тошо филиповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Mar 2022 13:10:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тошо филиповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана монографијата „Мизар Откровенија 1981 – 2021“ од авторот Тошо Филиповски https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-monografijata-mizar-otkrovenija-1981-2021-od-avtorot-tosho-filipovski/ Mon, 28 Mar 2022 03:44:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244592

Монографијата „Мизар откровенија 1981 - 2021“, четвртото капитално дело на публицистот и рок-хроничар Тошо Филиповски беше промовирана синоќа во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје, со масовна дружба на дел од членовите на бендот од различни периоди на неговото четиридецениско постоење со вљубениците на нивната музика, колеги музичари од други рок-состави, јавни личности. За време на повеќечасовната дружба беа преслушани повеќето песни на Мизар, како и две, би можело да се каже, премиерно  кога станува збор за јавен собир, „Стој“ од 1986 година и гаражната - демо снимка на „Исус“ од 1982 година. Авторот на Монографијата Тошо Филиповски во обраќањето рече дека  „Мизар  Откровенија 1981-2021" е неговиот споменик кон еден бенд  кој извршил силно влијание како врз неговиот живот, така и врз целото општество. Тој во своето обраќање потсети на сите предизвици со кои се соочил во собирањето на потребниот материјал за создавање на вакво капитално дело и посака „Мизар откровенија 1981 - 2021“ да биде важно четиво за сите генерации, сегашни и идни. „Имаме значајни бендови кои заслужуваат да бидат напишани книги и за нив, јас физички во овој период и не можев повеќе да го сторам, имајќи предвид дека зад мене во изминативе години се четири капитални дела, почнувајќи од првата Македонска рок енциклопедија. Но се надевам дека ова е почеток на книгоиздателство во земјава во кое ќе биде пошироко опфатена македонската рок-култура и историја, но и издавањето на финални музички производи“; рече Филиповски. Извор: МКД.мк]]>

На Тошо Филиповски прво му ја доделија највисоката државна награда, а по два месеци одбија финансиски да му го поддржат издавањето на двете нови книги: „Го убија креативниот дух во мене“! https://arhiva.vistina.com.mk/na-tosho-filipovski-prvo-mu-ja-dodelija-najvisokata-drzavna-nagrada-a-po-dva-meseci-odbija-finansiski-da-mu-go-poddrzat-izdavanjeto-na-dvete-novi-knigi-go-ubija-kreativniot-duh-vo-mene/ Thu, 17 Feb 2022 08:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239401

