титули – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Mar 2023 10:06:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png титули – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Децата на Хари и Меган дури сега добија титули, а најважен за тоа беше нивниот дедо, кралот Чарлс https://arhiva.vistina.com.mk/detsata-na-hari-i-megan-duri-sega-dobija-tituli-a-najvazhen-za-toa-beshe-nivniot-dedo-kralot-charls/ Fri, 10 Mar 2023 10:06:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292745

Децата на војводата и војвотката од Сасекс официјално ги добија титулите принц и принцеза, објавено е на официјалната веб-страница на британското кралско семејство. Објавата дојде еден ден откако Хари и Меган објавија дека нивната ќерка Лилибет е крстена. Тригодишниот Арчи и Лилибет, која наполни една година, се прогласени за принц и принцеза од Сасекс. Арчи е шести во редот за тронот, а Лилибет е седма.
Правилата со кои се регулираат титулите на кралските деца биле поставени од кралот Џорџ Петти, дедото на кралицата Елизабета, во 1917 година. Арчи и Лилибет не беа принц и принцеза по раѓањето, бидејќи не биле внуци на монархот, но тие го стекнале правото на овие титули кога кралот Чарлс се качил на тронот. „Титулите на децата се право по раѓање откако нивниот дедо стана монарх. Оваа работа е решена веќе некое време во договор со Бакингемската палата“, изјави портпаролот на принцот Хари и Меган. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм]]>

Mеѓу нас не постои его: Mанекенките од „Црнокрак“ меѓу најубавите на светските избори за мис (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/megju-nas-ne-postoi-ego-manekenkite-od-crnokrak-megju-najubavite-na-svetskite-izbori-za-mis/ Mon, 03 Oct 2022 06:27:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269724

Катарина Јовановска, Мија Стерјовска и Ива Пеева од „Mодното студио Црнокрак“ летово освоија титули на изборот за мис топ-модел, што се одржа во Либан. Секоја од нив има поинакво искуство од изборот, но трите велат дека не очекувале да освојат титула и затоа се пресреќни. Во Либан беа повеќе од три недели, време во кое се запознаа со локалната култура, се прошетаа во неколку градови, јадеа локални специјалитети и се дружеа со уште четириесет девојки од целиот свет. „Кога одиш на избор на убавина, најважно е да си приземен, да знаеш дека можеш да освоиш титула, ама да не покажуваш его и нарцисоидност. Таму не можам да мислам дека сум подобра од другите зашто сите девојки се убави и сите сме заедно во истиот брод“, рече за „Репортер“ Катарина, која беше избрана за мис елеганција. По професија е правник. Вели отсекогаш сакала да биде адвокат, а убавината никогаш не ѝ пречела во тоа, иако кај нас и денес знаат да кажат дека убавите девојки не може и да се паметни. ">Мија е ученичка во гимназијата „Јосип Броз-Тито“. На почетокот на годината таа стана втора придружничка на мис Европа, а овој пат влезе во десетте најубави девојки на изборот. Долго пред да ја засака модата тренирала кикбокс. Учествувала на многу домашни и европски првенства, па сега дома има награди и од изборите за убавина и од спортските натпревари. „Кога почнав да се занимавам со манекенство, мислев дека ќе мора да се откажам од кикбоксот, но сфатив дека можам да им се посветам и на двете работи зашто еднакво ме исполнуваат. А моите блиски се гордеат на успесите што ги постигнувам на двете полиња“, ни изјави Мија. "Ива е средношколка од гимназијата „Орце Николов“. Изборот за мис во Либан е првиот на кој учествувала, а ја освои наградата „Мис тин“. Вели, бидејќи била најмала од сите учеснички, другите девојки ја чувале и најмногу се грижеле за неа. „Си бевме поддршка една на друга, се дружевме, си поминавме супер. Пред да излезам првиот пат на сцената имав голема трема, мислев ќе се сопнам со штиклите и ќе паднам, ама тоа не се случи. Искрено, пресреќна сум што освоив круна, па повремено си ја ставам на главата и се гледам“, искрена е Ива. "За изборите на убавина на кои учествувале, модното студио „Црнокрак“, колку им се важни титулите, за поддршката од околината и за љубомората... Гледајте го видеото... ]]>

Две Македонки се вратија со титули од Miss Fashion TV Europe 2018 & FTV Spring Festival https://arhiva.vistina.com.mk/dve-makedonki-se-vratija-so-tituli-od-miss-fashion-tv-europe-2018-ftv-spring-festival/ Thu, 10 May 2018 10:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26213

Минатиот викенд во Букурешт, Романија се одржа изборот за Мис Фешн ТВ Европа 2018, заедно со Пролетниот Фешн ТВ Фестивал. Тоа не беше обичен избор, туку вистински моден спектакл, кој се одржа во Романскиот парламент.
Македонија имаше две претставнички, Ива Михајловска и Сандра Стефановска и двете успеаја да освојат титули. Ива ја освои титулата Мис Фешн ТВ Стар, доделена лично од Мишел Адам, сопственикот на Фешн ТВ, а Сандра е Мис Телегеник, специјална титула која ја доделуваат 10 камермани на ФТВ, кои цело време ги снимаат девојките и со нивните камери и на телевизијата. Сандра од сите изгледаше најубаво, затоа и ја освои титулата е Мис Телегеник.
Со титулите кои ги освоија, тие автоматски се пласираа на светското финале, Мис фешн впорлд 2018, кој во септември ќе се одржи на Кипар.
Лиценцата за Македонија за овој Интернационален избор за убавина и модели ја поседува Модното студио Црнокрак, чии членки се Ива и Сандра и во чија организација тие отпатуваа, престојуваа и учествуваа на изборот во Букурешт.
 ]]>