Тони Димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Mar 2021 13:42:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Тони Димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тони Димитров и Мартин Георгиевски со жив настап на 24 – часовниот концерт „ToBe Continued 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-dimitrov-i-martin-georgievski-so-ziv-nastap-na-24-chasovniot-koncert-tobe-continued-2021/ Mon, 22 Mar 2021 13:42:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195382

ТoBe Continued се враќа на Светскиот ден на туберкулозата, кој се одбележува во среда на 24 март 2021 година. „ToBe Continued“ е оригинален концерт во траење од 24 часа (од 00 часот, па се до полноќ на 24 март, GMT + 1), за време на кој музичари од многу земји ширум светот ќе бидат поврзани со веб-страницата што ќе ги емитува нивните концерти. За време на овој непрекинат 24-часовен звучен маратон секој музичар има на располагање 30 минути за да создаде звуци и ритми што ќе се движат низ различни музички текови, објави Nomads.mk Музичарите кои ќе настапат се од различни земји, вклучувајќи ги сите 5 континенти, создавајќи симболична турнеја низ светот со 48 постојки. Меѓу нив се и звучните артисти Тони Димитров и Amplidyne Effect (Мартин Георгиевски) кои со своја импров сесија како претставници од Македонија ќе го обогатат овој настан. Секој кој има достапна интернет-врска, може да го слуша ToBe Continueued со едноставно поврзување на веб-страницата www.stazioneditopolo.it. Настанот, кој во целост ќе го покрие целиот Светски ден на туберкулозата на 24-ти март, е координиран од Антонио Дела Марина, музичар и композитор на компјутерска музика и од Морено Миорели. Иницијативата е под покровителство на Глобалниот здравствен инкубатор, „лабораторијата“ основана во јули 2009 година од страна на д-р Марио Равиглионе, денес редовен професор по глобално здравје на Универзитетот во Милано, со цел да се создадат врски помеѓу светот на креативноста и оној на науката.]]>