торино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 May 2022 09:57:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png торино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кипарската претставничка е секси атракција на Евровизија: Андромахи оди на победа без долна облека (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiparskata-pretstavnichka-e-seksi-atrakcija-na-evrovizija-andromahi-odi-na-pobeda-bez-dolna-obleka-foto/ Wed, 11 May 2022 09:57:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249822

Кипарската претставничка на Евровизија Андромахи Димитрополу е вистинска секси атракција, рај  за очи каде и да се појави во Торино, каде до сабота ќе се одржува Евросонг 2022. Кога  учесниците за прв пат официјално зачекореа на тиркизниот килим се појави и таа, шокирајќи ги присутните, кои не можеа да ги одвојат очите од неа, зашто Андромахи не носеше гаќички на себе. Нејзиниот долг розов фустан буквално ги примами фоторепортерите и камерите да се „залепат“ за неа , особено поради  долгиот шлиц до колковите, кој јасно откриваше дека на ваков модел, гаќичките се вишок.
Освен неа и двете нејзини придружни вокали исто така блеснаа во своите креации, иако остана нејасно дали и тие и се придружиле на кипарската пејачка во не носењето на долна облека?! Дали ова ќе остави впечаток кај жирито и публиката и дали можеби и за време на полуфиналната вечер Андромахи со нешто уште поексплицитно ќе го привлече вниманието, останува да видиме?! Како и тоа дали сексапилот и провокацијата ќе и помогнат да дојде до посакуваното финале, а и до висок пласман во него, а зошто да не и победа? Фото: Инстаграм принтскрин/andromache_dim]]>

Повторно корона вирус на Евровизија: Итно изолирани учесници од пробата и натпреварувањето (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/povtorno-korana-visrus-na-evrovizija-itno-izolirani-uchesnici-od-probata-i-natprevaruvanjeto-video/ Thu, 05 May 2022 09:31:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248800

Коронавирусот беше потврден при рутински тест во Торино од член на португалската делегација на „Евровизија“. Имено, остатокот од португалската делегација засега се чувствува добро и не покажува никакви симптоми, јавуваат локалните медиуми. Во согласност со здравствениот и безбедносен протокол, сите направија уште еден PCR тест, се вратија во хотелот и сега ќе бидат изолирани 7 дена. Деталите за опоравувањето и тестовите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Евровизија 2022, се наведува понатаму. Според Протоколот за здравје и безбедност на сила за Евровизија 2022 година, остатокот од делегацијата не е обврзан да влезе во изолација или карантин, но, според италијанскиот закон, мора да носи маски FFP2 во секое време, и внатре и надвор. И минатата година на Евровизија кога короната имаше поголема сила, една од земјите учеснички,одосно тимот на Исланд беше во изолација и не успеаја да настапат на сцената. фото:јутбуб принтскрин/eurovision song contest]]>

Андреа ја имаше првата проба во Торино (Фото+Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-ja-imashe-prvata-proba-vo-torino-foto-video/ Tue, 03 May 2022 12:59:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248420

Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до петици во црно. LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“. Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва. Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне. Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа. Инаку, пред испраќањето на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино,  на 30. април се одржа Евровизиска забава во Нано Бар во скопско Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија. На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите  уживааво најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.]]>

Еве која е Констракта, српската претставничка на Евровизија 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koja-e-konstrakta-srpskata-pretstavnichka-na-evrovizija-2022/ Mon, 07 Mar 2022 09:58:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241916

По две полуфинални вечери и една финална вечер, Србија го одбра својот евровизиски претставник. Констратка со песната „In corpora sano“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино. Ана Ѓуриќ Констракта е дипломиран архитект, мајка на две деца, Лена и Никола. Таа за мајчинството зборуваше во српските медиуми. -Во досегашното искуство имаше ситуации во кои се прашував дали ова е нејзин/негов карактер или фаза? Дали погрешно реагирав, а да не ја разбрав нивната потреба? А тој страв дека се пренесува на децата, дека влијае на нивната самодоверба. Бидејќи децата не се сушества од друга планета. Работата е многу едноставна, само ако ја сфатиме сериозно и со почит нејзината потреба. Жал ми е за секоја ситуација во која преовладуваше мојот страв од потребата на моето дете, изјави Констракта во интерву пред неколку години. Таа била член на групата  „Земља Грува“ кој бил создаден во 2007 година. Констракта по настапот на првата полуфинална вечер на Беовизија го привлече вниманието. Нејизината песна “In corpora sano“ стана прва во трендинг, а во обожувалниците не се ни појавуваше, а сега е меѓу фаворитите. Нејзиното уметничко име е вистинска мистерија, во една прилика откри дека нејзиниот псевдоним во исто време значи рационално и емотивно во едно. Стиховите „Која је тајна здраве косе Меган Маркл“ се хит на социјалните мрежи, а таа откри зошто се одлучила војвотката од Сасекс да ја спомне во песната. -Се одлучив да ја спомнам Меган Маркл бидејќи весниците пишуваат дека има здрава коса. Да не се лажеме, има поубава коса и од Кејт Мидлтон. Кејт има убави шешири, а Меган коса, објасни пејачката, а пренесува курир.рс фото: принтскрин/јутуб]]>

