топ 3 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 May 2022 07:07:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png топ 3 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нашата мисица и модел Ана Марија Јанковиќ влезе во топ 3 на изборот за „Miss Movie Star“ во Кан и стана „Мис Туризам 2022“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-misica-i-model-ana-marija-jankovikj-vleze-vo-top-3-na-izborot-za-miss-movie-star-vo-kan-i-stana-mis-turizam-2022-foto-video/ Fri, 27 May 2022 06:56:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252053

Дваесетгодишната македонска манекенка, модел и мисица Ана Марија Јанковиќ, учествуваше на изорот за  „Miss Movie Star“ кој се одржува во Кан и влезе во топ 3  на изборот, при тоа освојувајќи ја и титулата за „Мис Туризам 2022“.  Изборот се одржуваше на 25 мај 2022 во една од ултралуксузните приватни вили на најмонденското собиралиште во Европа на светскиот џет - сет. Организатор на овој престижен настан беше  најпознатиот моден ТВ канал, познатиот „Fashion Tv“. На изборот присуствувале и голем број познати личности од светот на филмската уметност и модата, а нашата претставничка блесна на црвениот тепих во моделите што ги носеше на преставувањето.
Инаку Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје ( некогашната ЕСРА). Со моделинг и манекенство се занимава уште од мали нозе, меѓу останатото и заради фактот што таа е постарата ќерка на  нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ.  Во Македонија снимила неколку реклами и рекламно-модни едиторијали  заедно со или без нејзиниот татко, а се појавува и во некои од видеоспотовите што тој ги изработи и режираше во рамкоте на неговата „Генерал продукција“.  Ана Марија  е членка на модната агенција Real Woman Agency од Белград, а пред две години стана ново лице на познатиот моден бренд  Guess. ]]>