топло срце – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 29 Dec 2018 09:08:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png топло срце – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каролина ја отвори приватноста: Јавно ја покажа мајка и честитајќи и роденден (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-ja-otvori-privatnosta-javno-ja-pokaza-majka-i-chestitajkji-i-rodenden-foto/ Sat, 29 Dec 2018 09:05:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65438

Македонската поп/фолк дива Каролина Гочева иако е оддамна на естрадата, никогаш пред камерите не сакала да зборува за својот приватен живот. Деталите од приватноста, освен оние, најосновните,  никогаш не ги  откривала, сакајќи да се заштити себе си и своето семејство од трачевите, аферите, таблоидите, кулоарите...
Македонското девојче-битолчанче минатата година стапи во брак со ликовниот уметник Михаил Корубин. Пред објективот на камерата таа и од свадбената церемонија речиси  го скри својот приватен живот, зашто едвај неколку фотографии излегоа во јавноста. И откако е во брак, Каролина ја задржува истата линија, истиот начин на поимање на приватноста и професијата.
Сепак, колку и да држи до овој свој став, „железната лејди“ не додржа да направи нешто, што веројатно и неа и покажа и докажа дека понекогаш споделувањето на приватноста со јавноста е добра и за тебе и за тие околу тебе.
Имено, Каролина во овие предпразнични денови сподели фотографија на Инстаграм, која е нејзината мајка Светлана, среќна, расположена и насмеана. Покрај фотографијата честитката за нејзиниот роденден од нејзината Каролина. Вистинска реткост, но чин кој очигледно, не само што и го стопли срцето на мама Светеле или Сеси - како што некои од пријателките на Каролина ја нарекуваат, туку ги стопи и срцата на сите оние што ја знаат и познаваат и и' се блиски... И неа и на Каролина.
 
View this post on Instagram
 
Среќен роденден my beauty ❤️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Листата од постирани честитики, позитивни коментари и желби за здравје, долг живот, среќа и радост...  беше бесконечна.
Каролина само малку ја подотвори приватноста и многу доби во очите, не само на своите блиски и фанови, туку и на сите други, покажувајќи дека сепак зад „ладниот физикус“ -  стои топло срце!  ]]>