тони зен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Jan 2024 13:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тони зен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нема шанса да го препознаете Тони Зен: Промената на имиџот е толку голема што би рекле дека не е тој (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-shansa-da-go-prepoznaete-toni-zen-promenata-na-imidhot-e-tolku-golema-shto-bi-rekle-deka-ne-e-toj-foto/ Tue, 09 Jan 2024 09:09:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334166

Широки блузони, панталони, маички, задолжително со спортско капче и својот бунтовнички став од визуелениот израз и стилски печат – вака го знаеме популарниот македонски рапер Тони Зен. Минатото лето, односно во јуни Тони Зен пред јавноста се претстави во едно сосема поинакво светло со неговата последна музичка тема „Ел Падрино“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Toni Zen (@tonizentoni)

Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и од локален прерасна во национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес, токму со „Ел Падрино“ чиј текст го напиша самиот. Тони за разлика од порано не така често го гледаме во јавност, а за празничното божиќно издание на шоуто „7-мо небо“ и беше гостин на Марјана Станојковска заедно со Викторија Лоба. Оние што можеби од поодамна не го виделе Тони, на прв поглед тешко дека би го препознале. Сосема друг имиџ, елегантен господин со костум и шапка, сосема поинаку стилизирана брада. Префинета елеганција со став од новиот Тони Зен или оној кој го видовме во спотот од „Ел Падрино“. Олчигледно на Тони сега му е убаво вака, па строгата елеганција сега е неговото новото јас пред камери што совршено му стои. фото:Instagram printscreen/ tonizentoni/ marjanamay]]>

Тони Зен изгубените вредности, немањето почит и респект ги раскажал така фино во – „Ел Падрино“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-izgubenite-vrednosti-nemaneto-pochit-i-respekt-gi-raskazhal-taka-fino-vo-el-padrino-video/ Fri, 30 Jun 2023 06:29:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308312

Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, но и најмногу болат, па на јавноста и го претстави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Ел Падрино“. Песна за која се верува дека  ќе биде вистински хит ова лето и  која со сигурност ќе остави белег, не само кај нас, туку во целиот регион. Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и од локален прерасна во национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес. Зад текстот на песната „Ел Падрино“ се потпишува самиот тој, додека пак музиката и аранжманот се на Иван Костадинов. Целта на ова музичко парче е да се врати почитта помеѓу новите и старите генерации, почит која по се изгледа одамна е изгубена. „Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа за ова да се реализира, потребно беше време, труд и посветеност, секако и многу љубов. Видеото го снимаше Влади, кој беспрекорно се посвети на ова, музиката ја џитна единствениот Smoke Panda, кој ме внесе потполно во овој бит, за да текстот потоа, сам си излезе од мене“. Респект за актерот Томе Станковски, кој одлично ја пренесе емоцијата на човекот "десна рука" на Ел Падрино, исто така и за сите кои беа статисти, неверојатно ја завршивте работата сите, ние не глумиме, ние живееме“, изјави Тони Зен, па додаде: „Младите артисти некако ја изгубија почитта кон постарите, а постарите пак не ги признаваат младите и се така во круг. „Ел Падрино“ ќе ги потсети сите луѓе за оние изгубени вредности и почитта, кои ги немаме, а кои се многу важни во ова секојдневие“. ]]>

Тони Зен се врати во – „Клубот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-se-vrati-vo-klubot-video/ Sat, 03 Dec 2022 09:17:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278516

На првиот ден од последниот месец во 2022 година  во киното „Cineplexx Skopje City Mall“, во присуство на семејството, најблиските пријатели и соработници, се одржа промоцијата на новото музичко парче на Тони Зен, насловено „Клубот“ со кое тој нескриено ја искажа радоста за истото и по тој повод пред пристуните се обрати: „Целата приказна започна со Иле, па продолжи со Ики и Нино. Со истите луѓе се соработува постојано, се менува само мал дел, во зависност од проектот. За ова музичко парче ми помогнаа млади луѓе кои верувам дека ќе го движат светот напред. Ми беше предизвик да работам со нив. Респект за сите што сте вечерва присутни, многу ми значевте во овој тежок период“ - рече Тони. Во време на рецесија и светска криза, факт е дека најдобро поминуваат песните од реалниот живот, „Клубот“ е токму таква, моќна и енергирчна…Онаква каква што неговите фанови впрочем и очекуваат од него. Доколку сè уште не сте ја слушнале песната, сторете го тоа уште веднаш (КЛИКНИ ТУКА). ]]>

