го имаме во нас, а тоа е чиста емоција полна љубов која беше неговиот примарен двигател. фото:Принтскрин Инстаграм фан Пејџ Тоше Проески/Фејсбук Никола Перевски]]>

Јавно – музички, естрадни и ТВ ѕвезди, по дома – жени домаќинки: Овие познати Македонки вапцаа јајца рано наутро за Велики Четврток (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javno-muzichki-estradni-i-tv-dzvezdi-po-doma-zeni-domakjinki-ovie-poznati-makedonki-vapcaa-jajca-rano-nautro-za-veliki-chetvrtok-foto/ Thu, 21 Apr 2022 08:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247200

Велики Четврток или Величетврток како што  се вика меѓу народот е прvиот ден од почетокот на празнувањето на Велигденските празници, а главен обичај што се изведува со посебно внимание на овој ден е вапцувањето на велигденските јајца. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се расипат. Вака велат обичаите и традицијата, а истите постојат  како дел од верата, духовното и културно наследство на еден народ, конечно дел од неговото битие и идентитет. Затоа нив ги почитуваат сите верници... Од обичните луѓе до познатите личности... Та биле тие ТВ, музички, естрадни... ѕвезди во јавниот живот, но по дома се жени - домажинки. Токму затоа овие познати Македонки, како што налага традицијата и обичајот,  вапцаа јајца уште рано наутро за Велики Четврток. На дамите не им се бројата годините , особено не на оние - познатитем но сепак ќе започнеме со „најискусните“... во домаќинлукот, секако! - Македонската по дива Калиопи Букле е несомнено една под нив. Нашата „Најмила“, знае колку е важно да се испочитува традицијата, па затоа и годинава не омана и пропупшти да го направи она што на Велики четврток се прави. Иако вообичаено е на овој ден да се бојадисуваат само три јајца и тоа во црвена боја, вредната Опи вапала полна чинија јајца и оа во неколку бои... Епа, нека е за многу години, како пто порачала самата Калиопи! - Најдолговечната македонска ТВ водителка Лила Филиповска оддамна покажала дека не е ништо помалку добра домаќинка! Знае како со банкарот и натпреварувачите во „Се' или нешто“, ама знае и како се почитуваат обичаите, па уште рано наутро пред собцето да изгрее, ги засукала ракавите и вапцала три црвени јајца. за неа, синот филип и за Рагнар... мачорот!? Важно е да се испочитува традицијата! - Уште една позната македонска ТВ водителка живее во духот на верата, обичаите и традицијата. Милена Антовска како тазе мајка по втор пат, истите ги испочитува, па и таа станала рано за да ги вапца јајцата.  Првото го споделила меѓу велигденските украси кои допрва треба да ја разубават велигденската трпеза. Единстевно остана нејасно дали до крај го испочитувала обичајот по вапцувањето на јајцата,  рано пред изгрејсонце, домаќинката да го земе првото јајце и на децата, уште додека се в постела, да им мине три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се крупни како јајцето, но и црвени во образите, што е знак за здравје и напредок. Но, како и да е... Нека е за многу години! -На уште една македонска ТВ водителка празничното станување рано не и падна тешко, зашто Снеже Велков тоа ионака го прави секојдневно, за да вози велосипед по скопските улици и патеки. Пилатес инструкторката и ТВ водителка оддамна покажала дека колку што е добра зад камерата, толку ја бива и во кујната, па затоа не изненади со тоа што и таа ја испочитувала традицијата и направила „нешто конкретно“ - вапцање на првите велигденски црвени јајца... За Велики Четврток! - Пејачката Елена Петреска по потекло е од Прилеп, град во кој многу се почитуваат и религијата и обичаите и традицијата... без оглед на тоа што оддамна прилепската ја заменила со скопска адреса на живеење, она што е во гените не го заборавила, па и таа како мајка и сопруга, но прд се као жена-домаќинка уште рано пред зори, за велики Четврток си ја завршила работата. Трите црвено-вапцани јајца пред иконата и времето на нивното бојадисување... 04:43 рано посабајле, пред изгрејсонце! Секако, ова не се единствените ТВ или музичко-естрадни дами кои за Велики Четврток ја почитуваат велигденската традиција на вапцање на првите црвени велигденски јајца... нрекои други пак можеби н јајца не вапцаа, ама се сетија да го одбележат денот. Како мисицата и пејачка, тетовката Кристина Димитриевска на пример,  која споделила потсетник дека денес е Велики Четврток... Или топ моделот, гевгеличанката Александра Накова, која јајца не вапцала, барем јавно не покажа, но затоа својот бутик за женска гардероба во Гевгелија го накитила со украси во вид на велигденски јајца наредени на велигденското дрвце. Како и да е, нека е за многу години Велики Четврток! Фото: Инстаграм принсткрин  ]]>

