томато – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 May 2021 08:32:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png томато – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владо Јаневски по лирик видеото го промовираше и спотот за – „Без тебе не ме бива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-po-lirik-videoto-go-promovirashe-i-spotot-za-bez-tebe-ne-me-biva-video/ Thu, 06 May 2021 08:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201508

Владо Јаневски деновиве го промовираше и  спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на покривот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој само тој и никој друг, ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“. Спотот за „Без тебе не ме бива“ е во реализација на Томато продукција“, а истиот беше промовиран деновиве. Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“. За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“  на Валентино Скендеровски се снимаше истата. Пред излегувањето на спотот,  песната со стиховите беше објавена во форма на лирик видео, а ова сега е официјалната верзија на видеото за „Без тебе не ме бива“. https://www.youtube.com/watch?v=Gj0tj2-EWVY]]>

Владо Јаневски го прекина музичкиот пост со – „Без тебе не ме бива“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-go-prekina-muzichkiot-post-so-bez-tebe-ne-me-biva-lirik-video/ Fri, 09 Apr 2021 12:58:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198468

Владо Јаневски деновиве снима спот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на кровот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“. „Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“ -напиша Владо и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот. Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.
За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“  на Валентино Скендеровски се снимаше истата. Додека се чека излегувањето на спотот, еве ја песната со стиховите за неа во форма на лирик видео: https://www.youtube.com/watch?v=dvFoEcuwvlw  
]]>

Елена Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“: „Говорот на телото“ – вертикално видео во кое пејачката најмногу е во „хоризонтала“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-pokaza-deka-i-grevot-ima-svetla-strana-govorot-na-teloto-vertikalno-video-vo-koe-pejachkata-najmnogu-e-vo-horizontala-video/ Wed, 11 Mar 2020 09:17:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138729

Елена Велевска по „брачниот бродолом“ утехата ја најде внесувајќи се „до крај“ во сопствената кариера. Атрактивнта прилепчанка во етерот го промовираше долгонајавуваниот нов спот за нејзината „стара песна“ - „Говорот на телото“. Раскошната фолкерка оддамна сфатила дека и оние што можеби немаат толку многу развиен „слух за музика“,  имаат голем мерак за убави нешта, па затоа постојано им ги „полни очите“ со провокативни фотографии во различни пози од своите скокотливи фотосесии. А, фолкерката како што е познато, има доволно телесни квалитети за своите песни да ги поткрепи и со разголени слики и доволна доза еротика во своите видеа. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-velevska-prizna-deka-se-razveduva-pa-trgna-da-se-razgoluva-folkerkata-potseti-kolku-e-zeshka-foto/ Така беше и овој пат, кога, расната Елена како претходница во најавата за „Говорот на телото“  објави неколку „жешки фотографии“ на кои вообичаено го понуди сиот свој телесен раскош, па дури и повеќе од тоа... Веројатно, сега растоварена од стегите на бракот и притисокот што го чувствувала, Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“... Се разбира, ако воопшто и е грев, она што е убаво да не се сподели со обожавателите, како сопствен адут за успех, но и како подарок за „полни очи“ на својата публика, особено онаа машката. Атрактивна, згодна, провокативна, пожелна, порочна, секси... Елена Велевска во новото видео ги „нуди на дар“ сите свои телесни квалитети, сиот свој телесен раскош, кој го поседува. А поседува толку многу, што кога го гледаат видеото ниту на оние што не се по жените, не им е сеедно! Впрочем, што е убаво и на Бога му е драго, а камо ли на обичните смртници. Особено што во првото „вертикално видео“ снимено кај нас, пејачката најмногу е во „хоризонтала“!  Уште една асоцијација која ги буди „оние мисли“, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, потајно ве тера да ги „скршите правилата“ заковани во моралните норми... Впрочем и гревот има светла страна, зарем не, како што велат и стиховите на самата песна чие видео со секој кадар нуди толкав еротски набој, што ви се чини дека секој миг ќе доживеете да ви се случи експлозија од страсти... до небото! А како и не би, кога Елена Велевска има таков „Говор на телото“! ]]>

