ток шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Nov 2021 07:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ток шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По аферата со владините тендери на Жарко Димитриоски, неговата емисија го менува името: Падна предлог како да се вика „Еден на еден“ и еве кој е новиот кум на името (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-aferata-so-vladinite-tenderi-na-zarko-dimitrievski-negovata-emisija-go-menuva-imeto-padna-predlog-kako-da-se-vika-eden-na-eden-i-eve-koj-e-noviot-kum-na-imeto-foto/ Tue, 19 Oct 2021 09:35:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223494

Откако медиумите објавија дека фирмата “Еден на еден“ на ТВ водителот Жарко Димитриоски само годинава добила  на 9 тендери од различни институции околу 18 милиони денари или 300.000 евра, лавината реакци не запира. Порталите не престанаа да пишуваат за неверојатните суми кои владините институции и компании кои му дале тендери на Димитроски, меѓу кои   и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи. Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација” - напиша порталот Експрес. Откако тендер сумите беа обелоденети,  социјалните мрежи се усвитија и не престанаа да горат, а народот насмеаниот водител  „да не го вади од уста“. Твитерџиите, фесјбукџиите и инстаграмџиите исто така... Меѓу сите оние што фрлаат „дрвја и камења“ по „Жаре - „бизнисменот“ осамнаа и некои  довитливи постови или споделени хумористични „сечени, лепени, монтирани“ фотографии, иако вистината немонтирана и сурово реална. По џебот на народот, секако! Најпознатиот македонски камионџија ем истаграмџија, Дарко - Влогс исто така го „зеде водителот под свое“, па  сликовито кажа и прикажа се' во една слика и три збора. Емисијата на ТВ водителот Жаре Димитриоски го менува името. Ток шоуто повеќе нема да се вика „Еден на еден“... Сега има дебела причина за тоа. Камионџијата е новиот кум на името. Ја искористи банер рекламата на водителот за му го прекрсти шоуто. „Еден на еден“ сега прераснува во „Тендер на Тендер“... Дефинитивно пологично, а и поискрено звучи, иако е само Инстаграм шега на Дарко - Влогс, на сметка на водителот... И тоа  во четири очи, без тендер! Тендерите претходно завршија... на истата сметка! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/edennaeden    ]]>

Аца Лукас стартува со свое ТВ ток-шоу: Пејачот во улога на водител и во едно сосема поинакво светло (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-startuva-so-svoe-tv-tok-shou-pejachot-vo-uloga-na-voditel-i-vo-edno-sosema-poinakvo-svetlo-foto/ Tue, 27 Apr 2021 10:12:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200648

И среде корона пандемија, изгледа дека нема зима за фолк sвездата Аца Лукас! По албумот „Приспивна за сериозни бебиња“ со кој направи бум, тој ќе се претстави во комплетно ново издание како автор и водител на емисијата „Недела со Лукас“. Сопствено забавно-музичко ток-шоу, во кое фолкерот ќе го видите во улога на водител и во едно сосема понакво светло. Аца Лукас објави спектакл, емисија која ја чека целиот регион, шоу какво што досега гледачите не виделе, а ќе имаат можност да го гледаат секоја недела од 19 и 45 часот само на телевизија Хајп! Лукас, како што самиот изјавил,  решил да ја реализира оваа идеја, која му се мотала низ главата речиси една година.
]]>

Игор Џамбазов уште на времето вака им го „плесна в лице“ на Бугарите… и тоа на нивен терен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-ushte-na-vremeto-vaka-im-go-plesna-v-lice-na-bugarite-i-toa-na-niven-teren-video/ Wed, 02 Dec 2020 08:13:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178985

Бугарите упорно се обидуваат да не убедат дека сме Бугари. И нас и светот! Прават се' само за да „свиткаме кичма“, да клекнеме на колена и понизно да им паднеме во „братски прегратки“  полни со изнудена љубов за „с'штио народ“! И додека на секој нормален му е јасно дека „со сила убавина - не бива“, на оние кои со сила се прават „ненормални“ им е уште појасно дека мора да си ја одработат агендата, да си го одиграат орото на кое се (на)фатиле до крај, ако сакаат уште малку да поуживаат во привилегиите од нивниот „дебело платен рај“!  Само што за среќа поголемиот дел од народот не игра „во нивното оро на бугарска песна“, па работите не им одат баш како што планираа... Ниту на асимилаторските политики на источните „администратори“, ниту на предавничките „бизниси“ на домашните квислинзи. Македонскиот актер, шоумен, водител, музичар, писател... што ти уште не Игор Џамбазов, како и секој свесен и осознаен македонски интелектуалец со патриотско срце и душа, не може ниту да им премолчи, ниту да им прости на оние што упорно ја туркаат вакавата агенда. Затоа Игор се бори за себе, својата историја, својот народ, нација, јазик, идентитет, култура, за македонштината воопшто, на себесвојствен начин... Со мисла, збор и перо! Или со тастатура, ако повеќе сакате, според „новото нормално“! Речиси секојдневно Џамбазов на своите профили на социјалните мрежи споделува мудри мисли, пораки, цитати... со кои упорно покажува и докажува кои сме, што сме, какви сме, а кои и какви се  тие... И оние кои би сакале „на сила да не присвојат“ и оние кои добро се платени во тоа да им помогнат...   Но, ако мислите дека Џамбазов е „новокомпониран патриот“, се лажете... Како родољуб, како човек што си ја сака својата земја и народ, како вистински Македонец се раѓаш и тоа го носиш во себе, во генот... И нема цена која можат да ти ја понудат тоа да го смениш. Оние што тоа го прават, веројатно се родени со фелер... Со фабричка грешка или грешка на природата, сеедно! За оние што не знаат, не паметат или подзаборавиле, мало потсетување дека Џамбазов ова го докажа уште оддамна... И тоа на дело, уште пред две децении ако не и повеќе, кога на провокациите на „источните братја“ интилигентно им одговори со мудри мисли! А, кој умее да мисли, кој знае да чита „меѓу редови“, ќе сфати дека Игор на Бугарите „им го плесна меѓу рогови“! Директно в лице и тоа на нивен терен... Како прв познат и популарен Македонец кој своевремено гостуваше во многу популарното шоу на нивниот шоумен Славеј Слави Трифунов! Погледнете што му кажа и напиша пред вклучени камери во живо Игор на колегата Слави, како одговор во скриената порака која асоцира на нивните „незаситни апетити“ и вечно неостварени „македонски соништа“!