тодор бојаџиев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 11:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тодор бојаџиев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дуке Бојаџиев сегмент од своето рано детство и музиката на татко му преточи во емотивно документарно-музичко видео: „Запри срце“… ако можеш! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadhiev-segment-od-svoeto-rano-detstvo-i-muzikata-na-tatko-mu-pretochi-vo-emotiven-dokumentarno-muzichki-spot-zapri-srtse-ako-mozhesh-video/ Mon, 19 Feb 2024 11:41:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339123

Викендов по подолга пауза Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски  се најдоа повторно заедно на една сцена во Македонската филхармонија каде ги одржаа најавенитe концерти.   Интимни, искрени, топли и емотивни настапи за паметење. Допатуваа од три континенти, за повторно заедно да ја поведат публиката на незаборавно музичко патување како што само тие тројца вонсериски музичари знаат да изведат и тоа и го направија со своето суптилно музицириње. Ако квалитетот, атмосферата и енергијата на нивните музички перформанси се некако очекувани, она што само неколку дена пред настапите ги изненади и воведно разнежни љубителите на музиката на Дуке Бојаџиев, беше нешто што е поврзано со него и неговот семејство, музиката, но не лично неговата... Иако и во неговиот случај е оддамна јасно дека од гените -  не се бега! Имено, македонскиот пијанист и автор на својот Фејсбук профил неколку дена пред скопските концерти сподели едно документарно видео од своето рано детство. Истото правено со тогашната технологија, но затоа историски „злато вредно“ за самиот Дуке и неговата фамилија. Во суштина се работи за обична прошетка покрај познатата фонтана на влезот во Градскиот парк во Скопје на семејството Бојаџиеви - малиот тригодишен Дуке, неговата мајка и  татко, како и неговиот вујко... И ништо необично во сето тоа, доколку како музичка подлога во позадина не оди една прекрасна македонска забавна песна, еден од оние незаборавни шалагер евергрини од 70-ите... Оние кои живееле во тоа време знаат за какви среќни години се работи и  затоа можеби токму ним оваа документарно-музичка видеоприказна најмногу ќе им го стопли срцето. Ним, а најмногу на малечкиот од видеото, денес познатиот почитуван и признат македонски автор и музичар, во чија музика уживаме денес. Исто како оваа во заднината на споделеното видео, компонирана од неговиот татко, сега покојниот композитор, инаку лекар по професија, Тодор Бојаџиев! За минути на носталгија, патување низ спомените, времето, мислите и сеќавањата на едни навистина повеќе од среќни времиња... Затоа кај многумина што ги доживеале или знаат што значат вистинските вредности, ова музичко видеопарче, иако навидум многу приватно, за миг го запира срцето... Како што вели и насловот на самата песна - „Запри срце“, маестрално испеана од големата Сашка Петковска - Липша. Деновиве пред години...! „Запри срце“... ако можеш! Зашто од гените и спомените - не се бега! Фото и видео: Facebook/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>

Некогаш тој со неговиот татко, години подоцна неговиот син со него: Ова малечко момче, денес е еден од најценетите македонски композитори (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-toj-so-negoviot-tatko-godini-podotsna-negoviot-sin-so-nego-ova-malechko-momche-denes-e-eden-od-najtsenetite-makedonski-kompozitori-foto/ Sat, 13 Jan 2024 08:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332920

Денес тој е еден од најценетите и најпочитувани македонски композитори иако со години живвее и работи надвор од Македонија, „преку големата бара“ во САД. Во неговата биографија меѓудругото стои дека како и неговиот татко, некогаш познатиот гинеколог и композитор Тодор Бојаџиев и тој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде во 2001-ва година дипломирал на најпозатот музички колеџ на светот Беркли. Потоа се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи. Долги години работи како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со македонскиот режисер номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел и на рекламните кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, пежо, ланком... , но и како продуцент на ремикси на поп ѕведата пејачката Синди Лопер. Со свои соло концерти започнал од 2011 година, нешто што Дуке Бојаџиев го работи до денес. Токму во деновите пред Нова Година, Дуке сподели една стара сепија фотографија од дамнешните времиња на неговото рано детство. На неа тој како тригодишно детенце во прегратките на својот татко, Тодор Бојаџиев, кога ценетиот доктор и композитор бил на 27 годишна возраст. „Тој почина пред точно 14 години, остави многу убава музика и ме инспирираше да станам тоа што сум денес. Ти благодарам татко, почивај во мир“ - споделил Дуке покрај фотографијата со која ја одбележува годишнината од заминувањето на неговиот родител, ценетиот и почитуван Тодор Бојаџиев. Дека крвта не е вода, а гените не можат да се купат или монтираат, туку само можат да се наследат, е едно кусо видео од пред неколку години, кое многу потсетува на тазе споделената фотографија. Во клипот сега веќе познатиот и ценет Дуке Бојаџиев седнат зад еден од своите синтисајзери во домашна атмосфера, а во неговиот скут едно малечко детенце што ниеизмерно потсетува на она од претходно споменатата фотографија. Неговото синче Леон во прегратките на својот тако ги прави првите обиди да се запознае со музиката... Малиот Леон и тато Дуке, кој твори и зад себе остава многу убава музика и многу извесно го инспирира својот син и тој еден ден да стане она што е неговиот татко денес, а неговиот дедо некогаш... Случајна сличност со многу симболика, многу дарба и уметност и најмногу од се',  толку чиста љубов! Фото: Фејсбук/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>