Министерството за култура одби финансиски да го поддржи издавањето на двете нови најавени книги на музичкиот новинар и неуморен хроничар  на се' што е поврзано со македонската музичка поп-рок  сцена, Тошо Филиповски. Навидум ништо чудно, ни прв ни последен, знаејќи какви циркузи секоја година таму се случуваат кога се распределуваат нашите пари, за навидум проекти кои би требало да го подигнат нивото на културата, а субвенциите со чест на исклучоците, ги добиваат разно-разни дилетанти, по партиски или етнички клуч,  таканаречени културни проекти за кои ни од дома не би им дале „скршен денар“, а тие бескрупилозно ја цицаат државата. Имено, за апсурдот да биде уште поголем и доведен на ниво на идиотско самонегирање, истата оваа држава и влада чиј дел е Министерството за култура, на истиот тој човек, новинарот и музички хроничар Тошо Филиповски, само пред неполни два месеци,  на 21 декември 2021 год. во свечената сала на Собранието на Република С. Македонија, му ја додели највисоката државна награда, „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката. Филиповски е автор на монографиите „Македонска рок-енциклопедија“, „Македонска дискографија – винили 1958-2019“ и „Македонски рок-времеплов“ која излезе во печат минатата година, како и најновата книга, „Мизар-Откровенија 1981-2021“, која треба да биде промовирана и излезе во продажба на 20-ти март годинава.   Филиповски кој е еден од ретките, ако не и единствениот автор кој се занимава со ваков вид на авторство кое е од капитално значење за историјата, развојот и афирмацијата на македонска музичка поп-рок култура низ годините, вели дека годинава конкурирал за субвенционирање на две книги: „Антологија на македонската рок поезија“ и „Монографија за македонските фанзини“. Но, не му бил одобрен ниту денар во рамките на годишната програма за поддршка на проекти од областа на културата, чии резултати од конкурсот Министерството за култура ги  објави во текот на вчерашниот ден, 16 февруари 2022 година. Шокиран и видно разочаран од одлуката да биде брутално „прескокнат“ во годината кога ја добива највисоката државна награда, Филиповски со вчудовидување ја дочека одлуката на „негирање на неговото ретко творештво“ токму од истите оние за кое само пред 50-ина дена го наградија. Тој  со Фејсбук статус се обрати до јавноста, известувајќи ја дека по ова, тој престанува да архивира, собира, пишува, да издава: „Епа драги мои пријатели... Изгледа дојде време да се одјавиме. Кога не ми го почитуваат она што го работам во и за сопствената држава, најпаметно е да се повлечам. Сериозно размислував и за борба, да се докажувам, полемизирам, ама сфатив дека немам повеќе енергија за такво нешто. Едноставно го убија креативниот дух во мене! Мизар-Откровенија 1981-2021 ќе биде последната книга што ја објавувам. Имав план за објава на 10-15 книги.... Една годишно но... Некои идни генерации нека продолжат кај што застанав. Ова Министерство, оваа гарнитура, смета дека повеќе не се потребни вакви монографии/енциклопедии....ниту пак аудио документирање на македонскиот рокенрол. А и според она што набрзина го видов, македонската музичка култура во 2022 година ќе биде со акцент на класичната музика.... Рокенрол колку да се каже дека го има. Така процениле, така нека биде. Кога генерално никој не се буни, така ќе остане. Јас немам сила да одам повторно сам против ветерници...Наивно мислев дека со објавата на Енциклопедијата во 2018 година престанаа тие бирократки проблеми и во иднина ќе биде важен креативниот и квалитативен процес, но сум се излажал. Во изминативе 4 години (од мај 2018 па ете до март 2022 (кога ќе биде промовирана монографијата за Мизар) покажав што можам и како можам и што е она што заслужува да го има македонската музика. Но, некој таму процени дека тоа е неважно/безначајно за да продолжам со темпото кое сам си го наметнав, а кое институциите просто не се спремни да го следат....А,  верувајте беше исцрпувачко за мене, ама сепак убаво чувство кога објавата се држи во раце. „Антологија на Македонската рок поезија“ „Монографија за македонските фанзини“ Ова беа двете книги за кои аплицирав и за кои сум одбиен... За новите винили од серијалот Македонски архив - исто така ќе почекате. Можеби за некоја година,некои помлади генерации... Толку од мене... Јас од март 2022 се пензионирам со пишување. Искрено се надевам ќе уживате повремено прелистувајќи ги: „Македонска Рок Енциклопедија 1963-2018“ „Македонска Дискографија-Винили 1958-2019“ „Македонски Рок Времеплов“ „Мизар-Откровенија 1981-2021“ Благодарност до Министерството за Култура за довербата и доделената награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин"... Но, претпоставувам дека сега, со оглед на ситуацијата, повеќе не ја заслужувам. Ззатоа што не ми значи награда, ако сум спречен да го дадам најдоброто од себе! Подобро ќе менував награда за нова книга посветена на Македонската музичка историја“. Фото: Фејсбук принтскрин/Филиповски Тошо    ]]>

Музичкиот новинар Тошо Филиповски е еден од добитниците на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика за 2021 година https://arhiva.vistina.com.mk/muzichkiot-novinar-tosho-filipovski-e-eden-od-dobitnicite-na-nagradata-mito-hadzi-vasilev-jasmin-za-publicistika-za-2021-godina/ Tue, 14 Dec 2021 07:23:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231180

