томато продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Dec 2022 10:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png томато продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Соња Тарчуловска одново е на сцената, овој пат со песна од ќерка и Мелани: Замина „Во бело“, се враќа – „Со црвено“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sonja-tarchulovska-odnovo-e-na-scenata-so-pesna-od-kjerka-i-melani-zamina-vo-belo-se-vrakja-so-crveno-video/ Fri, 02 Dec 2022 10:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278359

Некогаш една од најекспонираните и најбарани македонски фолк пејачки од новиот бран, јавноста ја запозна по нејзините настапи каде во „златните времиња“ долго во ноќта ги забавуваше гостите во најпознатите скопски локали, но и во оние низ Македонија. Соња Тарчуловска беше фолк ѕвезда парекселанс и по своите вокални можности и по атрактивниот физикус и по умеењето на настапите да ја крене публиката, односно гостите правејќи штимунг и расположение какво ретко која друга умее. Остана запаметена и по неколку од своите автрски песни како: „Ден по ден“, „Зоране“ или можеби нејзиниот најголем хит по кој ја познаваат, темата „Во бело“, како и и по оние подоцна новосоздадените македонски фолк песни со патриотска содржина: „Добре дојде“, „Предавници и јунаци“... кои ги испеа по сето она што и се случуваше во приватниот живот, во кој мина низ сите премрежја заедно со својот сопруг, македонскиот херој и бранител Јохан Тарчуловски. Во тоа време некако Соња Тарчуловска се повлече од естрадата, ја снема од музичката сцена, за години подоцна славата на некој начин да и ја врати токму нејзината ќерка - наследничка Мелани. Таа наследувајќи го генот и талентот од мајка си со појавата на последниот „Макфест 2022“ не само што самата блесна и како изведувач и како автор на сопствената песна, туку и на јавнста и ги освежи сеќавањата на нејзината мајка Соња. Недолго по фестивалскиот настап на ќерка и, токму Соња Тарчуловска најави дека се враќа на естрадната сцена „на голема врата“ со песна и спот. Ако замина од истата „Во бело“, големиот хит по кој остана запаметена, сега пејачката се враќа „Со црвено“, како што е насловена нејзината повратничка песна, која е и музички и визуелно сосема поразлична од она што Соња Тарчуловска досега го пеела. Патем, истата е авторско дело на никој друг туку на нејзината наследничка, ќерката Мелани која ги потпишува стиховите на песната за која аранжманот го направил Дејан Момировски, во чие „ХЛ студио Момировски“ истата и е снимена. Придружните вокали ги пеат нејзината ќерка Мелани и Сара Пројковска, а песната е во модерен танцувачки ритам , со мелодиска линија која многу повеќе наликува на современите поп хитови отколку на класична фолк песна, како оние, по кои Тарчуловска ја паметиме. Дали тоа значи целосен пресврт во музичкиот стил и кариерата, останува допрва да видиме?! Она што може сега да се види е видеото за песната кое го потпишува „Томато продукција“,  во кое Соња изгледа сосема поинаку од она што сме навикнале да ја гледаме, иако евидентно е дека по се низ што мина низ животот, годините како воопшто да не оставиле трага... Не барем на нејзиното лице, напротив... Тарчуловска сега изгледа ако не помлада, тогаш барем иста како порано, како времето за неа да застанало! Као звучи нејзината повратничка песна и како таа изгледа во модерно спакуваното видео - „Со црвено“, проследте во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Вака изгледа „Говорот на телото“ на Елена Велевска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgleda-govorot-na-teloto-na-elena-velevska-video/ Wed, 11 Mar 2020 09:54:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138785

Фолк пејачката Елена Велевска важи за една од најпопуларните македонски фолкерки, за што доказ се бројните настапи дома и во дијаспората.  Секој свој нов проект го работи темелно, маркетиншки осмислено, креативно и иновативно, па така беше овој пат. Имено, таа на публиката и го подари новото видео за нејзината стара песна “Говорот на телото”, кое првото таканаречено „верикално видео“ снимено кај нас, а го изработи „Томато продукција“,  додека како режисер на истото се потпишува  Бане Поповиќ. Позитивните коментари, реакции за не стивнуваат, видеото брои илјадници прегледи за кус временски период, а Велевска споделувајќи го видеото во етерот го напиша следното:   “Драги мои, сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага – нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. “Говорот на телото” од првиот ден го имаше вниманието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики… Не го следевме трендот на повторно снимање на песната, бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција. Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму “Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од фолк етерот”, напиша фолк пејачката. Погледнете како игледа „Говорот на телото“ на Елена Велевска: ]]>

Дунавка е главна во „Главен град на тагата“ на Владо Јаневски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-e-glavna-vo-glaven-grad-na-tagata-na-vlado-janevski-video/ Mon, 09 Jul 2018 10:31:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36980

Македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски деновиве, пото чно 05.јули, го промовираше спотот за неговата актуелна песна насловена „Главен град на тагата“, авторско дело на Владо, во аранжман на Роберт Билбилов и продукција на Дарко Димитров. Иако песната беше пуштена во радиоетерот уште кон крајот на месец март годинава, дури сега Јаневски реши да и го продолжи животот, освежувајќи ја истата со видеоспот.
Овој пат наместо балада, станува збор за песна со побрз ритам, во веќе препознатливиот стил на Јаневски. „Не ги затворај очите, без нив јас не знам во што да гледам. Некогаш во ноќите ѓавол ме зема, а тебе те нема да ми наполниш душа и да ми ја исцедиш снагата. Кога далеку си мене срцето ми е главен град на тагата“, пее тој во новиот сингл, за кој видеото го изработи „Томато“ продукција, а истотот е снимен на неколку различни локации во Скопје.
Владо останал доследен на својата традиција да не се појавува во своите видеа, па во отсуство на неговиот лик, покрај  двете анонимни девојки, главната улога ја има македонската мисица и модел, контроверзната Дунавка Трифуновска...
...која на моменти со своето провокативно издание му дава доза на еротски шмек на видеото.
Во очекување на концертните настапи на Владо Јаневски, како што се на 2 август во Античкиот театар во Охрид, на 17 август во Струмица со бендот во рамките на Струмица опен, на 24 август на Широк сокак во Битола, и секако на есен во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, погледнете го в идеото за „Главен град на тагата“, во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=ovRrAhQ4osk]]>