тирамису – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 May 2023 10:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тирамису – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Слатка магија во чинија која ќе ве освои од прва, супер брзо тирамису https://arhiva.vistina.com.mk/slatka-magija-vo-chinija-koja-ke-ve-osvoi-od-prva-super-brzo-tiramisu/ Wed, 17 May 2023 10:36:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302491

Брзиот тирамису е едноставен и вкусен колач кој ќе го воодушеви вашето сетило за вкус, а состојките што ќе ви бидат потребни се маскарпоне сирење, јајца, бисквити, кафе, кафеав шеќер, ванилин шеќер, какао во прав и рум. Уживајте! Состојки: 500 гр маскарпоне сирење 400 гр бисквити три шолји кафе шест лажички кафеав шеќер ванилин шеќер три лажички какао во прав две лажички рум Подготовка: Сварете го кафето и оставете го да се излади. Одделете ги жолчките и белките. Изматете ги белките со три лажички шеќер додека не се стегнат. Измешајте ги жолчките со преостанатиот шеќер. Во садот со жолчките додадете го сирењето маскарпоне и румот и нежно измешајте. Кога ќе се добие еднолична смеса, се додава снегот од белки. Потопете ги бисквитите во изладеното кафе и наредете ги на дното од стаклениот сад, па прелијте со кремот. Постапката повторете ја уште два пати, а последниот слој посипете го со какао. Изладете и послужете. Извор: Курир.мк]]>

Лажно тирамису: Поекономично од оригиналот, а вкусот е чиста фантазија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/lazno-tiramisu-poekonomichno-od-originalot-a-vkusot-e-chista-fantazija-video/ Fri, 22 Jul 2022 08:15:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259861

Тирамису е познат италијански десерт кој е популарен во целиот свет. Тој лесно се подготвува, а оригиналната верзија содржи маскарпоне и јајца додека за „лажното“ тирамису се потребни поевтини состојки, а колачот е подеднакво вкусен како и вистинскиот. Познатото сирење заменете го со фил од ванила и подгответе фантастичен десерт кој ќе им се допадне на сите. Потребни состојки: – 70 гр. шеќер – 40 гр. пченкарен скроб – 2 жолчки – 500 мл. млеко – 8 гр. ванилин шеќер – пишкоти – малку кафе – какао Начин на подготовка: 1. Помешајте го шеќерот со скробот, па додајте ги жолчките и млекото. 2. Ставете ги состојките во сад на оган и варете додека смесата не се згусне, со постојано мешање. 3. Додајте го ванилиниот шеќер, добро промешајте и тргнете го садот од оган. 4. Пишкотите потопете ги во кафе, па наредете ги во калап кој ќе го обложите со проѕирна фолија. 5. Одозгора ставете го филот, па повторно наредете пишкоти и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките при што последниот ред треба да се пишкоти. 6. Прекријте со проѕирна фолија и оставете да се излади во фрижидер 3 до 4 часа. 7. На крајот посипете со какао во прав. ]]>

Од ова не може побрзо – готово за 5 минути: Пробајте го летниот рецепт на Гордон Ремзи за совршено тирамису (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/od-ova-ne-moze-pobrzo-gotovo-za-5-minuti-probajte-go-letniot-recept-na-gordon-remzi-za-sovrsheno-tiramisu-video/ Thu, 07 Jul 2022 12:15:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257596

Овој рецепт ќе ве воодушеви, а вкусот долго ќе го паметите. Состојки: – 300 грама крем-шлаг; – Екстракт од ванила; – Шеќер во прав; – 250 грама маскарпоне сирење; – 1 шолја црно кафе; – Пишкоти. Подготовка: – Во чинија ставете го шеќерот во прав, додадете го крем-шлагот и добро измешајте. – Во друга чинија ставете го маскарпоне сирењето и екстрактот од ванила и добро помешајте. – Во шлагот додадете ја мешавината од маскарпоне сирење и ванила и добро измешајте. – Потоа потребно е да ги распоредите пишкотите и да ги потопите во кафето, па да ги ставите во чашата. – Смесата ставете ја во чашите и можете одгоре да нарендате темно чоколадо. ]]>

Најбрзото тирамису на светот по рецепт на познатиот Гордон Ремзи: Кремасто совршенство во чаша (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/najbrzoto-tiramisu-na-svetot-po-recept-na-poznatiot-gordon-remzi-kremasto-sovrshenstvo-vo-chasha-video/ Mon, 11 Apr 2022 07:51:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245898

Познатиот готвач Гордон Ремзи открива како да направите брз, но вкусен десерт. Сите обожуваат тирамису, кој главно лесно се прави, но сега можете да го подготвите и за помалку од една минута. Испробајте го рецептот бидејќи не се разликува многу од оригиналот, а вие нема да изгубите многу време. Потребни состојки: - 170 мл. слатка павлака - 225 гр. маскарпоне сирење - 4 пишкоти - 225 мл. инстант кафе (растворено во вода) - 4 лажички Марсала - 35 гр. шеќер во прав - 1 лажичка екстракт од ванила - рендано чоколадо Начин на подготовка: 1. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, а во друг сад помешајте го алкохолот, маскарпонето и екстрактот од ванила. 2. Потоа, соединете ги двете смеси. 3. Пишкотите скршете ги на половина, потопете ги во раствореното кафе и ставете ги во чаши. 4. Одозгора ставете го филот, па украсете со изрендано чоколадо.]]>

Кремаст тирамису со малини: Фантастично освежување за топлите летни денови! https://arhiva.vistina.com.mk/kremast-tiramisu-so-malini-fantastichno-osvezuvanje-za-toplite-letni-denovi/ Fri, 13 Aug 2021 07:12:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215094

Се подготвува многу брзо, многу е вкусно и не бара премногу состојки. Ви предлагаме да го пробате рецептот со малини, кој на вашиот омилен десерт ќе му донесе чувство на свежина. Состојки за 8 порции: 250 мл слатка павлака 50 гр шеќер во прав, 500 гр маскарпоне сирење, шолја црно кафе, 3 лажици амарето или друг алкохол, 150 гр бисквити, 4 лажици какао, 200 гр малини Подготовка: Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додадете го маскарпонето. Измешајте го кафето со амаретото. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол. Подгответе сад и наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со кисела павлака и сирење и покријте со друг слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Покријте го врвот со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа. Пријатно јадење!]]>

Банана тирамису: Кремасто и сочно совршенство што не се заборава https://arhiva.vistina.com.mk/banana-tiramisu-kremasto-i-sochno-sovrshenstvo-shto-ne-se-zaborava/ Tue, 25 Aug 2020 13:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164703

Комбинацијата на банана и кокос ќе ги разбуди сите ваши сетила. Потребни состојки: 4 банани 500 грама сирење маскарпоне прстофат сол 80 грама шеќер во прав 3 јајца 1 ванилин шеќер 2 пакувања пишкоти ¼ литар кокосово млеко ¼ литар кокосов ликер Начин на подготовка: Изматете ги јајцата, шеќерот, солта и ванилиниот шеќер за да добиете пенеста смеса. Потоа, додајте го маскарпонето, лажичка по лажичка. Измешајте ги млекото и ликерот од кокос и натопете ги пишкотите. Наредете ги на сад за печење или во чаша за десерт и додајте ги кремот и исечканите банани. Завршниот слој треба да биде крем. Оставете го тирамисуто да отстои во фрижидер во текот на ноќта. Пред послужување, посипете го десертот со какао во прав. извор:кафепауза.мк]]>