тони зан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Jul 2022 09:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тони зан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тони Зен се врати иако никаде не ни тргнал… поинаков му е – „Планот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-se-vrati-iako-nikade-ne-ni-trgnal-poinakov-mu-e-planot-video/ Sat, 09 Jul 2022 09:39:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257892

По  подолга пауза на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи. Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ .  Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели. „Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин“ – вели Тони Зен. Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски – Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“. Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја. Слушнете ја новата песна „Планот“  на Тони Зен и погледнете го видеото за неа: ]]>