тони андреев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jun 2020 11:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тони андреев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тони Андреев и Ани направија преработка на новата песна од Теодора Џехверовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-andreev-i-ani-napravija-prerabotka-na-novata-pesna-od-teodora-dzehverovikj/ Tue, 30 Jun 2020 11:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156388

Македонскиот млад пејач со најмногу настапи во годината, Тони Андреев и прекрасната Андријана Ани Петрушовска направија преработка на новиот хит „Вуду“ на Теодора Џехверовиќ и Девито. Музичката обработка е дело на самиот Андреев, додека за видеото се погрижи веќе докажаниот Алек Тасевски. - Песната е апсолутен хит во регионот, за само 20 дена успеа да достигне гледаност од околу 25 милиони. Не планиравме да правиме кавер-верзија на песна од Теодора, но уште при првото снимање сфативме дека одлично ни лежи со Ани, па веднаш ја снимивме. Видеото е дело на Алек Тасевски, со кого веќе подолго време соработувам и многу сум задоволен како излезе целиот пакет. Првите реакции се одлични, добиваме позитивни коментари, па верувам дека како и претходните проекти, така и овој ќе помине одлично, вели Тони Андреев. Пејачот го искористил слободното време за да направи повеќе музички проекти, па многу наскоро ќе ја изненади јавноста со уште неколку новитети. Во продолжение слушнете како звучи „Вуду“ во изведба на Тони Андреев и Андријана Ани. ]]>

Тони Андреев ќе преработи подзаборавен хит на Саша Ковачевиќ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-andreev-kje-preraboti-podzaboraven-hit-na-sasha-kovachevikj/ Sat, 16 Nov 2019 12:17:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118958

Младиот и талентиран пејач Тони Андреев во наредниот период ќе ја изненади својата публика со ново музичко парче во соработка со балканската ѕвезда Саша Ковачевиќ. Имено, станува збор за преработка на подзаборавен хит на Саша Ковачевиќ кој е снимен пред 10 години. Песната тогаш не добила видеозапис и била пуштена да се врти само на радио станиците, но кога Ковачевиќ неодамна го запознал Андреев и слушнал како пее, одлучил да му одобри да направи преработка и да го поддржи за оваа песна повторно да биде достапна за јавноста. - Саша е уште еден пример дека големите луѓе се толку едноставни... Посебно ми е мило што ми одобри да преработам една негова постара песна, а моментот што ме покани да ја делам бината со него на неговиот концертот во Скопје ќе го паметам цел живот, искрено не очекував дека така ќе ме прифати, открива Андреев за дружењето со Ковачевиќ. Како потсетување, Тони Андреев на македонската јавност и е познат по своите енергични настапи кои ги има во дискотеките ширум Македонија. Потекнува од музичко семејство, неговиот татко Златко Андреев е реномиран професор по кларинет и има добиено бројни награди и признанија, додека Тони своите чекори во музичките води ги прави уште во основното образование каде ги собира сите награди и пофалби. Денеска е студент на отсек гитара на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ]]>

Тони Андреев го промовираше првенчето „До мене, а толку далечна“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-andreev-go-promovirashe-prvencheto-do-mene-a-tolku-dalechna-video/ Fri, 24 Aug 2018 11:25:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44621

Младиот Тони Андреев, кој веќе и е одлично познат на публиката по своите настапи низ клубовите во нашата земја и учеството во македонското музичко шоу „Сите наши песни“, на неговиот официјален канал на „Yоutube“  го промовираше своето првенче „До мене, а толку далечна“. За песната беше изработен и спот кој е дело на Алек Тасевски од „Либеро бенд“. Музиката на песната е комплетно на Андреев, додека за текстот соработувал со Кристина Цонева, а за аранжманот со Драган Ристовски. -Со својата певливост и едноставност, верувам дека песната ќе ги освои и оние најпребирливите. Заедно со тимот вложивме премногу енергија да и подариме на публиката убава модерна песна, која ќе остане да се слуша. Оваа песна е нова страница во работата која најмногу ја сакам, музиката. Со нетрпение ги очекувам првите коментари после интернет промоцијата, вели Тони. Песната е во модерен поп ритам и истата е само најава за набиена агенда оваа есен на овој млад пејач. ]]>