Украинската пејачка се откажа од Евровизија 2022: Еве кој наместо неа ќе ја претставува Украина во Торино https://arhiva.vistina.com.mk/ukrainskata-pejachka-se-otkaza-od-evrovizija-2022-eve-koj-namesto-nea-kje-ja-pretstavuva-ukraina-vo-torino/ Fri, 25 Feb 2022 09:27:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240658

Пејачката Алина Паш се откажа од учеството на годинешното издание на Евровизија кое ќе се одржи во Торино. По нејзината одлука, организаторскиот одбор на украинскиот Видбир, одлучи која ќе оди на Евровизија 2022 година. Украина во Италија ќе ги претставува составот на Калуш Орксетар со песната „Стефаниа“. Главниот пејач на групата Олех Псиук бил воодушевен кога ги слушнал вестите. -Благодарен сум на сите кои не поддржаа во финалето. Ветуваме на секој човек во Украина дека ќе ја оправдаме нивната одлука.Во овие тешки времиња за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме да ја преставиме Украина пред Европа, изјави Псиук за официјалниот канал на Евровизија. Во коментарите на „Јутуб“ добија поддршка од целиот свет. Групата на Калауш Оркестар го освои второто место на украинскиот избор за песна на Евровизија. Алина Паш која го освои првото место пред неколку дена откри зошто се откажа од учеството. -Јас сум државјанин на Украина, ги следам законите и се обидувам да ја покажам традицијата и вредноста на Украина. Ова приказна која се прошири не е ни малку за која се зборува мојата песна. Јас сум уметник, не политичар. Немам војска, менаџер и адвокат за да се одбранам од сите напади и закани, напиша таа по победата. фото: принтскрин/јутуб/инстаграм/alinapash/]]>

Тијана Дапчевиќ ќе учествува на Беовизија и е потенцијален учесник да ја претставува Србија на Евровизија 2022: „Очекувам добра забава и да слушнеме многу добри песни“ https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevikj-kje-uchestvuva-na-beovizija-i-e-potencijalen-uchesnik-da-ja-pretstavuva-srbija-na-evrovizija-2022-ochekuvam-dobra-zabava-i-da-slushneme-mnogu-dobri-pesni/ Tue, 08 Feb 2022 07:26:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238042