Тошо Филиповски, музички новинар и неуморен хроничар на сѐ што е поврзано со македонската популарна музика е еден од добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година во областа на публисцистиката, објави Министерството за култура. Филиповски е автор на монографиите „Македонска рок-енциклопедија“, „Македонска дискографија – винили 1958-2019“ и „Македонски рок-времеплов“ која излезе во печат оваа година. „Благодарам од се срце - на Бранка Branka Kostic Markovic и Ѕвездан Zvezdan Georgievski што веруваа во она што го работам, и ме/ја предложија (Монографијата: Македонски Рок Времеплов) за државната награда "Мито Хаџивасилев-Јасмин„.
Благодарам на Марина Marina Kostova која ме мотивираше да не се окажувам од нова трка.
Благодарам на Виолета Violeta Simjanovska, Русе Арсов (МКЦ) и Тони Toni Dimkov за поддршката на иницијативата.
Благодарност и до Билјана Biljana Tanurovska - Kj, Марјан Mayo Bojadziev и Влатко Стефановски кои истата поддршка ми ја дадоа пред две години.
Благодарам пред се на македонската рок сцена, која опстојува еве веќе 6 децении, за нејзиниот богат опус, кој е огромно неистражено поле за документирање.....за уште десетина вакви изданија....минимум.
Одиме понатаму, наскоро следува нова книга...
Оваа награда НЕМА ДА БИДЕ...КУПЕН МИР И ТИШИНА“ - напиша Филиповски на својот Фејсбук профил по веста за наградата.
]]>

Промовиран „Македонски рок времеплов“ од авторот и хроничар Тошо Филиповски https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-makedonski-rok-vremeplov-od-avtorot-i-hronichar-tosho-filipovski/ Wed, 17 Feb 2021 12:45:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190170

По „Македонска рок енциклопедија“ и „Македонска дискографија-винили 1958-2019“, долгогодишниот музички новинар и хроничар Тошо Филиповски го промовираше третото капитално дело за домашната музичка сцена за период од неполни четири години - „Македонски рок времеплов“.

Со оглед на ситуацијата со коронапандемијата, сепак класичната промоција бешее изоставена за некои подобри времиња, а чинот на претставување на книгата се одвиваше во форма на прес - конференција за медиумите која се одржа вчера, вторник (16.02.2021 година), во МКЦ - ресторан со почеток во 13.00 часот !

Во „Македонски рок времеплов“, авторот и хроничар Филиповски  издвоил стотици значајни датуми за македонската рок сцена и преку хронологија на луѓе, концерти, албуми, па дури и локални настани укажува на тоа колку таа всушност била и сѐ уште е богата.

„Внатре ставив дека ова е прв том кога сфатив дека приказната со забележување датуми не може да биде завршена. Музиката и културата се живи процеси и цело време нешто се создава. Некои идни генерации можеби ќе ја продолжат оваа приказна“, кажа Филиповски на промоцијата на книгата.

„Од 4.000 датуми што ги имав предвид за книгата, приказната ја скратив на 1.200 со опис и уште 300-400 како кратка информација за настанот. Гледав биографиите и описите да не бидат подолги од десет реда. Нема ден во годината да нема барем три настани. Има денови кога имало и по 20 настани, па морав субјективно да решам што е битно, а што не е и може да почека некоја следна прилика“ - нагласи Филиповски.