Елена Велевска се враќа со ново видео за стара песна: Дали „Говорот на телото“ е ист баш како некогаш? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-se-vrakja-so-novo-video-za-stara-pesna-dali-govorot-na-teloto-e-bash-ist-kako-nekogash-foto/ Thu, 20 Feb 2020 08:36:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135090

Познатата македонска фолк-пејачка Елена Велевска по подолга пауза реши да се врати на естрадната сцена со нов материјал. Или поточно со стара песна и ново видео за неа, кое во студиот на „Томато“ продукција под режисерската палка на Бане Поповиќ го снима за една од нејзините најубави песни во кариерата. „Говорот на телото“  Велевска ја испеа уште во далечната 2003 година и истата тогаш го отвораше  на еден од нејзите албуми издаден од  битолската издавачка куќа „Сенатор рекордс“ на покојниот Аце Ангелоски. Атрактивната Елена и овојпат на своите обожаватели ќе им се претстави  во провокативно издание... Доволно подразголена да покаже дел од својот телесен раскош, овој пат со акцент на долгите нозе, кои доминираат барем во она што како први кадри можат да се видат во новото видео на старата песна. Иако оддамна не е тинејџерка, Влевска и понатаму игра на картата на својот сексапил, зашто пејачката добро знае дека песната ја милува душата, ама видеото го дига... адреналинот, откако гледачот „ќе влезе во филмот“, секако! Дека Велевска на тој план се' уште има што да понуди кога е нејзиниот телесен раскош, не се сомневаме... Иако, друго прашање е дали „Говорот на телото“ е ист, како оној од пред 17 години, кога песната е испеана? Некои од медиумите веќе побрзаа да ја ословат пејачката во нејзиниот најнов спот како македонската Моника Белучи...?! Веројатно алудирајќи  на тоа дека Велевска како и славната актерка и во зрелите години изгледа се' уште доволно привлечно, пожелно и секси... Конечно, „Говорот на телото“ иако можеби не е како оној од почетокот на кариерата, се' уште продава... Впрочем, за секоја стока (роба) има купец... Само треба да знаеш добро да ја спакуваш и изрекламираш... А на Велевска, очигледно тоа добро и оди, а и има се' уште што да „понуди“! Впрочем, промоцијата на спотот се очекува за неколку дена,па времето ќе покаже дали „новиот видеоговор“ на нејзиното тело, ќе го воскресне старото музичко дело?!]]>

Потрагата по новата македонска „Ѕвезда број 1“ започна https://arhiva.vistina.com.mk/potragata-po-novata-makedonska-dzvezda-broj-1-zapochna/ Sat, 13 Apr 2019 11:17:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82805

На минатогодишното рестартирање на фестивалот „Мел фест“ во Прилеп, најавено беше и ново музичко шоу, како нов и интересен проект за заживување на нашата музичка сцена, зад кој застанаа поп-пејачката Елена Петреска и продукцијата „Томато“.
Проектот насловен „Ѕвезда број 1“ ќе се емитува на 1ТВ, каде што секој ден од понеделник до петок ќе има 30-минутни емисии во чии рамки ќе бидат претставени кандидатите од сите градови. Потоа ќе следат и емисиите на големата сцена во кои ќе се натпреваруваат кандидатите што ќе ја поминат првата селекција. Голема емисија ќе се емитува секоја седмица, во времетраење од два часа, откри Петреска. Во однос на наградите за најдобрите, предвидено е десет финалисти од шоуто да добијат снимање на песна и видео за истата, а за победникот договор и снимање албум, но листата на награди сè уште не е комплетирана и следуваат многу изненадувања за финалистите.  ]]>

ТЕА со „Кога најдобро те познавам“ го промовираше албумот „Која сум јас“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-so-koga-najdobro-te-poznavam-go-promovirashe-albumot-koja-sum-jas-video/ Thu, 13 Dec 2018 12:30:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62946

