тоше проески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2024 07:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тоше проески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Засекогаш во срцата“ – традиционален концерт во чест на Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/zasekogash-vo-srtsata-traditsionalen-kontsert-vo-chest-na-toshe-proeski/ Wed, 14 Feb 2024 07:52:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338581

Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“. Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. На 16 февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола. (МИА) фото:НУ Камерен оркестар на Битола]]>

Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-mu-dojde-na-rodenden-na-toshe-doma-vo-negovata-rodna-kuka-vo-krushevo-od-sekade-greesh-od-sekoe-koshe-shepkash-neshto-kako-shto-znaeshe-samo-ti-video/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336345

Регионот, Македонија, неговото родно Крушево... го одбележаа неговиот единствен датум, како што знаат да кажат неговите фанови, денот на неговото раѓање. Зашто Тоше Проески е бесмртен, вечен во спомените, сеќавањата, песните, со својот лик и дела вткаен во историјата... За едни легенда, за други ангел, за трети божество, икона... За сите - незаборав! И колку да е тагата голема што млад замина, предвреме, онака шокантно, колку да е тешко што повеќе физички не е меѓу нас, Тоше секогаш ќе остане во сите нас. Затоа и вчера, 25 јануари 2024 година не заборавивме да се потсетиме на денот на неговото раѓање. И колку секој негов роденден како и овој 43-от да е тажен, сите не држи чувството дека сепак македонскиот музички ангел е бесмртен! Затоа многумина се потрудија да се сетат на него, да го одбележат неговиот роденден на најразлични начини, но само една позната дама тоа го стори поинаку од сите други. Додека многумина го посетуваа неговиото вечно почивалиште, неговиот вечен дом на Гумење, македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, неговата вечна пријателка, другарка, „сестра од друга мајка“ собра храброст да му дојде на  роденден на Тоше дома во Крушево, во неговата родна куќа. Со подарок  в рака во вид на дрвена кутија со шише вино на кое е отпечатена етикета со една од неговите изустени мисли, икебана од свежо цвеќе, заедничка фотографија и полна душа спомени! А таму, во неговиот дом на денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. И годинава е така. И повторно на тортата покрај стои негова фотографија, испишана емотивна порака: „Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ТИ“ - пишува на тортата на која горат запалени свеќичките со роденденската бројка 43... Само што и овој пат нема кој да ги дувне, да ги изгаси. А, вечната светлина како кандилце гори и во душите на сите, особено на оние кои му беа многу блиски како Весна Бејби. Затоа и нејзините испишани зборови се повеќе од емотивни, срцепарателни, тешко подносливи, ама... тоа е реалноста! Сурова, од која нема бегање. Има само вечна љубов и спомени, незаборав, сеќавање... на она што беше Тоше. Беше и остана и откако замина... Иако неговото присуство постојано се чувствува. Особено дома. „Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот.Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се' мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке се' уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : '17та тераме'! На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање. 43... Те сакам до небото и назад“ - споделила Весна Бејби Петрушевска во својата роденденска посвета или поточно беседа за ангелот.
Фото: Фејсбук/Инстаграм/vesnapetrushevska
]]>

Вештачката интелигенција ја оживеа последната отпеана песна од Тоше – „Kажу да време лечи све” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/veshtachkata-inteligentsija-ja-ozhivea-poslednata-otpeana-pesna-od-toshe-kazhu-da-vreme-lechi-sve-video/ Thu, 25 Jan 2024 07:16:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336307

“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата  најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. “Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот – нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како DJ Erik Fox. Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени. Првата демо снимка е направена во септември 2004-та година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (DJ Erik Fox). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – “Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер. “Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната: Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше”, ни изјави Кирил. За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски ѕвезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. Најголема благодарност до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект. Момчето “љубов”, момчето “енергија” пред 43 години дојде на овој свет и со својата магија во гласот, харизмата, шармот, скромноста, добрината и хуманоста успеа да допре до милиони срца и разубави стотици детски животи. Дали времето лечи се?… Се чини дека времето никогаш не излечило ништо, само човек едноставно се навикнува да живее со таа болка. Ние останува да живееме со неговата музика, која буди силни емоции, да бидеме горди на неговите музички достигнувања и остварувања, да ги следиме неговите хумани дела и имаме одговорност да го чуваме и негуваме споменот за него. ]]>

Во четврток на Телма: „Backstage – special“ посветен на Тоше https://arhiva.vistina.com.mk/vo-chetvrtok-na-telma-backstage-special-posveten-na-toshe/ Mon, 22 Jan 2024 12:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335704

