тиквички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Nov 2023 11:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тиквички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Супа од тиквички која топи масни наслаги: Брзо и лесно се спрема, а ќе ви ја згрее душата https://arhiva.vistina.com.mk/supa-od-tikvichki-koja-topi-masni-naslagi-brzo-i-lesno-se-sprema-a-ke-vi-ja-zgree-dushata/ Wed, 22 Nov 2023 13:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328087

Потребно е: 1 кромид 1 морков 3-4 тиквички 4 чешниња лук 1 лажица чадена или слатка пиперка магдонос и сирење Подготовка: Кромидот и морковот исечкајте ги и пропржете ги, па додајте ги сечканите тиквички и налејте вода. Посолете, покријте и варете 15-20 минути, а потоа додадете цели чешниња лук. Измешајте сè. Потоа додадете мелен пипер и сè повторно изблендирајте. Можете да декорирате со магдонос и рендано сирење. Извор: Попара.мк]]>

Песто од тиквички е совршен летен сос https://arhiva.vistina.com.mk/pesto-od-tikvichki-e-sovrshen-leten-sos/ Thu, 10 Aug 2023 11:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313358

Без разлика дали ќе го послужите со интегрални тестенини или како сос за свеж зеленчук, ова песто од тиквички сигурно ќе ви се допадне! Лесните летни оброци кои не бараат многу подготовка се се што посакуваме овие денови, а ова песто од тиквички е токму тоа. Лесно се подготвува, не бара уклучување на шпоретот или рерната и најдобро од сè – можете да го подготвите во поголеми количини и ќе биде готов за јадење директно од фрижидер. Можете исто така да го замрзнете и да уживате во свежо песто во текот на целата година. Состојки: 200 гр тиквички 1/2 лажичка сол 30 гр рендан пармезан 30 гр пекорино сирење 125 гр маслиново масло 30 гр ореви 1 китка свеж босилек Подготовка: Изрендајте ги тиквичките и посолете ги, па оставете ги 30 минути да се ослободи вишокот вода. Тиквичките исцедете ги и ставете ги во блендер, па додајте ги останатите состојки и половина од количината масло. Измешајте ги состојките додека не се соединат, а потоа додадете го остатокот од маслото и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Послужете со интегрални тестенини или со здрави грицки и зеленчук. Добар апетит! извор:попара.мк]]>

Лесен летен ручек: Тиквички полнети со сирење и сусам https://arhiva.vistina.com.mk/lesen-leten-ruchek-tikvichki-polneti-so-sirene-i-susam/ Mon, 31 Jul 2023 13:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312143

Ако сакате да направите нешто набрзина, тогаш можете да подготвите тиквички со сирење и сусам. Состојки: три тиквички 200 гр крем сирење две лажички препечен сусам три чешниња лук шака сечкани листови магдонос сол, сув зачин Подготовка: Тиквичките измијте ги, исечете ги на половина по должина и малку издлабете го центарот со лажица. Во суво тавче препечете го сусамот, па измешајте го со сирењето, сечканиот лук, магдоносот и другите зачини. Со ова премачкајте ги половинките од тиквички. Ставете ги во тава покриена со хартија за печење која сте ја попрскале со малку маслиново масло. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути. извор:курир.мк]]>

Брзи тортиљи со тиквички и сирење: Може да се јадат за доручек, ручек или вечера! https://arhiva.vistina.com.mk/brzi-tortili-so-tikvichki-i-sirene-mozhe-da-se-jadat-za-doruchek-ruchek-ili-vechera/ Thu, 13 Jul 2023 11:56:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310153