Тони Зен со синчето заглавиле во лифт: Храбрите пожарникари веднаш интервенирале (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-so-sincheto-zaglavile-vo-lift-hrabrite-pozarnikari-vednash-intervenirale-foto/ Thu, 03 Nov 2022 12:03:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274189

Хип-хоп артистот Тони Петковски, познат како Тони Зен, и неговиот тригодишен син Јасен се нашле во многу непријатна ситуација. Имено, тие биле заглавени во лифт еден час, па морала да интервенира и противпожарната служба. „Благодарност до пожарникарите кои бргу дојдоа и нѐ одглавија од лифотот во кој бевме заглавени еден час“, напиша раперот на својот инстаграм-профил и јавно им се заблагодари на пожарникарите. За потсетување, Тони се ожени со својата долгогодишна девојка Валентина Јованова во 2019 година, а истата година станаа и родители на преслаткиот Јасен.   Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тони Зен]]>

Тони Зен го објави својот најнов проект , а го најави и 7-от по ред албум (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-go-objavi-svojot-najnov-proekt-a-go-najavi-i-7-ot-po-red-album-video/ Wed, 10 Aug 2022 10:22:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262131

Музиката на Тони Зен отсекогаш била единствена мешавина на храброст и интелигенција. Важи за човек кој ги поместува границите и кој не прифаќа компромис во музиката. Веднаш по првите тактови на било која негова песна се препознава неговиот единствен стил. Пред многу години публиката го препозна, а со секое ново слушање на неговите песни тоа и го наградува. По успешното пласирање на песната „Планот“, следува уште една која го носи насловот „Првата нота“. Ова е вториот сингл со видео запис според планот, на кој слушателите и гледачите нема да останат рамнодушни. „Првата нота“ те тера да мрдаш глава и тело. Многу сум задоволен затоа што се оствари оваа соработка помеѓу луѓето во кои верувам. Веќе кажав дека ова е само почеток. Наскоро следува и новиот, 7-ми албум во кои ќе бидат сите нови песни од потпишувањето на договорот со „Прагма продукција“. – вели Тони Зен. На видео записот се потпишуваат Владислав Гавриловски и Илија Димкоски, а музиката ја направија Нино Васков и Ики. Премиерата на песната „Првата нота“ ќе биде во среда (10.08.2022) односно вечерва во 20 часот, на официјалниот “Youtube” канал на Тони Зен. А додека ја чекаме „Првата нота“ на Тони Зен, уживајте во песната „Планот“. ]]>

Тони Зен: „Не треба да се заборават коренот, суштината, постарите батковци… во хип хоп културата“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-ne-treba-da-se-zaboravat-korenot-sushtinata-postarite-batkovci-vo-hip-hop-kulturata-video/ Wed, 27 Jul 2022 05:29:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260557

Под влијание на американскиот хип-хоп, кон крајот на 90-тите години Тони (со уметничко име Тони Монтана) почнува да се занимава со рап музиката. Активен е во неговата прва група „105“, снимајќи демо снимки достапни само на хип-хоп програмата на скопското радио Канал 103. Во 2002 година заедно со DJ Чваре ја оформува групата Урбана Димензија, а со тоа почнува попрофесионално да се занимава со рап музиката.
Во меѓувреме Тони своето уметничко име од Тони Монтана го менува во Тони Зен Настапуваат на бројни настани во Македонија од кои се издвојува Street Beats Festival (хип-хоп вечер на Таксират 2005), како предгрупа на Jeru Da Damaja, Afu Ra, Guru и Edo Maajka. Тони Зен како соло артист, а и како член на Урбана Димензија работи на повеќе проекти во блиска соработка со Единствена Опција, Мартин Србиновски, Бојана и Бисера (Gemini), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Јован Јованов и други. По апстенцијата од музиката, Тони Зен повторно се активираше промовираше мова песна и видео “Проблем„! Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин Бекстејџ, тој зборуваше за музиката, враќањето на настапи на големата сцена, родителството... Погледнете го видеото со кусиот разговор со Тони Зен:   
]]>