Нашата единствена и најголема музичка македонска ѕвезда Тоше Проески е роден во 11 часот и 15 минути на 25-ти јануари 1981 година, во Прилеп. Денес тој да беше меѓу нас ќе прославеше 43 години. Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите. Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина. Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек. И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”. Единствениот естраден магазин Backstage во четврток подготви емисија која што ќе биде посветена токму на него. За него ќе зборуваат личности со кои што има соработувано професионално, но, и личност која сите овие години молчеше, а имаше што да каже и му беше еден од ретките вистински пријатели кој што тој ги имаше во својот живот. Но тоа не е се, велат за роденден се подаруваат подароци. Овој пат Backstage на сите оние кои што го сакаа и почитуваа ќе им подари нешто што досега никој го нема за направено за него. Се со цел неговиот лик и дело никогаш да не се заборави, да се испочитува достоинствено и да му се даде благодарност за се она што тој ни го подари нам.]]>

Карлеуша откри непознати детали од односот со Тоше: „Некои работи не ви ги раскажав…“ https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-otkri-nepoznati-detali-od-odnosot-so-toshe-nekoi-raboti-ne-vi-gi-raskazhav/ Tue, 24 Oct 2023 10:32:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323590

Овој октомври навршија 16 години од трагичната смрт на македонскиот славеј Тошет Проески. Бројни колеги му оддадоа почит на пејачот чија популарност не се намалува со текот на времето, напротив, а некои се потсетија на нивната соработка и средба со него, не само на денот кога почина, особено секој октомври и јануари, денот на коговиот роденден. Со него се дружеше и Јелена Карлеуша. Имаа посебен однос. - Кога бевме многу млади бевме неразделни. Тој имаше само 18 години, а јас две-три години постара. Двајцата снимивме албуми во Атина и тоа траеше со месеци, со познатиот грчки композитор Фивос. Секој ден, освен недела, одевме заедно во студио. Бидејќи бев единствена со возачка дозвола, секој ден изгледаше исто: станувам, појадувам, го земам Тоше во центарот на Глифада каде што имавме станови и возам мал Опел кон центарот на Атина во среде сообраќаен метеж - се присети Ј.К. -Патувањето во просек траеше по еден час, а тој постојано пееше во автомобилот. Таму и назад. Секој ден. Пееше и во студио, на паузите за ручек, додека одеше во тоалет, пееше и пееше... Дури и Фивос на шега рече дека кога ќе го напушти студиото после нас, нема да има сила да слушне ниту еден тон музика повеќе. - Насмеан до тој степен што беше уморен од својата веселост, бидејќи не можеше некој нон-стоп да биде толку среќен и весел. Хиперактивен, полн со енергија, полн со желба... Ако треба да го опишам со еден збор, тоа би било среќа. Беше среќен. Каков што може да биде само 18-годишник. Такво пеење и таков талент не сум слушнала. Таква боја, техника, емоција, енергија. Верувајте ми кога ќе ви кажам дека како пејач кој е на естрадата три децении, тој беше приказна надвор од овој свет. Премногу совршен за оваа планета. Марина Туцаковиќ и ја соопшти веста за смртта на Тошет. Таа поминала многу време со нив во Атина и знаела дека прво мора внимателно да ја извести Јелена. - Знаеш, не отидов на погреб. Немав сила и немаше да можам да ги гледам оние забавувачи кои се фрлаа по ковчегот, а тие не го ни познаваа. Веќе знаете кој фрлаше и правеше драма. Луѓето кои најмногу го сакаа и најдобро го познаваа, освен неговото семејство, немаа сили да дојдат. Инаку, Тоше е роден на ист ден со мајка ми Дивна, 25 јануари. Еве... не сум ви кажала некои работи, нека останат тајна, завршува Јелена. фото:Instagram/ Profimedia]]>

Со годишнината од смртта на Тоше на Интернет кружи болно и морничаво потсетување од видео снимка направена од мобилен непосредно по несреќата (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/so-godishninata-od-smrtta-na-toshe-na-internet-kruzhi-bolno-i-mornichavo-potsetuvane-od-video-snimkata-napravena-od-mobilen-neposredno-po-nesrekata-video/ Tue, 17 Oct 2023 10:57:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322636

Вчера се навршија 16 години од кобниот 16 октомври кога во 2007-та година загина најпознатиот македонски пејач Тоше Проески. Фотографиите и видеата од смачканиот „Туарег“ на сите веќе им се добро познати, но речиси по многу години се појави и видео од сведоците кои биле на лице место тоа утро. Имено, на Јутјуб пред четири години е објавено видео кое е направено со мобилен телефон во тоа време, а на него се гледа како има колона возила запрени поради сообраќајна несреќа. Сведокот со мобилниот телефон се приближува кон смачканиот автомобил, а во меѓувреме таму е и брзата помош што значи дека се уште на никој не му било јасно дека тој ден Балканот ќе биде завиен во црно… Само неколку минути подоцна, медиумите пристигнале на лице место, но на местото останал да сведочи само „Туарегот“ со траги на свежа крв. фото:принтскрин/Јутјуб]]>