Со оглед на тоа дека сезоната на тиквички е во полн ек, искористете ја за да направите најразлични вкусни јадења. Меѓу нив е и оваа брза и едноставна тортиља со тиквички и сирење, која е хит бидејќи може да се јаде за појадок, ручек и/или вечера. Состојки: 1 среден кромид 2 средни тиквички 200 г варена пченка 2 големи јајца 200 г рендана гауда или сирење по желба 50 г рендан пармезан или грана падано сирење 4 големи тортиљи сол и црн пипер маслиново масло Подготовка: 1. Кромидот ситно исечкајте го. Пропржете го на две или три лажици маслиново масло. Додадете ги тиквичките кои претходно ги измивте, излупивте и исечкате на помали коцки или ленти. Доколку имате домашни неизлупени тиквички, слободно оставете ја кожата на нив. Посолете, бибер и динстајте ги кромидот и тиквичките пет минути. 2. Изматете ги јајцата и истурете ги во садот со тиквичките и кромидот. Кога ќе се направат јајцата, тргнете ги од оган и додајте ја сварената пченка и пармезанот или граната падано и измешајте. Подгответе голема тава и истурете малку маслиново масло во неа и загрејте ја на средно висока температура. 3.На чинија ставете една тортилја, посипете ја со малку изрендана гауда, намачкајте половина од смесата со тиквички и јајца, повторно посипете со сирење и покријте ја со друга тортиља. Внимателно префрлете ги тортиљите во тавата и прво пржете од едната страна две до три минути. Потоа превртете ја на другата страна и исто така печете две до три минути додека сирењето не почне да се топи. При печењето слободно стиснете ги тортиљите за полесно да се залепат. Постапката повторете ја со останатите тортиљи и филот. Кога ќе се испечат, исечете ги на триаголници и послужете. Извор: Курир]]>

Летно јадење број 1: Најлесниот рецепт за сочни ќофтиња од тиквички https://arhiva.vistina.com.mk/letno-jadenje-broj-1-najlesniot-recept-za-sochni-kjoftinja-od-tikvichki/ Mon, 25 Jul 2022 13:09:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260137

Ќофтињата од тиквички се вкусно вегетаријанско предјадење кое однадвор е крцкаво, а внатре кремасто, а рецептот за нивна подготовка е брз и лесен. Идеални се во секое време од денот, ги сакаат и возрасните и децата, кои по првото сигурно ќе побараат повеќе. Одлични се и топли и ладни, за јадење дома или за носење на работа. Ако сте еден од оние луѓе на кои ќофтињата без месо им се сосема бесмислени, слободно додадете малку сечкана шунка, сланина, колбас или мелена мисирка. Состојки за ќофтиња: 400 гр тиквички 4 лажици рендан пармезан 1 чешне лук 100 гр леб (само средината) 50 мл млеко 1 јајце 2 супени лажици маслиново масло прстофат или две сол малку бибер Дополнително: 4-5 лажици презла масло за пржење Подготовка на ќофтиња од тиквички: Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на помали коцки. Загрејте ја тавата, додадете маслиново масло и на масло пропржете го издробениот лук. Додадете тиквички и динстајте околу 10 минути. Исклучете ја топлината и изладете ги. Средината на лебот натопете ја во млеко и исцедете ја. Јајцето измешајте го со рендано сирење, додајте ја средината на лебот, маслиновото масло, солта, биберот и тиквичките и убаво измешајте. Ако смесата е премногу мека и леплива, додадете неколку лажици презла. Обликувајте ги ќофтињата, виткајте ги во презла и ставете ги во фрижидер половина час да се изладат малку и да се стегнат. Извадете ги ќофтињата од фрижидер и пржете ги во длабока тава на добро загреано масло. Послужете како топло предјадење со вашиот омилен сос и сезонска салата. извор:курир.мк]]>

Мека, сочна и со божествен вкус: Брза чоколадна торта со тиквички https://arhiva.vistina.com.mk/meka-sochna-i-so-bozestven-vkus-brza-chokoladna-torta-so-tikvichki/ Tue, 28 Jun 2022 12:21:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256300

