тони шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тони шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не сум грешница“ е новата песна на Барбара https://arhiva.vistina.com.mk/ne-sum-greshnitsa-e-novata-pesna-na-barbara/ Wed, 27 Dec 2023 10:38:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332644

„Не сум грешница“ е новата песна на Барбара, што ја потпишува Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show а снимена е во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент на песната. Станува збор за балада, женска песна полна со копнеж, која на Барбара веднаш и се допадна. - Кога ја слушнав првата строфа: „Дали можам среќна да сум јас, душа боли немам глас, бара љубов, бара спас..,“ реков- тоа е тоа. Тоа сум јас и мојот живот испеан во една песна - вели таа“ За видео записот „Не сум грешница“ се погрижи продукцијата на авторот - Tony Show mk music кој и го режираше спотот. Спотот е работен на неколку локации во Скопје и во две цркви на Скопска Црна Гора: Св. Илија и Св. Троица. Во овој, слободно може да се нарече- проект учествуваше и инструменталистот Рикардо Хуна (кларинет) а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ. Бидејќи има убави спомени од учеството во регионално најпопуларното музичкото шоу „Никад није касно“, Барбара планира песната да ја промовира и во Србија а за тој пазар е направен аудио и видео запис на српски јазик. Инаку, секое доаѓање во Македонија за Барбара е вистински празник, ја прави многу среќна дружбата со нејзините пријатели и драгите колеги.   -Живеам и работам во Швајцарија од 1988 година, во фирма за оптика. Но, песната, поточно музиката ме прави многу среќна. Додека работам на микроскоп, работниот ден го почнувам и завршувам слушајќи музика и на тој начин добивам поголем елан за работа.“ Музиката е тоа што ја движи, вели, целиот оптимизам што го има, доаѓа токму од песните. А најновата песна, „Не сум грешница“ ќе и биде движечки мотор за цела Нова 2024 година. Промоцијата е закажана за понеделник, 8 јануари, (19 ч) во кафе- барот Greenet.]]>

Тони Шоу прослави 15 години „естрадно возење“ со – „Она ме вози“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-shou-proslavi-15-godini-estradno-vozenje-so-ona-me-vozi-video/ Thu, 27 Sep 2018 08:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50228

По повод 15 години естрадна соло кариера под уметничко име  „Тони Шоу“, вчеравечер, среда,  26 септември 2018,  во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп изведувач пред претставниците на медиумите, колегите, соработниците, спонзорите и пријателите ја  промовираше новата песна и видеоспотот за неа насловени “Она ме вози”.
Музикатата и стиховите како автор ги потпишува е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил неговиот пријател, колега и соработник, гитаристот  Стевче Грозданов. Песната снимено во студио „Ентерпрајс“ кај  познатиот продуцент, музичар и професор по музика Валентино Скендеровски.
Спотот е изработен во сопствена режија под етикаета на “Тони Шоу МК мјузик” со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, додека спотот го режирал Стевче Грозданов.
Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото Бугати.
Инаку, во својата 15 годишна соло кариера Тони има десеттина фестивалски настапи, дваесеттина авторски песни, како и еден албум – “Слатка мала”.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за кавер верзијата на  големиот хит од 90-ите “Слуга и цар” на дуото „Коктел“.
Како звучи најновата доза  полнокрвен рок ен рол преточена во „Она ме вози“ на Тони Шоу и како изгледа нејзината едноставна, но мошне забавна и интересна визуелизација, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=SuY79gtR_N8  ]]>

Тони Шоу за 15 години кариера ќе ја промовира „Она ме вози“ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-shou-za-15-godini-kariera-kje-ja-promovira-ona-me-vozi/ Mon, 24 Sep 2018 10:44:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49575

По повод 15 години соло кариера под псевдонимот „Тони Шоу“, на 26 септември, среда, во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп изведувач ќе промовира нова песна и видеоспот под наслов “Она ме вози”.
Автор на музиката и стиховите е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил Стевче Грозданов. Песната снимено во студио „Ентерпрајс“ кај  Валентино Скендеровски.
Спотот е изработен во сопствена режија на “Тони Шоу МК мјузик” со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, како и Стевче Грозданов.
Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото Бугати.
Во својата 15 годишна соло кариера Тони има десеттина фестивалски настапи, дваесеттина авторски песни, како и еден албум - “Слатка мала”.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за кавер верзијата на  големиот хит од 90-ите “Слуга и цар” на дуото „Коктел“.  ]]>

Коктел за… „Победа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koktel-za-pobeda-video/ Tue, 10 Jul 2018 09:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37208

Македонското поп-рок дуо „Коктел“ кое беше популарно во почетокот на 90-ите години одново е музички активно.
Со персонални промени кои се однесуваат на пеењето, со што наместо Блаже Темелков, сега вокалните делници ги превзема Тони-Шоу, гитаристот и автор на песните Стевче Грозданов по неодамнешната химна за „Вардар“, еве го со нова песна, овој пат со патриотска содржина,  посветена на Македонија, а насловена „Победа“.
Зад музиката, аранжманот, и снимањето стои самиот Грозданов, додека стиховите повторно се дело на проверениот лиричар Огнен Неделковски. Мастерингот  е направен во студиото „До Ре Ми“ на Златко Симионски, а продукцијата ја потпишува „Целофан продукција“ на Зоран Рудан - Цеки.
Придружните вокали во темата ги пејат Емилија Гиевска и Стефан Чепишевски. Видеоспотот одново го потпишува самиот Стевче Грозданов како монтажер и режисер, додека зад камерата како снимател бил Здравко Петрушевски.
Како звучи и изгледа нивниот аудиовизуелен „Коктел“ за „Победа“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=2ikAX-ciXCA&feature=youtu.be      ]]>