Македонската естрада и 16 години подоцна се сеќава на денот кога Тоше замина… во вечноста: „И денес за него спомените и пеат и плачат“! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-i-16-godini-podotsna-se-sekava-na-denot-koga-toshe-zamina-vo-vechnosta-i-denes-za-nego-spomenite-i-peat-i-plachat/ Mon, 16 Oct 2023 10:18:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322402

Годините минуваат грутката во грлото останува, празнината во градите се уште ја има, сеќавањата не бледеат… , 16 години без нашиот ангел македонската музичка икона, без најголемата музичка ѕвезда што некогаш сме ја имале... 16 години без Тоше. Денот на заминување во вечноста која оддамна ја заслужи, можеби најтажниот ден во поновата историја, Македонија не заборава да го одбележи, да се потсети на големата ѕвезда, на момчето со златно грло, ореол на  хуманоста и големо срце… Тоше – засекогаш! Затоа и кога го нема најприсутен е тогаш. Македонските личности од естрадата  и јавниот живот и 16 години подоцна исто така не го заборавија Тоше. Особено оние кои заедно со него го живееја најзлатниот период од своите и неговите години, неговата кариереа, неговиот млад живот, кој прерано згасна... Вака некои од познатите се потсетија на денот кога нашиот музички ангел физички замина, а сепак остана во сите нас и нашите срца... Засекогаш! Ламбе Алабакоски се потесети на својот идол од младоста. Подоцна колега и пријател чиј автограм како спомен од детството се' уште љубоморно го чува... Од Тоше за Ламбе... Каролина Гочева, со која некогаш на почетокот беа и заедно ексклузивци во иста продукција, со неколку фотографии се потсети на времето на нивната заеднички дует, безвременската балада „Немир“ со која ги освоија срцата на публиката. Македонскиот шоумен Игор Џамбазов сподели парче од медиумското потсетување на естрадниот магазин „Бекстејџ“ на денот кога „судбината беше нечесна“... Кон Тоше, неговите најблиски, сите нас, на кои искрено , онака од душа знаеше да ни каже: „Ве сакам сите... од срцето и од душата“. Тамара Тодевска беше една од оние негови колешки чија кариера растеше и се развиваше паралелно со онаа на Тоше. Затоа и таа не заборави да се потсети на неколку од заедничките моменти на среќа и радост поминати со својот близок пријател. Фотографии за прошетка по времето и спомените зачинети со едно големо срце! Нејзината постара сестра Тијана исто така не пропишти да го одбележи денот кога нашите души се претворија во една голема „соба за тага“... Тага која трае веќе 16 години и скршено срце... засекогаш! Мартин и Стефан од братското дуо „Некст тајм“  му оддадоа почит на денот кога замина, потсетувајќи ја јавноста со зборовите: „Еден и единствен виртуоз и дар од боговите, засекогаш наш Тоше“! Антониа Гиговска, денот кога замина Тоше едвај и го памети, но затоа пак добро памети дека токму улогата во мјузиклот за него и ги отвори естрадните врати на популарноста. Затоа Тоше никогаш не го заборавила, па се потсети на него со песна... Можеби најдрага! Кристина Димитри од многу причини исто така се потсети на македонскиот ангел и денот кога тој физички замина на небото. Овој пат со исечок од ТВ емисија на хрватската РТЛ... Денот кога „тишината ја исполни болка“ најмногу го памети Весна Бејби Петрушевска,  една од неговите најблиски пријателки,  во чија тогашна ТВ емисија „Вртелешка“ за последен пат Тоше се појави во јавноста. Само неколку часа пред да замине на пат, од кој за жал, никогаш не ни се врати, заминувајќи на пат кон вечноста…
Сепак, веројатно најсочувствителните зборови ги споделила новинарката и ТВ водителка Анита Даева, која прилично емотивно ги доловила спомените на македонската музичка икона.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Anita Daeva (@anitadaeva)

Фото: Инстаграм]]>

За едни воскресение, за други морбидно-бизарен потсмев: Вештачката интелигенција и ТикТок „го оживеаа“ ликот на Тоше (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-edni-voskresenie-za-drugi-morbideno-bizaren-potsmev-veshtachkata-inteligentsija-i-tiktok-go-ozhiveaa-likot-na-toshe-video/ Mon, 05 Jun 2023 08:02:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304818