Промоција на „Македонски рок времеплов“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-makedonski-rok-vremeplov-vo-mkc/ Thu, 04 Feb 2021 13:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188313

„Драги пријатели, почитувачи на Македонската рок музика и воопшто на македонската културна сцена... Задоволство ми е конечно да го најавам официјалниот датум на промоција на новата книга од едицијата „Македонски Музички Архив", монографијата „Македонски рок времеплов". Со оглед на ситуацијата, сепак класичната промоција ќе биде изоставена за некои подобри времиња и чинот на претставување на книгата ќе биде во форма на прес-конференција која ќе се оддржи во понеделник, 15.02.2021 година, во МКЦ РЕСТОРАНТ, со почеток во 13:00 часот!“ Со овие зборови авторот Тошо Филиповски на својот Фејсбук профил ја најави промоцијата на долго чеканато негово трето дело, врзасно за македонската рок сцена, музичкото битисување во Македонија, најважните датуми и настаните кои се случувале во периодот на нејзионото постоење, години наназад.]]>

Ново капитално дело од Тошо Филиповски: „Македонска дискографија – Винили“ https://arhiva.vistina.com.mk/novo-kapitalno-delo-od-tosho-filipovski-makedonska-diskografija-vinili/ Thu, 02 May 2019 10:19:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85600

По повеќе од шест години истражувачка работа, музичкиот новинар Тошо Филиповскиво мај минатата година го промовираше првиот том од капиталното дело „Македонска рок енциклопедија“ , издание од 400 страници, со 333 македонски музички состави, со 2.000 споменати музичари и околу 400 црно-бели фотографии, како и автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената. Додека го подготвува и вториот том, Филиповски уште лани го најави и следното капитално дело – првиот том од „Македонска дискографија: Винили (1958-2019)“, чија промоција се очекува следниот месец.
„Пријатели, поддржувачи, музичари, почитувачи на сопствената музичка историја, чувари на културното богатство… ја очекувам вашата поддршка кон уште едно капитално дело: ’Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том’. Нова книга = премиерна опсервација на подзаборавени артефакти од богатата македонска дискографска историја!“, соопшти Филиповски. „Комплетно се презентирани околу 230 винилни изданија (самостојни и заеднички), на македонски артисти и бендови. Дополнително посочувам и околу 70 винилни изданија (компилации) на кои се застапени теми/песни/траки на македонски артисти и бендови. Единствена можност да уживате во повеќе од 1.500 фотографии во боја (комплетни обвивки на погоре споменатите грамофонски плочи (винили)), но и многу информации за самите изданија – еден дел официјални, но и голем дел од нив досега непознати за јавноста. Жанровски, монографијата ги претставува винилните изданија со рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, светска музика, поп-рок, панк, хеви-метал, реге, ска, фанк, соул и тн., музика која ја создаваат македонски музичари и бендови“,појасни тој, порачувајќи дека веќе се примаат и нарачки за претпродажба, по цена од 2.500 денари за Македонија и 40 евра плус поштарина за странство.
Книгата е во А4 формат, со тврд повез со обвивка, колор принт на речиси 450 страници.  „Единствено во претпродажба, ќе можат да се добијат и одредени поволности/подароци кои ќе ги нема во редовната продажба. 250 примероци ќе бидат своерачно нумерирани и потпишани (по ваше барање и со посвета), и како подарок ќе следува вообичаената налепница, но и потполно НОВ компилациски ЛП (грамофонска плоча) – ’Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?’ – со 12 ангажирани теми од исто толку македонски актуелни бендови“, појасни тој. Исто така, достапен е и специјален пакет од „Македонската рок-енциклопедијата“ и „Македонската дискографија“ (двете нумерирани, потпишани и со посвета), со бонус-цеде „Историја на македонскиот панк“ (History of Macedonian Punk/HC Part 1 1979-2001), ЛП „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат“ и налепници, сето тоа по цена од 4.000 денари плус поштарина.  За купување на 5 или повеќе примероци од монографијата или 3 или повеќе „специјални пакети“, вашето име и презиме ќе бидат запишани во книгата – како ДОНАТОР. Монографијата „Македонска дискографија: Винили (1963-2019), прв том“ ќе биде отпечатена во месец мај 2019 година, а официјалниот датум на издавање во книжарниците и точното место на промоцијата ќе бидат соопштени околу 1 мај. Издавач и овој пат е „Корпус деликти рекордс“, а тиражот ќе биде во 1.000 примероци.  „Време е за уште едно капитално дело, од планираните десетина книги со сличен габарит, кое како крајна цел го има документирањето на што е можно поголем дел од македонската музичка историја!“, заклучи Тошо Филиповски.]]>

