Томислав живковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Feb 2024 11:56:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Томислав живковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бони го визуелизираше својот макфестовски хит – „Ми амор“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boni-go-vizuelizirashe-svojot-makfestovski-hit-mi-amor/ Thu, 08 Feb 2024 11:25:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338071

Божица Китановска е ново име на македонската естрадна поп сцена, за кое можеби малкумина слушнале. Но, ако кажете само  Бони, како што гласи нејзинотои уметничко име и го споменете нејзиното појавување на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2023“, на многумина ќе им текне на впечатливиот настап на сексапилното црнко мињонче, кое со својот танц и стајлинг и нејзината хитовски ориентирана тема „Ми амор“, многумина остави со подзината уста и без збор.   Бони е позната по своите настапи најмногу по скопските кафулиња, а за музиката како што самата преферира да каже, се интересира веќе неколку години. Самата пишува песни, снима и настапува со свој бенд. До сега кариерита ја водела исто така самата, но отсега има и менаџер. Повикот да учествува на најреномираниот македонски фестивал ја изненадил, а за да ја комплетира песната и помгнал Иван Јованов - Ивајо. Големата сцена и е следниот предизвик, па затоа повторно би настапувала на фестивали. „Сепак, се' е до песната... Ако е добра, ќе помине, луѓето ќе ја засакаат. Ако не е, колку и да ја туркаш, каков и да има маркетинг, нема да помине онака како што треба“ - ќе каже Бони при гостувањето во една ТВ емисија. Инаку, за нејзиниот дебитантски настап на „Макфест 2023“, односно за песната „Ми Амор“ деновиве Бони сними и интересен видеоспот, кој ќе му го продолжи животот на ова нејзино  фестивалско музичко парче, кое се' уште се врти во македонскиот радио - етер. Како изгледа визуелизацијата на нејзиниот макфестовски радио хит „Ми амор“, продуцирана од „Универзум продукција“ со  режисерски потпис на самата Бони и Томислав Живковиќ, проследете од видеото во продолжение. ]]>

Лара Иванова и Јосиф Ристовски заедно ги запалија – „Сите светла“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-i-josif-ristovski-zaedno-gi-zapalija-site-svetla-video/ Tue, 06 Feb 2024 13:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337732

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота. „Сите светла“ се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога. Диско ритам, младешка енергија и гламур, „Сите светла“ претендира да стане  нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија.   „Песната излезе многу спонтано. Работевме во студио и после две-три демо снимки ја направивме „Сите светла“. Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него. Секако не застанувам тука, работам на многу нови проекти, што значи дека во многу скоро време повторно може да очекувате нешто ново од мене“, вели Лара. Лара Иванова е редок пример на артист кој неуморно работи и во континуитет создава музика за својата публика и за домашната музичка сцена. Освен тоа, нејзината посветеност и ентузијазам резултираат со успеси, а еден од нив допрва треба да го потврди и дуетот со Јосиф, над кој сега се вперени „Сите светла“: ]]>

Лара Иванова во нова љубовна приказна – „Ме сакаш кога ме немаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-nova-lubovna-prikazna-me-sakash-koga-me-nemash-video/ Mon, 18 Dec 2023 07:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331437

Лара Иванова стана машироко позната по макфестовскиот дует со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 35 милиони прегледи на Јутјуб. Оттогаш наваму кариерата и е во константен подем иако останува впечатокот дека младата пејачка се' уште е недоречена и има уште потенцијал во неа за многу поголеми достигнувања. По годинешната летна песна „Нека гори“ дело на Иван Јованов - Ивајо, Лара решила да го смени и авторот на музиката и на стиховите, обидувајќи се и самата да се промовира како коавтор на новото музичко остварување,  „Ме сакаш кога ме немаш” како што гласи  новата песна на младата пејачка.   Музиката и тектот се на Лазар Цветковски и самата Лара, продукцијата и арнжманот на Лазар. Промена заради промена или обид да се чепне од богатата хитовска ризница познатиот македонски хитмејкер, но и да се промовираа  сопствениот талент за авторство, знае само самата пејачка и тимот кој стои зад неа. Времето ќе покаже дали Лара има капацитет она што како кредит го „заработи“ во дуетот со Пајак и нивната „Бела“, сега самата како соло артист да го претвори во влог за квантен скок во кариерата или обидувајќи да биде сама свој мајстор ќе го потроши и прокоцка заради лоша проценка? Темата „Ме сакаш кога ме немаш” ја промовираше на својот YouTube канал заедно со видеоспот кој го потпишува Томислав Живковиќ, видео кое помалку наликува на оние ретро македонски видеа од 90-те години, но сепак е доволно функционално за да ја следи и визуелно да ја долови  атмосферата во целата мелодија. Вообичаена љубовна приказна која многу повеќе ќе ја придобие тинејџерската публика, отколку играта на карта на сексапилот на Лара, која сепак послатко и поубедливо делува како наивна тинејџерка отколку како некаква секси риба во друштво на екипата статисти како машкиот модел Филип Додевски и девојките, Миа Ристеска, Анастасија Синадинова, Јована Лалчевска, Калина Александар и Тина Димковска. Тајмингот за промоција на песната не случајно е избран да биде пред Нова Година, што може да биде и плус и минус во сета таа новогодишна еуфорија. Во продолжение погледнете го видеото и преслушајте ја лара Иванова и нејзината најнова тема  „Ме сакаш кога ме немаш”… ]]>