Македонската пејачка со српска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ оваа година ќе учествува на „Беовизија“ односно ќе биде еден од 36-те учесници која ќе бори да ја претставува Србија на Евровизија 2022. Во интервју за нова.рс, Тијана зборуваше за нејзината нова песна и кои се нејзините очекувања од натпреварувањето. Оваа година учествувате на Беовизија, кои се вашите очекувања? -Oчекувам добар провод, добра забава и да слушнеме многу добри песни. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Ни недостига некој фестивал, некоја таква енергија и таква забава. Фестивалите се одлично место да се промовира песна и ми е многу драго што на Беовизија ќе има многу мои колеги, најважно е да има добра музика и добра забава. Песната ја направи Леонтина, како дојде до тоа да ве одбере вас за изведувач и може ли да ни откриете кој жанр е музиката? -Е тоа ќе мора да ја прашате неа (зошто ме одбра мене), а мене многу ми е драго што после толку години заедничко дружење и работа на други проекти, конечно реалзиравме некој вид соработка во облик на песна. Песната „Љуби, љуби довека“ е модерна, брза, одговоара на мојот сензибилитет и сум сигурна дека ќе ми допадне на мојата публика. Како се подготвувате за Беовизија. Дали мислите дека за добар пласман на Евровизија подеднаков е важна и песната и сценскиот настап, или само едното од двете? -Се подготвувам така што секој ден го поминувам во студио, се додека песната не е готова бидејќи сите кои работиме на овој проект не прифаќаме помалку од совршено. Нон – стоп сум во контакт со шефот на креативниот тим, Амир Алиќ од Сараево – многу креативно младо момче кој го смисли сценскиот настап. Секако, песната е најважна, но ако самата „презентација“ односно интерпретација не е добро смислена, тогаш се паѓа во вода, така да важен е секој детаљ. Во текот на короната откривте уште една љубов, љубов кон глумата.  Го снимивите ситкомот „Преспав“ , но и игравте во мјузикалот „Весело девојачко вече“. Како дојде до двата проекти? -Љубота кон глумата ја открив пред короната, уште кога мала се пресоблекував во Македонска опера и балет додека ја чекав мајка ми да заврши со проба. Мојата прва претстава беше „Пукла брука“,а потоа „Где су кокошке“. Тоа го препознаа и луѓето од „Охо“ продукција и така веќе шест сезони играм во „Преспав“ која полни шест години е најгледана серија во Македонија. Претставата „Весело девојче“ е најнова претстава во која играме Ивана Петерс, Зорана Павиќ, Маја Брункер, Јелена Ѓукиќ и ја, а режисерот Раде Вукотиќ е тој кој не собра и ни го понуди овој мјузикл. Во интервју откривте дека на почекот на снимањето на ситкомот сте имале многу трема. Кој е најдобриот совет кој го добивте од некој од колегите на сет? -Имав трема бидејќи беше првпат да работам на некој таков проект, но таа брзо исчезна бидејќи имав искуство во глумата, одамна имам искуство пред камери, а околу себе имам прекрасна екипа и на снимањата има многу смеа, бидејќи снимањето трае еден месец, каде што од утро до вечер сме на сет и е нормално да станеме семејество, така да тие месец дена брзо поминуваат и едвај чекаме снимање на следна сезона. Освен успешна жена во шоубизнисот вие сте успшена мајка и сопруга. Како се борите со професионалите и приватните обврски и успевате се да постигнете? Совет за жените кои можеби не успеаваат во тоа? -Се може да се постигне ако добро се организирате. Милан и јас уште пред да се роди Вук бевме тим, ние не сме само сопружници, туку и најдобри пријатели и соработници....сè. Секако, кога се роди Вук, се прилагодивме на неговите потреби. Мојот совет до сите жени кои не успеваат во тоа е никако да не мислат дека се помалку вредни од тоа, јас им се восхитувам на сите самохрани мајки, кои успеваат да ги воспитуваат децата, да одат на работа и да ја одржуваат куќата, а денот трае само 24 часа и понекогаш не е доволно за се што треба да направиме. Така да, главата горе, не е крај на светот ако садовите не се измијат во истиот момент и ако валканата облека стои подолго во машина, најважно е да сме живи и здрави и да поминуваме време со децата и со луѓето кои ги сакаме бидејќи се може да се среди подоцна, а времето не може да се врати. Живееме во дигитално време. Интернетот ни е достапчен 24 часа. Но, освен убавите работи, интернетот може да биде и токсичен. Како вие како мајка на тинејџер се борите со интернет и дали проверувате што гледа вашето дете? -Не можете да го заштите детето од сè, но може да го научите да размислува правилно и сам да се чува. Од самиот почеток зборувавме со Вук на таа тема и мислам дека е важно да се зборува со децата на таа тема, и секако да се контролира кои сајтови ги пребарува. Треба на детето да му покажете какви коментари има, да го научите да не ги остава податоците, и да му укажете на добрите и на лошите страни, да не дојде до тоа децата да направат се поради лош коментар и секако времето кое детето го поминува на интернет треба да биде ограничено, бидејќи децата ја немаат таа свест и контрола за да самите знаат кога е доста. Активните сте на интернет платформите, која социјална мрежа најмногу ја сакате, а која мислите дека е најопасна? -Најмногу време поминувам на Инстаграм, но се занимавам со таква работа и имам профили на сите социјални мрежи, а секоја може да биде опасна ако се користи повеќе од што треба и доколку не се грижиме со кој комуницираме, на кој ги оставаме своите податоци, сè она што веќе го спомнав. Тијана денес (08.02.2022) во 14часот ќе ја престави песната со која ќе учествува на Беовизија, а можеби и ќе ја претставува Србија на Евровизија 2022 во Италија.
  фото: Милош Лужанин/инстаграм/tijana.dapcevic/]]>

ЕБУ го објави списокот, Македонија е меѓу земјите учеснички на „Евросонг 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/ebu-go-objavi-spisokot-makedonija-megju-zemjite-uchresnichki-na-evrosong-2022/ Wed, 20 Oct 2021 12:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223819

Организаторите на Евровизија објавија дека вкупно 41 земја ќе се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија 2022, следниот мај во Торино. Иако МРТ до последен момент немаше јавно соопштено дека потврдува учеството, Македонија се најде на списокот на објавените учесници. „Ние сме многу возбудени што уште еднаш имаме над 40 радиодифузери кои се натпреваруваат за освојување на познатиот трофеј на Евровизија во Торино следниот мај. Тимот од Раи напорно работи на подготовките за пречек на сите делегации во новиот град домаќин“ – порачуваат од ЕБУ. ]]>

