тина мицковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Aug 2019 08:18:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тина мицковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ПР-от на зоолошка остро ги прозва инфлуенсерите, а Лила се почувствува повикана: „Баш сакав да легнам покрај тигарот ама немам тигреста купаќа!“ https://arhiva.vistina.com.mk/pr-ot-na-zooloshka-ostro-gi-prozva-influenserite-a-lila-se-pochuvstvuva-povikana-bash-sakav-da-legnam-pokraj-tigarot-ama-nemam-tigresta-kupakja/ Thu, 15 Aug 2019 08:05:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102211

Блогерството и инфлуенсерите на социјалните мрежи, во светот не се никаков новитет, но кај нас и во регионот, сега е нивното време. Сепак, оваа работа кај нас им се исплати само на познатите, а најмногу на популарните водителки и пејачки. Врвот го достигнува Лила, која слободно може да се каже дека е најпопуларна, а тоа не го докажува само бројот на следбеници на Инстграм кои ги има, туку и бројните соработки со разни брендови и компании кои ги остварува.
Иако е постојано активна со ваквите објави на својот профил, Лила умешно знае како да не биде нападна, туку напротив да биде интересна, најпрвин таа да им се допадне на луѓето, а потоа и производот кој го промовира. За тоа да е така, потребна е добра стратегија, смислен говор, локација... А Лила е вистински експерт во тоа.
Иако Лила досега не правела фотосесија во скопската зоолошка, таа се почувствува повикана по прозивката на ПР-от на зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, која на Фејсбук ги прозва инфлиенсерките и блогерките во обид, веројатно поттикната од некоја случка во зоолошката градина, па напиша:
До сите новопечени инфлуенсерки и „wannabe“ блогерки: - Не, не може да јавате слонче - Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа - Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате - Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар - Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF - Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче - Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете, пишува Тина, а Лила не можеше да додржи да не одговори, особено за втората потточка со тигарот и тигрестата „купаќа“.
„Утре доаѓам, и баш сакав да легнам покрај тигарот, ама немам тигреста купаќа, види смисли нешто“ - возврати Лила.
За да не му ја мисалат другите смисливме ние, па и најдовме на Лила соодветни бикини.
За се' има решение, па дури и кога е во прашање слонот!
]]>

Скопје ЗОО со чисти езера и нови зелени катчиња https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-zoo-so-chisti-ezera-i-novi-zeleni-katchinja/ Mon, 08 Apr 2019 08:57:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81679

Изминатиот период, вработените во Зоолошката градина во Скопје секојдневно работеа на чистење на езерата, како и на уредување на нови зелени катчиња.
По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници – врби, бадеми, лешници, малини, како и повеќе видови цвеќиња.
Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш, во Зоолошката имаше рекордни 18.000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12.000 посетители на почетокот на март.
„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“, изјави портпаролот на Зоолошка градина – Скопје, Тина Мицковска.