томи ли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Feb 2022 11:14:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png томи ли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ТВ серија што ја шокираше и згрози јавноста: Груби секс сцени на болно уживање во автобиографската приказна за Памела Андерсон и Томи Ли (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tv-serija-shto-ja-shokirashe-i-zgrozi-javnosta-grubi-seks-sceni-na-bolno-uzivanje-vo-avtobiografskata-prikazna-za-pamela-anderson-i-tomi-li-foto/ Fri, 04 Feb 2022 11:12:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237659

Во средата наутро беше прикажана првата епизода од биографската минисерија „Пем и Томи“, инспирирана од животот на славната Памела Андерсон, која се фокусира на нејзината турбулентна љубовна приказна со музичарот Томи Ли. Осумте епизоди од оваа серија се занимаваат и со кражбата на нивното секс видео кое го снимиле на меден месец во летото 1995 година, а кое стана едно од најпопуларните порно видеа во 90-тите. Главните ликови ги толкуваат британската актерка Лили Џејмс, која се прослави во филмовите „Пепелашка“ и „Мама Миа 2“ и американскиот актер со романски корени Себастијан Стен. И покрај тоа што ниту еден од нив не наликува на Памела и Томи на прва, трансформацијата е навистина неверојатна! Шминката и периките си го направиле своето, па на моменти е тешко да се поверува дека на екранот не ги гледате познатата русокоса и тапанарот. Инаку, првите епизоди од серијата изобилуваат со провокативни сцени во кои и двајцата се голи, но имаат и интимни односи, а во преден план е огромното деколте на атрактивната Памела, кое Лили го доби благодарение на навидум реалните, но вештачки гради. Самата реализација започнува со протекувањето на споменатото секс видео во јавноста, за што е виновен електричарот кој работел на реновирање на нивната вила, а кој го украл видеото за да му се одмазди на Томи кој не му платил за сработеното. И покрај помпата што ја крена серијата, првите критики во јавноста не се ласкави. Остри се коментарите на социјалните мрежи и порталите: „Зошто некој би го гледал старото ѓубре на некои?“, „Ова е навистина грозно“, „Нема причина зошто некој би сакал да го гледа ова“, „Серијата е срамна, јас не можев да ја гледам повеќе од втората епизода“, „Ова е исмејување на животот на Памела "," Ова е ужасно вулгарно "... Да потсетиме, познатиот тапанар и атрактивната русокоса беа во брак од 1995 до 1998 година, а во тој период добија два сина - Брендон и Дилан. Поранешните сопружници не се вклучени во реализацијата на проектот, а извори велат дека се и разочарани и лути. "Серијата е многу болна за Памела и за сите оние кои ја сакаат. Шокантно е што оваа серија е снимена без нејзино одобрение" - рекол изворот. Фото: Profimedia]]>