Тони Зен: „Татковството ме промени, а јас уште учам како е да си добар маж во бракот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-tatkovstvoto-me-promeni-a-jas-ushte-ucham-kako-e-da-si-dobar-maz-vo-brakot-foto/ Mon, 18 Jul 2022 06:06:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259013

По подлога пауза раперот и диџеј Тони Зен се врати на музичката сцена со нова песна - „Планот“. За песната вели дека има одлични реакции, а решил да се врати повторно и да пее оти тоа ѝ го должел на публиката. Тони е познат и како дел од шоуто „Срвајвер“ што се снимаше на Филипините, каде освои второ место. И денес се сеќава дека сè што барал е да зборува на македонски и тоа да оди на телевизија со српски превод. „И успеав во тоа, затоа што мојот јазик е македонски“, вели Зен за „Репортер“. За музичката сцена пак вели: „Да се биде дел од неа колку што е добро толку и не е. Може и си направив проблем, затоа што сега пак се враќам на тој начин на живот, сите оние излегувања, пороци, а сега веќе имам дете и сопруга, па не е исто“, искрен е Тони Петковски. Во времето додека беше отсутен од настапите тој се ожени и стана татко. Со сопругата Валентина се заедно долго време, а во 2019 се ожени и се роди синот Јасен. Зборувавме за татковството и бракот. Тони признава дека да се биде татко и да се биде во брак ич не е лесно. „Многу ме промени татковството. Тоа си бара одговорност и дисциплина што јас сум ги немал и сè уште учам. За бракот, исто така не е баш лесно. Точно е тоа дека сум тежок човек и да се биде со мене е тешко. Стресно е да се издржи со некој како мене“, искрен е Тони Зен, кој на прашањето готви ли по дома, вели: „Види не е проблем да се готви по дома, проблем е искреноста каде некогаш сум потфрлил. Јас сè уште учам да ги поправам грешките за да бидам маж како што треба. Бидејќи сè уште не сум“. Во интервјуто зборуваме за почетоците на музиката, кога во '93 година, како вели, се навлекол на рап и на хип-хоп култура. Времињата кога се слушаше музика на касета, а на „Ем-Ти-Ви“ се чекаше да ти ја пушат омилената песна. „Ејјј, снимавме на две касети, два касетофона, клекнати, тука со микорофон во рака. Група од маало. Другарот беше поинтелигентен па пишуваше текстови за песните. Па на 103-ка да ти ја пуштат песната, тоа беа радости. Замисли, песна со лош квалитет, ти ја пуштаат на радио“, се сеќава Тони Зен.
Не крие дека не му одело школото и дека одел на полагање, најчесто математика. Вели дека некогаш бил дете на МЗТ, ама по повредата веќе никогаш не се вратил на кошарката. За животот во Аеродром и маалото, љубовта кон рап културата, пороците што ги носи јавниот живот, бракот, скијањето... Гледајте го интервјуто.

Тони Зен: „Се враќам на македонската музичка сцена бидејќи тоа и го должам на публиката“ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-se-vrakjam-na-makedonskata-muzichka-scena-bidejkji-toa-i-go-dolzam-na-publikata/ Wed, 29 Jun 2022 09:37:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256383

По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на домашната музичка естрада. Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ – Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели. -Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин. – вели Тони Зен. Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски - Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“. Она што е добро да се знае е дека Тони Зен потпиша три годишен договор со „Прагма продукција“ – продукција која знае како да работи и која ќе стои зад секој негов професионален ангажман. Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја, а дел од истата ќе биде и „Мандра фестивалот“ во Дојран каде ќе настапат големи музички имиња, вклучувајќи го и Тони. Веќе во сабота, на 2-ри јули, со Тони ќе имате можност да се дружите во Градскиот парк на „Crazy summer festival“. Премиерата за новиот сингл „Планот“, ќе се случи денес во 20ч на официјалниот „Youtube“ канал на Тони Зен. фото:Стефан Рајхл и Иван Богоевски]]>

Шекеринска со задовлство ќе уживала, Шилегов носталгичен колекционер на плочи: Засрамете се, на 3340 починати и 0 вакцини! https://arhiva.vistina.com.mk/taa-so-zadovlstvo-kje-uzivala-toj-nostalgichen-kolekcioner-na-plochi-zasramete-se-na-3340-pochinati-i-0-vakcini/ Tue, 16 Mar 2021 13:38:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194477