Развојот на технологијата прави чуда. Развојот на социјалните мрежи пак оди во две крајности: од максимална помош и олеснување во знаењата и комуникацијата до максимална отуѓеност, поле за вербални војни и пресметки, до катасрофи од најразличен вид... Влијанието на едното и другото во комбинација врз човештвото за едние  непроценливо, за други погубно и убиствено! Токму вакавата комбинација на технологијата, поточно вештачката интелигенција и социјалните мрежи, во случајов во последно време толку оспоруваната до степен на забрана - Тик Ток,  била инспирација за група поединци да направат нешто што за едни е револуција за други деградација на личностите кои повеќе не се меѓу нас. Имено, на социјалната мрежа ТикТок постои страница наречена „Небеска кафеана“, на која со помош на вештачката интелигенција дузина познати личности од доменот на филмот и естрадата, најмногу од соседна Србија, буквално е направен обид одново да се оживеат. Така, покојните легенди на некогашното југословенско глумиште собрани на едно место во таканаречената „Небеска кафеана“ направен е обид како да се одново тука, меѓу нас... Во куси анимирани видеоклипчиња  со симулација на нивниот лик кој се движи и зборува, се прествуваат себе си, својата биографија, живот и дела... Меѓу сите нив и нашиот ангел, иконата на македонската музика, прерано заминатиот  Тодор Тоше Проески... Кога ќе го видите и слушнете во симулацијата, за миг ви се присторува како да е тука, иако ако подобро се загледате јасно е дека се работи за „вештачка интелигинција“ која го симулира неговиот лик и глас. Сепак, ваквиот потег наиде на различни реакции и поделени мислења. За едни ова е едн вид воскресение на музичкиот ангел, за други морбидно-бизарен морф за потсмев со ликот и делото на младопочинатата македонска и балканска музичката ѕвезда. Прегледајте го видеоклипот, па  самите проценете каков став да заземете:
@nebeskakafanaa #toseproeski #toseproeski #toseproeski🇲🇰 #toseproeski #zajdizajdi #makedonija #makedonija🇲🇰 #nemacka #nemacka🇩🇪 #bosnia #hrvatska #hrvatska🇭🇷 #slove ##sebija🇷🇸 #montenegro #macedonia #todorproeski ♬ original sound - Nebeska kafana

„Сакавме да зборуваме за девојки“: Бојан Маровиќ се наврати на спомените со Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/sakavme-da-zboruvame-za-devojki-bojan-marovik-se-navrati-na-spomenite-so-toshe-proeski/ Wed, 01 Feb 2023 12:08:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286917

Пејачот Бојан Маровиќ е на сцената цели две децении, а извесен период беше и во медиумскa илиегала. Не е од оние кои го ставаат приватниот живот на тацна, а ретко кој не знае дека се дружел со Тоше Проески. Нивното пријателство никогаш не го користел како реклама, а на денот на роденденот на Тоше, Бојан се сети на нивното пријателство.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bojan Marovic (@bojanmarovicofficial)

- Навистина ја мразам таа уморна флоскула, кога некој го нема, велат дека сме биле големи пријатели. Неговите пријатели се во Крушево, луѓе со кои пораснал, завршил училиште и дури бил со нив на тој кобен ден. Бев негов многу добар пријател, некој што го ценеше како музичар и тој мене, се разбира. Нашите разговори беа најмногу за девојки и музика - изјави Бојан.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Toše Proeski (@toseproeski_)

Маровиќ без двоумење раскажа какви разговори воделе и истакна дека никогаш не припаѓале на тој забавен свет кој својата приватност ја презел во јавноста. - Имаше се’, сакавме да зборуваме за тоа колку е убава оваа жена, колку е убава онаа, дали ја познаваш, дали е добра девојка и слично, но повеќе разговаравме за нашата музика. Тој, како мене сега, не можеше да ја поднесе естрадата, не можеше да ги поднесе тие приказни, јас сум тој тип, не сум шоумен, ниту пак сакам да зборувам за шоу, грдо ми е - рече Бојан во емисијата „Премиера“. фото:Инстаграм/Бојан Маровиќ/Тоше Проески]]>

42 години од раѓањето на најголемата македонска музичка ѕвезда: Тоше има само датум на раѓање https://arhiva.vistina.com.mk/42-godini-od-raganeto-na-najgolemata-makedonska-muzichka-zvezda-toshe-ima-samo-datum-na-ragane/ Wed, 25 Jan 2023 12:46:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285769

Македонија денеска, 25 јануари 2023 година одбележува 42 години од раѓањето на најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ денеска во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески. Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје. Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив. Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески. Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот. Спомен-куќата „Тодор Проески“ ги чува спомените за големата музичка ѕвезда и е најпосетуваниот музеј на овие простори. Тоше загина на 16 октомври 2007 година. Тој не беше само македонска, туку и балканска ѕвезда. Неговите песни станаа хитови кои се пејат и денес. Соработуваше со композитори и пејачи од Балканот и светот како Џана Нанини, Кире Костов,  Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Мирослав Рус, Гоца Тржан, Антонија Шола, Тони Цетински и Ања Рупел. ТОШЕ ИМА САМО ДЕН НА РАЃАЊЕ!]]>