На 8 мај во МКЦ: Промоција на првата „Македонска рок-енциклопедија“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-8-maj-vo-mkc-promocija-na-prvata-makedonska-rok-enciklopedija/ Mon, 07 May 2018 08:28:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25326

По повеќе од шест години истражувачка работа, првиот том од капиталното дело „Македонска рок енциклопедија“ на музичкиот новинар Тошо Филиповски, конечно ќе биде промовиран пред македонската публика во вторник, на 8 мај, на платото пред МКЦ со почеток од 20.00 часот.  Станува збор за издание од 400 страници, со 333 македонски музички состави, со 2.000 споменати музичари и околу 400 црно-бели фотографии, чиј издавач е „Корпус деликти рекордс“. Содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви-метал, реге, ска…, како и  автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената. Фотографија на Македонска РОК Енциклопедија - Фотографии. „Пријатели, поддржувачи, музичари, почитувачи на сопствената музичка историја, чувари на културното богатство… ја очекувам вашата поддршка за капиталното дело ’Македонска рок-енциклопедија (1963-2018), Прв том’. Првите 500 примероци се во ограничен тираж, своерачно нумерирани и потпишани, со бонус македонска цеде-компилација (History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001) + налепница“, пишува во соопштението за настанот. Енциклопедијата чини 2.300 денари, а освен на самата промоција, во продажба ќе биде пуштена веќе следниот ден, на 9 мај, во сите музички продавници, книжарници и други места, за што ќе следи дополнителна информација.]]>

Домашната музичка сцена доби место во „Македонската рок-енциклопедија“ https://arhiva.vistina.com.mk/domashnata-muzichka-scena-dobi-mesto-vo-makedonskata-rok-enciklopedija/ Thu, 05 Apr 2018 11:15:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19617

На 400 страни, со 333 македонски музички состави, со 2.000 споменати музичари и околу 400 црно-бели фотографии, по повеќе од шест години истражувачка работа конечно ќе биде објавена „Македонска рок-енциклопедија“.

„Од денес, па во следните 40-ина денови, ја имате можноста вашиот примерок од Енциклопедијата да го купите/резервирате однапред, како издание во ограничен тираж, нумерирана и рачно потпишана, по поефтина цена од продажната, со бонус – скромни подароци. Ова е и начинот на кој можете да го поддржите навременото и квалитетно печатење на Енциклопедијата. Низ книжарниците ќе може да се набави од 9 април 2018 година. Наскоро ќе ве информираме и за денот и местото на промоција на Енциклопедијата!“, стои во објавата на „Македонска рок енциклопедија“ која деновиве од први април се шири преку Фејсбук. Издавач на енциклопедијата е „Корпус деликти рекордс“. Се работи за авторско дело на музичкиот новинар Тошо Филиповски, кој години наназад е буден набљудувач, поддржувач, критичар и учесник во рокенрол-културата и автентичниот урбан музички живот.
Оттука и ециклопедијата ќе содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви-метал, реге, ска… Содржи автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената. Засега, најавено е издавање на прв том од енциклопедијата. „Пријатели, поддржувачи, музичари, почитувачи на сопствената музичка историја, чувари на културното богатство… ја очекувам вашата поддршка за навремено и квалитетно издавање на капиталното дело: ‘Македонска РОК Енциклопедија (1963 – 2018), Прв Том’. Првите  500 примероци се во ограничен тираж, своерачно нумерирани и потпишани, со бонус македонска цеде-компилација (History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001) + налепница“, стои во соопштението на „Македонска рок енциклопедија“. Цената во претпродажба во Репубика Македонија е 1.800 денари + 100 ден поштарина, а за странство е 30 евра + 10 евра поштарина. Извор: радиоМОФ]]>