токсични фрази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Mar 2023 12:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png токсични фрази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Токсични фрази кои несвесно ги изговараме, а ни ја уништуваат врската: Дали ги користите? https://arhiva.vistina.com.mk/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/ Mon, 13 Mar 2023 14:30:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293066

Велат дека делата зборуваат погласно од зборовите, што е најчесто случај, но велат и дека изговорениот збор „не се враќа“. За жал, во партнерските односи, повеќето не се грижат за она што го кажуваат, особено во екот на гневот. Одредени зборови можат да ни го повредат духот и да остават долгорочни последици за нашата ментална состојба, а понекогаш можат да болат повеќе од физичка повреда. Ајде да ги погледнеме најчесто користените фрази кои долгорочно може да го влошат нашето партнерство: 1. „Ако така се чувствуваш – подобро да раскинеме“ Оваа реченица обично ја кажуваме среде кавга, кога не можеме да се справиме со обвинувањата и незадоволството од партнерот. Во тие моменти треба да се потсетиме дека бракот е спој на две личности кои заедно треба да бараат решение и компромис. Наместо често да се закануваме дека ќе раскинеме, можеме да го пробаме следново: – Во моментов се чувствувам лут, разочаран или погрешно разбран и тешко ми е да бидам покрај тебе. Те сакам ама ми треба простор, ќе разговараме кога ќе се „оладам“. 2. „Зборуваш глупости“ Чести се моментите кога мислиме дека нешто што ни го кажува другата половина е ирационално или бесмислено, но наместо да ги користиме токму тие фрази, посегнуваме по грдиот збор „глупав“. Ова е особено погрешно бидејќи го прави нашиот партнер да се чувствува токму така – „глупав“ и може да го спречи да споделува идеи, соништа или стравови со нас во иднина. Поинаква перспектива на гледање на нештата е нормална, дури и пожелна. 3. „Не сакам да зборувам за тоа“ Понекогаш ни треба пауза за време на дискусијата за да ја процениме ситуацијата, да ги оладиме главите и да размислиме за идните чекори. Но, ако целосно го игнорираме „слонот во собата“, односно проблемот во нашиот брак или врска, тој може да стане почетна капсула за катастрофа. Недоразбирањето е една од најчестите причини за прекинување на меѓучовечките односи, па затоа е многу важно да се разговара, без разлика колку е непријатна или болна одредена тема. Нагласете дека сè уште не сте подготвени да започнете разговор, но не го отфрлајте целосно. 4. „Ти си ист/а како татко ти/мајка ти“ Ова е големо, големо НЕ затоа што навистина може да повреди човек. Ако нашиот партнер ни верува доволно за да го сподели со нас своето детство или работи кои го мачат за неговите родители, никогаш не смееме да го злоупотребуваме тоа против него, без разлика колку сме лути. 5. „Само опушти се“ Во превод – престанете да размислувате за тоа. Реченица која всушност создава сосема спротивно чувство, доколку некоја личност ви ги искаже своите негативни чувства, а вие на овој начин ја предизвикате, генерално ќе предизвикате зголемен гнев. Извор: Попара.мк]]>

5 токсични фрази кои луѓето во врска ги кажуваат без да бидат свесни за нивното значење https://arhiva.vistina.com.mk/5-toksichni-frazi-koi-lugjeto-vo-vrska-gi-kazuvaat-bez-da-bidat-svesni-za-nivnoto-znachenje-2/ Wed, 26 Jan 2022 14:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236408

Кога станува збор за луѓе со кои имаме блиски односи, понекогаш се случува да кажеме нешто без да размислиме за последиците. Важно е да се има на ум дека без разлика на фактот колку сме блиски со партнерот, нашите зборови можат да бидат погрешно протолкувани. Во продолжение прочитајте кои се најчестите случаи на токсични фрази што партнерите си ги кажуваат еден на друг без да го сфатат нивниот ефект. 1. „Не е голема работа.“ или „Ќе го преболиш тоа.“ Фразите од таков тип се навидум добронамерни затоа што му помагате на партнерот да ги држи работите под контрола и објективно да гледа на нештата. Сепак, партнерот може да се почувствува навредено доколку се работи за некаква стресна ситуација, а вие се однесувате небрежно спрема истата. Доколку навистина сакате да му помогнете на партнерот и да му покажете дека се грижите за него, можете да се обидете со зборовите од типот: „Знам дека ти е тешко. Заеднички ќе го решиме проблемот.“ 2. „Ист си како татко ти/ иста си како мајка ти.“ Иако вашиот партнер се однесувал како наведената личност во дадена ситуација, сепак тоа не е изговор за ваквата навреда. На овој начин само ги злоупотребувате работите што ги споделил со вас партнерот, а се однесуваат на неговото семејство. Згора на тоа, таквите коментари можат лесно да избувнат во конфликти затоа што преку нив го потсетувате партнерот за особините на неговиот родител кои не му се допаѓаат. Наместо тоа, можете отворено да споделите со партнерот што е тоа што ви пречи кај него и заеднички да пронајдете начин да поработите на тоа. 3. „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“ Овој вид коментар е често присутен во моментите на фрустрација. Кога погрешно го карактеризирате партнерот со овие зборови, единствениот ефект што ќе го постигнете е тоа што партнерот ќе игнорира сè што ќе кажете потоа. Потребен е друг пристап доколку сакате продуктивен разговор. Затоа, подобро би било да бидете конкретни во врска со што е тоа што ве мачи во однесувањето на партнерот. Обидете се во ваквите ситуации да ги избирате зборовите на начин што нема да изгледа како покажување со прст кон некого. Само така луѓето ќе ве слушаат и ќе се обидат да ги задоволат вашите потреби. 4. „Погрешно го правиш тоа. Зошто не го правиш тоа на мој начин?“ Знаеме дека кога вашиот партнер ќе направи нешто на „погрешен начин“ или поинаку од вас, може да ви делува фрустрирачки. Таквиот коментар може да доведе до тоа партнерот да се почувствува потценето. Следниот пат можете да се обидете со: „Изгледа дека тешко ти оди. Имам идеја која може да ти помогне, сакаш да ја слушнеш?“ 5. „Готово е!“ Изјавите од типот „Готово е!“, „Сакам развод!“ или „Те мразам!“ можат значително да ги нарушат односите иако во моментот не сте свесни за тоа. Нормално е да чувствувате лутина кон партнерот, но морате да внимавате што ќе изговорите. Подобро е првин да се смирите, а потоа мирно да поразговарате за тоа што не функционира во вашата врска. Откако прочитавте за 5-те најчести токсични фрази кои луѓето во врска ги користат, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен. Извор: Кафепауза.мк]]>