Идејата на Тони Зен да ги преземе работите во свои раце е благородна, но и очајна – обид на професионалец кому државата не му овозможува елементарни услови за живот. Да работи и да заработи.
Неодамна решив да преземам одговорност за моите музички албуми и концертни изданија и самиот да ги продавам онлајн, воедно и да ги дистрибуирам лично до сите вас. Целта ми беше да се подигне свеста кај публиката, но и кај самите автори, дека е потребна меѓусебна соработка и поддршка во овие тешки и кризни моменти, но, исто така е потребно да се има почит и разбирање, и не само сега, туку секогаш. Бидејќи со купување музички албум, цеде, плоча, касета, со купување книга, фотографија, уметничка слика, со купување карта за било каков настан итн., вие ги поддржувате македонските автори од било која област и на тој начин ние опстојуваме. Да нема публика, нема да постоиме, напиша Тони Зен во својата објава на Фејсбук.
Пред неколку дена музичарот започна онлајн предизвик #ЛокаленМузичкиПредизвик за со купување музички албуми да се поддржат музичарите кои веќе една година немаат настапи поради пандемијата со коронавирусот. На повикот на Тони Зен прв се одѕва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој ја прошири иницијативата и ги номинираше Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.
„Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албума па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани. Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Шекериска и Јани Макрадули, за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми“, напиша Шилегов.
Шекеринска, пак, го продолжи синџирот и ги номинираше Мила Царовска, Дамјан Манчев и Јана Белчева.
„Со задоволство ќе уживам во албумот ‘Underground evergreens’ на нашата музичка група Суперхикс, што ми го испрати Петре Шилегов во рамки на #ЛокаленМузичкиПредизвик“ Го проширувам кругот подарувајќи им музички изданија во домашна продукција на Мила Царовска, Дамјан Манчевски и Јана Белчева со предизвик и тие да го прошират кругот. На тој начин изразувам поддршка во овие корона времиња за нашите музичари и домашната музика, напиша Шекеринска.
И се ќе беше благородно, а сигурно и забавно, да не беше кризата таму каде што е – на 3340 смртни случаи до вчера, 11.457 активни и 0 вакцини. Наместо да се фотографирате со плочи и компакт дискови, овозможете им на луѓето да работат и да заработат. Купете вакцини, симнете се на земја, погледнете каква мизерна земја за живеење е оваа Македонија и тогаш плочите сами ќе се продаваат. Извор: Република.мк]]>

Тони Зен го има најдоброто друштво за уживање на снегот во Банско – наследникот Јасен (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-go-ima-najdobroto-drushtvo-za-uzivanje-na-snegot-vo-bansko-naslednikot-jasen-foto/ Fri, 17 Jan 2020 07:55:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129438

Тони Петковски или на јавноста познат како Тони Зен  целосно е повлечен од јавниот живот, односно експонирањето пред очите на јавноста, а исклучок се неговите настапи како диџеј. Имено, тој не сака многу да се експонира во медиумите со својот приватен живот, па така претходната година како бомба одекна веста дека Зен тајно се оженил и станал татко. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gordost-na-tato-toni-zen-za-prvpat-go-pokaza-sincheto-jasen-foto/ Тони во 2019 година заплива во брачните води со неговата животна избраничка Валентина, а како што пишуваа тогаш медиумите нивната свадба се случила во кругот на најблиските пријатели. Иако диџејот не е многу активен на социјалните мрежи кога станува збор за приватност, сепак овој пат направи исклучок. Имено, периодот многу македонски јавни личности го искористија  за да заминат некаде на зимување и да уживаат во студените денови. Така некои заминаа во Банско, некои на Копаоник, а други се одлучија за нашето Маврово и Попова Шапка. Тони батериите ги полни во соседна Бугарија, поточно во Банско, а тој го има најдобро друштво, односно сопругата Валентина и синот Јасен. Диџејот овие прекрасни моменти ги забележи со неколку фотографии, па со најубавите направи колаж кој го сподели на својот „Инстаграм“ профил. Освен што Зен се качи на скии, во раце го зема и своето синче, па тато уште од мал го учи наследникот на скијање.]]>