Традицијата изумира: Никој веќе не праќа новогодишни честитки по пошта? https://arhiva.vistina.com.mk/tradicijata-izumira-nikoj-vekje-ne-prakja-novogodishni-chestitki-po-poshta/ Fri, 31 Dec 2021 09:46:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233324

Од пристигнувањето на новата 2019 година не делат само часови. Новата година и божиќните празници се уште поубави и магични кога во поштенското сандаче ќе најдете убава и шарена новогодишна честитка. Како некогаш, кога  центарот на градот беше преполн со улични продавачи кои нудат честитки со најразлични новогодшни мотиви. Но, ако порано праќањето честитки за Нова година или за друга прилика беше традиција, во последниве години сите испраќаат многу повеќе честитки преку електронска пошта и социјалните мрежи. Индивидуално, меѓу граѓаните, честитањето на новогодишните и божиќните празници со честитка полека изумира. Единствено уште понекој од бабите и дедовците сé уште практикуваат да ги изненадат внуците со по некоја музичка картичка преку пошта или со пакетчето, лично на рака. Преостанатите користат телефон и интернет. И продавачите и поштенските работници го тврдат истото. Од годна в годна се помалку се продаваат и испраќаат новогодишните честитки, а најмногу ги купуваат или најмладте или најстарите генерации. Некогашните хартиени честитки во плико сега се заменети со електронски напишани, фото или видео пораки, новите технологии ги сменија и навиките за честитање на празниците. Но, како и да е, граѓаните на еден или друг начин, преку електронска или обична пошта сепак, се' уште практикуваат да им посакаат долг живот, здравје, успех и среќа во Новата годна на своите роднини, другари, пријатели, колеги, соработници... На сите добронамерни луѓе.
]]>

Богојавление – Водици: Годинава без вековната традиција – скокање по крстот https://arhiva.vistina.com.mk/bogojavlenie-vodici-godinava-bez-vekovnata-tradicija-skokanje-po-krstot/ Tue, 19 Jan 2021 07:27:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185740

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Верниците сведочат за чудото што секоја година се случува во реката Јордан, а тоа е што по фрлањето на крстот и освестувањето на водата, реката почнува да тече во спротивен правец. Но годинава ќе го нема традиционалното фрлање на крст. Поради корона кризата, наложно е Водици да помине без вековната традиција.]]>

Бидермаер – зошто се фрла на крај? https://arhiva.vistina.com.mk/bidermaer-zoshto-se-frla-na-kraj/ Thu, 14 Nov 2019 15:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118352

Со текот на годините како дел од традицијата на која сите се радуваат е на крајот од свадбата, а тоа е невестата го фрла нејзиниот букет. Се верува дека таа девојка (која не е мажена) што ќе го фати бидермаерот, ќе биде следна која ќе стапи во брак. Овој обичај во минатото имал друга цел. Пред 100-ина години се сметало дека е голема среќа да допрете било што, што невестата го носела на себе од велот, па сè до фустанот. Фустанот се сметал за добра среќа за другите жена, еден вид на плодност. По свадбата, немажените жени ја бркале невестата и и кинеле парчиња од фустанот чувајќи го како симбол за плодност. Со текот на годините, свадбените фустани станаа поскапи и невестите решија да ги чуваат или како спомен или да го предаде на својата ќерка за нејзината свадба. Така многу гости почнале да се концентрираат на тоа наместо да ја допираат невестата, да чекаат истата да го фрли букетот и да го зграбат за среќа во љубовта. Па затоа за да се тргне вниманието од фустанот на невестата, многу невести почнале да го фрлаат букетот. Благодарение на овој итар трик гостинките сега мирно чекаат да дојде фрлањето на букетот, наместо да трчаат по невестата за да ја допрат нејзината облека.]]>