Сара Мејс има боја шарена во нејзините – „Очи вселена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-ima-boja-sharena-vo-nejzinite-ochi-vselena-video/ Thu, 30 Nov 2023 13:23:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329399

Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело, а во нејзиното срце има посебно место. „Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце…Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојов свет ако не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку цело семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, “Бакар боја”, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ – вели Сара. Автор на музиката и текстот е Сара Мејс, зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски. Вчеравечер премиерно беше објавен и спотот за „Очи Вселена“, Сара Мејс блесна во уникатно и атрактивно издание, а за домашната музичка сцена остави свој оригинален печат. Видео записот го снимаше Томислав Живковиќ, а збогатен е со улогите на девојките Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска, Ивона Ристеска. Долгогодишната соработка со ФРАН и овој пат беше полн погодок за стајлинг и шминка, Hair House за фризура, а од Магнетик се погрижија за гардеробата. Како звучи песната и како изгледаат нејзините боја шарена „Очи вселена“ преточени во видеоспот, проследете во продолжение: ]]>

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега во секси долна облека, музичката хармонија ја зачинила со еротика во – „Брига ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-razgolena-kako-nikogash-dosega-vo-seksi-dolna-obleka-muzichkata-harmonija-ja-zachinila-so-erotika-vo-briga-me-video/ Tue, 21 Nov 2023 11:43:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327904

Помина скоро една година откако младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска предизвика турбуленции на македонската музичка сцена со нејзиниот приватен живот, а пред неколку месеци таа се оствари и во најважната улога откако стана мајка. По долгиот „молк“, Антониа вчера, понеделник, 20-ти ноември 2023 год. се врати во полн сјај со најновата песна овој пат испеана на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период... „Јас секоја твоја пцовка ја бројам, срами се, срами се и црно баш убаво ми стои, те жалам, те жалам“ - вака би бил преводот на дел од стиховите, а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого, проценете самите. Музиката и аранжманот за песната ја направи познатиот макдонски композитор и продуцент Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ. Исто така, „прашина“ крена и видеоспотот за песната на кој режисер е одличниот Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија... Или поточно кажано, Антониа разголена како никогаш досега, во секси долна облека ја споделила сета своја телесна убавина пред камера! Овој пат распеаната „еротска пепелашка“ имала евидентна намера со провокативните пози пред камера да ги освои своите обожаватели, а и да стекне нови следбеници. Кадрите ветуваат дека нема да недостасуваат „влажни погледи“, зашто многумина видеото веќе го гледаат со „паднати вилици“ и очи ширум отворени. Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци... Во меѓувреме, вие безгрижно уживајте во уметничкиот амбиент набиен со еротски потенцијал што ја отсликува музичката хармонија  во „Брига ме“ на Антониа: ]]>

Јосиф нуди нов музички крик со неговата – „Fashion Week“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/josif-nudi-nov-muzichki-krik-so-negovata-fashion-week-video/ Wed, 26 Jul 2023 12:28:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311649

Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание. Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера - заедно ја отпеаја песната „VYBE“. По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“. „Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“. „Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф. Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски. ]]>

Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-odnovo-vibrira-samo-sega-na-druga-frekventsija-video/ Thu, 08 Jun 2023 06:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305422

Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс во јавноста ја обзнани својата нова песна,  со која ни подари освежувачко транспортирање на една поинаква енергија. Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката... Особено ако е така создадена не само да ја слушнате, туку и да ја почувствувате со сите свои сетила, на една сосема друга „Фреквенција“, како што гласи насловот на новото музичко остварување на познатата македонска харфистка и поп пејачка. Нејзината „Фреквенција“ зрачи со енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите како забавна „мелодична четка“, а вајбот во неа како и видеозаписот се инспирирани од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки ритам и расположение.

Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видеозаписот е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети.

Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата” во која Сара Мејс го изведува својот софистициран, суптилен еротски танц, кој зрачи со силен возбудлив еротски набој, иако во видеото нема ниту еден експлицитен кадар. Едноставно,  Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга - „Фреквенција“! 

Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото во продолжение откако ќе кликнете и успеете да се најдете со Сара Мејс на иста “Фреквенција“. ]]>

Антониа Гиговска потона во љубовна – „Атлантида“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-potona-vo-ljubovna-atlantida-video/ Mon, 06 Jun 2022 12:19:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253193

Една од нашите најталентирани и најнадежни поп пејачки – Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава. Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи. „Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат приказните за Атлантида и од таму е идејата. Јас сум презадоволна од песната, спотот. Некои можеби ќе кажат дека е „обична“ песна, но за тие што го мислат тоа објавивме уште една верзија на песната, односно „sad version“(тажна, баладична верзија),  па која од двете повеќе им се допаѓа, таа нека ја слушаат“ – вели Гиговска. Како и за останатите песни, така и за оваа Антониа и нејзиниот тим одлучија да снимаат видеоспот за новата песна. Како режисер на видеото се потпишува младиот и талентиран Томислав Живковиќ, а истиот се снимаше во Грција, Галичник и македонската престолнина - Скопје. Инаку Антониа летово има закажано доста настапи, а тоа е одлична прилика да ја слушате и видите во живо една од нашите најталентирани пејачки... Во меѓувреме проследете ја нејзината љубовна „Атлантида“: ]]>

Антониа Гиговска и „2Бона“ беа гладни да ви ја претстават нивната – „Хиена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-i-2bona-bea-gladni-da-vi-ja-pretstavat-nivnata-hiena-video/ Thu, 16 Dec 2021 13:48:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231516

Популарното трап-дуо 2Бона и младата пејачка Антониа Гиговска деновиве ја промовираа својата прва заедничка песна под насловот „Хиена“. Музиката е дело на Тони и Кун заедно со Лазар Цветковски кој ги направил и аранжманот и битот, а ги изработил и миксот и мастерингот. На текстот освен момчињата од 2Бона, работел и Тајзи. Нивната „Хиена“ добила и филмувано видео чија реализација и екранизација ја потпишуваат Томислав Живковиќ и Steady Flow. Темата музички воопшто не отстапува од она што како стил го имаат зацртано и  го возат и трап дуото и самата Антониа... Бит, ритам, трап, нејзиниот впечатлив, моќен вокал и совршено препознатливата, ултрамодерна продукција на Лазар. Иако на прва можеби делува малку развлечено, „Хиена“ е  ново, овој пат заедничко  чедо во музичкото јато на младите артисти... Логично продолжение на она што го работат и 2Бона и Антониа, чиј спој никако не е случаен, зашто ја поседуваат и делат истата енергија, популарност, возрасна група на публика... Затоа и „Хиена“ како нивна фузија му доаѓа нешто како енергетско-музичка трансфузија и за неа и за нив... Фузија која одлично функционира, меѓусебна хемија која кармата само ја мултиплицира... Заради нив сите други се клише, за генерацијата која со нив и нивните песни, расте, живее и дише... Генерацијата гладна ко' „Хиена“ за некаква промена... Та била таа и музичка. ]]>

2Бона и Тајзи тој ветар ги носи на… – „Југ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2bona-i-tajzi-toj-vetar-gi-nosi-na-jug-video/ Mon, 17 May 2021 12:21:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202796

Трап, хипхоп, аренби и регетон дуото составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски – Тонито (артист и текстописец), или обајцата познати како „2 Бона“ песните како да ги „штанцаат“ како на фабричка лента. По многубројните соработки и дуети со познати македонски и артисти од регионот од нивниот „ков“,  момчињата од 2Бона остварија соработка и со  Тајзи со кого неодамна ја промовираа нивната нова заедничка песна насловена „Југ“. Музичка приказна која се однесува на младите кои се повеќе заминуваат од Македонија. Ова е прва соработка на 2Бона со Тајзи и тие заедно ја создаваат и музиката и текстот на заедничката песна, додека миксот и мастерингот се на Кун и Лазар Цветковски. Видеото го реализираше можеби еден од најмладите режисери во Македонија, за кој допрва ќе се дознае и слушне, Томислав Живковиќ. Спотот е  сниман во различни градови и предели од Македонија… Железничката станица во Скопје, Марковите кули во Прилеп, Охрид, Стоби, и на неколку други локации низ нашата преубава Македонија. Во видеото освен 2Бона и Тајзи, се појавува и Гордана Винчиќ уметник која и  ја има нацртано сликата која се појавува во видео спотот. А за што поточно пеат 2Бона и Тајзи во новата песна “Југ”, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=LgV05ZVis4o]]>