топол сендвич – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Aug 2021 06:58:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png топол сендвич – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рецепт за топол сендвич кој ќе го обожавате: Неодолива комбинација на кашкавал и крцкава сланина https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-topol-sendvich-koj-kje-go-obozavate-neodoliva-kombinacija-na-kashkaval-i-krckava-slanina/ Wed, 25 Aug 2021 06:58:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216605

Овој топол сендвич сигурно ќе стане омилен оброк во вашата куќа Ако барате рецепт за брз појадок што ќе го обожаваат и вашите малечки, вие сте на вистинското место. Подготовката на овој сендвич не бара многу време, а како финален производ, ќе добиете вкусно јадење што ќе ве воодушеви. Со додатокот на кашкавал и сланина, овој сендвич станува вистинско уживање за гурманите. Во зависност од тоа за колку луѓе го подготвувате овој оброк, можете да ја зголемите храната. Состојки: 1 кришка леб Кашкавал Сланина 2 јајца 10 гр путер Половина лажичка магдонос Кечап Подготовка: Исечете ја кришката леб на два еднакви делови. Изматете ги јајцата во сад и додадете сол и магдонос. Загрејте тава, потоа ставете го путерот да се растопи. Истурете ги јајцата во тавата и веднаш ставете ги двете половини од лебот, кои ќе ги потопите во јајцата од двете страни и ќе ги оставите во тавата. Кога јајцата ќе поруменат, превртете ги на другата страна. Во друга тава ставете ги листовите сланина да се пропржат, а кога ќе станат крцкави тргнете ги од страна. Кога ќе биде готова и долната страна на јајцето, полека префрлете ги сите рабови навнатре со вилушка. Одозгора премачкајте го со кечап, па наредете ги кашкавалот и сланината. Свиткајте го сендвичот на средина и ставете го на чинија. Послужете го топлиот сендвич со вашата омилена салата.]]>

Вкусен, крцкав и полн со фил: Ова е најдобриот топол сендвич на сите времиња (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vkusen-krckav-i-poln-so-fil-ova-e-najdobriot-topol-sendvich-na-site-vreminja-video/ Thu, 25 Jun 2020 13:50:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155658

Не постои личност на светот која не сака богат сендвич, без разлика дали е тоа за појадок, ручек или вечера. Токму затоа денеска ви претставуваме еден рецепт за топол сендвич кој е полн погодок. Потребни состојки: - 8 парчиња тост леб - 1 ситно исецкан домат - 50 гр. исецкани маслинки - 100 гр. чаен колбас - 100 гр. чадени пилешки гради - 150 гр. кашкавал - 1 лажичка мајонез помешана со 2 лажички кисела павлака - малку масло Состојки за прелив: 2 јајца, 1 лажичка кисела павлака, 30 мл. млеко, малку сол. Начин на припрема: Во една тава ставете малку масло и наредете 4 парчиња леб. Премачкајте ги со мајонезот и павлаката, а потоа додајте го ренданиот кашкавал, маслинките и парчињата домат. Одозгора додајте ги парчињата пилешки гради и чајниот колбас, а потоа повторете го процесот на редење на состојките, изоставајќи го месото. Потоа, ставете ги преостанатите 4 парчиња леб. Изматете ги сите состојки за прелив, прелијте ги преку лебот и печете 10-15 минути на 180 Целзиусови степени. Пријатно јадење! извор:точка.ком.мк]]>