тошо – малерот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Feb 2020 09:03:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тошо – малерот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тошо – „Малерот“, за жал, уште еднаш го оправда прекарот: На Васко Тодоров од силниот ветер во Скопје, му падна фасадата од зградата врз автомобилот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tosho-malerot-za-zal-ushte-ednash-go-opravda-prekarot-na-vasko-todorov-od-silniot-veter-vo-skopje-mu-padna-fasadata-od-zgradata-vrz-avtomobilot/ Fri, 28 Feb 2020 08:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136629

Познатиот македонски комичар Васко Тодоров за жал, уште еднаш го оправда прекарот Тошо - „Малерот“, по кој стана познат и популарен. Имено, од силниот ветер кој завчеравечер дуваше во Скопје со брзина и од над 100 км на час и носеше се пред себе, корнејќи дрвја, покриви, уривајќи огради, ја откорнал и урнал меѓудругите и фасадата на кулата во скопската населба Козле, во која живее Тодоров. Таа се урнала врз неговиот паркиран автомобил и значително го оштетила - објави Репортер. Инаку, зградата е дел од неколкуте висококатници лоцирани веднаш до ОУ „Владо Тасевски“, чии фасади пред неколку години беа реновирани, ама... Очигледно Тошо не случајно го носи прекарот „Малерот“, зашто ова е уште еден во низа од серијата непријатности што му се случуваат. Во хумористичниот серијал „К - 15“ тој ја достигна славата, но приватно баш и не му цветаа рози. Низ скопската чаршија и во кулоарите уште оддамна наголемо се зборуваше за неговото вонбрачно дете со колешката од скопско „Идризово“, уште од времето додека работеше како воспитувач во познатата казнено-поправна установа. Паралелно со „К-15“ тој и неговите двајца компањони ги туркаа и нивната маркетинг агенција и видеопродукцијата, кои им пропаднаа, како и кафеаната која ја држеа позната под името „Тутуноберачите“, денес гостилница „Дукат“. И нивната приватна телевизика „К15 ТВ“ не се прослави и не траеше долго, па откако на крај проектот „К-15“ престана да постои, Тошо - „Малерот“ замина за Австралија. Претходно,  на големо изненадување на најблиските роднини и пријатели, па и на неговите фанови, во Матичната служба во Скопје,  Васко Тодоров се венча   со неговата тогашна избраничка e Марија Христова, (која беше и мајка на деветгодишна ќерка), која веќе живееше во Австралија. Наскоро заедно заминаа во земјата на кенгурите, но само по неколку години, за Тошо - „Малерот“ австралиската приказна заврши и тој во 2019 година се врати во Македонија. Со својот стар компањон Миле Паника (Бранко Огњановски)  Тошо - „Малерот“ повторно застана заедно пред ТВ камерите на снимањето за сатиричните „Фчерашни новости“. Последниот малер на Тошо - „Малерот“ е оној, завчерашниот. За жал, штетата е голема, како и поуката: „Друг пат води сметка каде паркираш или внимавај кого бираш да ти реновира“! Во меѓувреме, на Тошо не му преостанува ништо друго освен... да го тужи „фасадерот“!  ]]>