Италија е следниот домаќин: „Евросонг 2022“ од 10-ти до 14-ти мај во Торино https://arhiva.vistina.com.mk/italija-e-sledniot-domakjin-evrosong-2022-od-10-ti-do-14-ti-maj-vo-torino/ Fri, 08 Oct 2021 12:37:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222459

Италијанската национална телевизија (RAI) и ЕБУ соопштија дека Торино ќе биде домаќин на Евровизија 2022. Пет града биле во конкуренција за домаќин: Торино, Милано, Римини, Песаро и Болоња. Престижното натпреварување ќе се одржува во салата „PalaOlimpico“, и тоа двете полуфиналиња на 10-ти и 12-ти мај а финалето на 14-ти мај.
„Имаме простори со соодветни капацитети, во срцето на градот и лесно достапни. Што се однесува до гостопримството, нашата понуда за сместување може да прими илјадници луѓе што ќе дојдат на овој настан. Исто така, веќе докажавме дека можеме да организираме меѓународни настани со текот на годините и дека сме способни да ги ставиме вештините на цел град во служба на Евровизија. Исто така, благодарение на овие настани, Торино стана центар на „Рајанер“, гарантирајќи уште повеќе воздушни врски помеѓу Торино и остатокот од светот“ – изјави градоначалникот на Торино.
Торино е совршен избор за домаќин, смета и извршниот супервизор на Евровизија.
„Како што видовме за време на Зимските олимписки игри 2006, „PalaOlimpico“ ги надминува сите барања потребни за да се организира глобален настан од вакви размери и бевме многу импресионирани од ентузијазмот и посветеноста на Градот Торино, кој ќе дочека илјадници фанови следниот мај. Ова ќе биде прв натпревар за песна на Евровизија што ќе се одржи во Италија по 30 години и, заедно со нашиот радиодифузер RAI, сме решени да го направиме специјален“ – додава извршниот супервизор Мартин Остердал.
]]>

Роналдо се врати во Јунајтед, но неговата бивша сосетка од Торино раскажа како е да се живее во негова близина https://arhiva.vistina.com.mk/ronaldo-se-vrati-vo-junajted-no-negovata-bivsha-sosetka-od-torino-raskaza-kako-e-da-se-zivee-vo-negova-bliznina/ Wed, 01 Sep 2021 11:03:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217535

Кристијано Роналдо ја започна оваа фудбалска сезона како член на Јувентус, но набргу се врати во Англија, во „својот“ Манчестер Јунајтед. Навивачите на „црвените ѓаволи“ едвај дочекаа да ги видат првите фотографии на Роналдо во дресот на нивниот омилен клуб. Но додека го носеше црно -белиот дрес, Кристијано со семејството живееше во елитниот дел на Торино. А таму,  нивна прва сосетка беше Елизабет Бети Борел, ќерка на Фелисе Борел, легендарниот италијански фудбалер од периодот помеѓу двете светски војни.
Во разговор за италијанските медиуми, таа откри како живеело семејството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Роналдо (36) живееше во вила со сопругата Георгина Родригез (27) и четирите деца, а Бети вели дека тие биле идеални соседи.
„Се плашев од гласни забави и врева, но Кристијано и неговото семејство беа најдобрите соседи што некогаш би можела да ги посакам. Целосна тишина, без забави и врева. Татко ми исто така беше познат фудбалер, но во други времиња. Возеше Фиат, а јас го гледав Кристијао во Ролс Ројс секој ден. Едвај го препознавав бидејќи има затемнети стакла. Гаражата беше полна со спортски автомобили, вклучително и еден Лотус. Имаа прекрасен затворен базен и мала, прекрасно уредена и одржувана градина“ - изјави Бети Борел за „Кориере дела Сера“.
Бети тогаш зборуваше за децата на Роналдо: „Имав детство како и сите мои врсници, а децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледав Кристијано Јуниор (11) како вози скејтборд на заштитен дел од улицата, но не можете само да влезете во тој дел од улицата бидејќи има рампа и секогаш имаше телохранители. Истото важеше и за Георгина кога, како и сите млади мајки, сакаше да прошета со своите деца кога беше добро времето. И ако улицата беше празна, кај нив секогаш имаше телохранители. Златен кафез? Па да ... Нешто слично. Мислам, Кристијано Јуниор најчесто одеше на училиште или тренираше во Јувентус како татко му. Имам четири внуци на негова возраст, а други негови врсници се во соседството. Можеше да си игра со нив, но јас го гледав тоа дете постојано само“ - рекла соседката на Роналдо, Елизабет Бети Борел.