Младата македонска поп пејачка Теа Трајковска, заедно со промоцијата на своето дебитантски дискографско остварување - албумот „Која сум јас“, таа промовираше и нова песна заедно со видеото за неа.
Станува збор за темата насловена „Кога најдобро те познавам“, чии стихови си ги напишала самата, а музиката, аранжманот и продукцијата се на проверениот македонски хитмејкер, Лазар Цветкоски, додека за реализација на видеото беше задолжена „Томато“ продукција.
Албумот содржи вкупно 10 песни, чиј автор е  Лазар Цветкоски, со кого Теа соработува од самиот старт на нејзината кариера, како и неговата сестраМагдалена Цветкоска – Ена, која ги напишала стиховите за дел од песните.
„Целиот албум е доста биографско парче бидејќи повеќето текстови се мои. Долго време го подготвував и навистина е опфатен еден добар дел од мојот живот и тоа како сум созревала како уметник, така што едвај чекав да го затворам ова поглавје“ - ќе изјави Теа на неодамнешната промоција.
„Веќе 5-6 години работиме и мислам дека имаме добар албум и навистина сум задоволен од сработеното. Теа е специфичен лик што има некоја своја различна нота и сето тоа ме мотивира да работам. Ние, сепак, црпиме инспирација од изведувачите“ - додаде Цветкоски на промоцијата.
А, Вие можете да го проследите видеото за песната „Кога најдобро те познавам“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=NZxz0J8gZFE Извор: РадиоМК

Антонија Гиговска има – „Слаба страна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-ima-slaba-strana-video/ Wed, 28 Feb 2018 10:07:05 +0000 http://vistina.mk/?p=14267

Младата поп пејачка Антонија Гиговска  го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Слаба страна“, кој пристигна заедно со модерно и разиграно видео, како што и доликува за младата пејачка.
Како и за претходните две теми, така и овој пат авторските потписи се на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои ги создадоа музиката и стиховите, а екранизацијата е дело на продукцијата „Томато“.
Заедно со Антонија танцуваат и членовите на танцовото студио „Битрикс кру“: Леонардо Хусеини, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска и Мартин Иванов, а за одличниот изглед се погрижија стилистот Даниел Николовски и „Фешн груп Македонија“.
Претставувајќи го новиот проект, младата ѕвезда им се заблагодари на сите што учествуваа во неговата реализација, како и на нетрпеливите обожаватели и на своите родители и братот, без чија поддршка не би успеала. Каква е нејзината „Слаба страна“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=9mhOpfeoGU8  ]]>

Сања Левкова со нов „Почеток и крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-levkova-so-nov-pochetok-i-kraj-video/ Wed, 14 Feb 2018 13:03:52 +0000 http://vistina.mk/?p=12784

По песните “Среќа” и “Врати се”, Сања Лефкова се враќа на музичката сцена со модерна балада  насловена ”Почеток и крај”.
Видео записот за истата го работеше „Томато продукција“ а Сања за таа прилика се врати во Македонија и самата се појавува во спотот, наместо да ја глумат манекенки како во претходниот.
Во видеото Сања е облечена во неколку различни креации на Ива Спасовска, накитот што го носи на себе е позајмен од Русевска дизајн, а фризурата и шминката се дело на Владимир трајковски и Ивана Атанасовска.  На самото снимање беше направена и новата фотосесија која пејачката ја реализираше со Имиџ фото.
Сања Левкова со сопругот и нејзиното тригодишно синче Никола веќе 2 години живее надвор од Македонија, каде повремено има и настапи.
Таа деновиве напорно работи на нови песни кои треба да се реализираат во студиото на композиторот Александар Масевски, кој е автор и на песната „Почеток и крај“, чие видео премиерно на Вистина.мк можете да го погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=1LNLPlUocpY&feature=youtu.be]]>