Сезоната на тиквички е во полн ек, па секојдневно откриваме нови рецепти чија главна ѕвезда е овој сочен и вкусен зеленчук. Најчесто се користат за мусака и поховање, а има бројни трикови за полнење на тиквички со сирење или мелено месо. Сепак, она што повеќето не го знаат е дека тиквичките се погодни и за рецепти за домашни десерти, во кои можат да се „однесуваат“ како највкусниот и најкремаст фил! Состојки: 1,5 шолји млеко 1 лажичка оцет 3 чаши брашно 70 грама какао 1 лажичка сода бикарбона 1 кесичка прашок за пециво 1 шолја шеќер 1,5 чаши пире од јаболка шолја сечкани тиквички чоколадна глазура Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во подлабок сад измешајте ги млекото и оцетот, па добро изматете и оставете да отстои. Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото во прав, прашокот за пециво и сода бикарбоната и сè убаво измешајте. Во првиот сад со млеко и оцет додадете шеќер и изгмечено јаболко. Потоа соединете ја оваа смеса со сувите состојки со постојано мешање за да не се формираат грутки. Половина од смесата истурете ја во калап подмачкан или обложен со хартија за печење. Потоа одозгора наредете ги тиквичките исечкани на коцки, а прелијте ја со остатокот од смесата. Печете најмалку половина час. Кога малку ќе се излади, прелијте го со растопената чоколада.]]>

Рецепт за превкусни солени колачи со тиквички и сирење https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-prevkusni-soleni-kolachi-so-tikvichki-i-sirenje/ Fri, 17 Jun 2022 12:10:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254984

Тиквичките се вистински хит секое лето. Можат да бидат совршена закуска за појадок, ручек или вечера. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за солени колачи со сирење и тиквички кои не само што се вкусни туку се и едноставни за приготвување. Потребни состојки: 350 грама тиквички 60 грама сирење 50 грама лебни трошки 30 грама пармезан 2 лажици брашно 1 јајце ½ лажичка суво оригано сол и бибер по желба масло за печење Начин на подготовка: 1. Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во чиста крпа за да се исцеди вишокот вода. 2. Ставете ги исцедените тиквички во поголем сад и измешајте ги со ренданото сирење и јајцето. 3. Во смесата додадете ги лебните трошки и зачините. 4. Со раце обликувајте ги колачите со по една до две лажици од подготвената смеса додека не ја потрошите целата. 5. Колачите ставете ги во загреана рерна на 200 степени целзиусови и печете околу 20 минути или додека не поруменат и не станат крцкави. 6. Послужете со сос по желба. На здравје! извор:кафепзауза.мк]]>

Тиквички со кашкавал и шунка, подгответе брзо и лесно https://arhiva.vistina.com.mk/tikvichki-so-kashkaval-i-shunka-podgotvete-brzo-i-lesno/ Fri, 20 May 2022 12:15:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251532

Тиквичките се омилен летен зеленчук од кои може да направите разна храна. Ви предлагаме рецепт за ролнички од тиквичка полнети со кашкавал и шунка, ова е супер предјадење кога се работи за прослави, а може да ги подготвите и како лесна вечера. Состојки: 2 тиквички 200 гр. кашкавал по избор 150-200 гр. шунка 200 гр. презла оригано домат Подготовка: Тиквичките исечете ги на широки ленти со дебелина од околу 3 мм. Ставете ги во тава за печење (може да биде обложена со хартија) на која претходно сте ставиле малку зејтин. Посолете и печете на 180 степени околу 15 минути. По печењето, тиквичките валкајте ги во презлата во која претходно ќе го ставите ориганото. Кашкавалот и шунката исечете ги тенко на ленти и ставете врз тиквичката, па потоа завиткајте ролничка. Во огроотпорен сад ставете зејтин и малку презла, а потоа наредете ги ролничките од тиквичка и одозгора ставете парче домат. Печете на 180 степени околу 30 минути. Добар апетит. ]]>

Рецепт за маринирани тиквички: Совршен прилог за скара или додаток на салати https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-marinirani-tikvichki-sovrshen-prilog-za-skara-ili-dodatok-na-salati/ Wed, 11 May 2022 13:10:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249901

Со маринирани тиквички во фрижидер на дофат на раката, ќе имате совршен прилог за риба или месо, додаток на која било салата или одличен прилог за предјадење како ролати со свежо сирење или хумус. Освежителни, миризливи и малку зачинети, маринираните тиквички убаво ги воздигнуваат вкусовите во имагинативните сендвичи и одлично се вклопуваат со леб и скара. Најдобро од сè, подготовката не е комплицирана и не одзема многу време. Италијанците сакаат маринирани тиквички и често ги печат малку на скара пред да ги стават во мешавина од масло, оцет и билки, но тие се одлични и сирови – најдобро е да се исечат на тенки парчиња. Состојки за маринирани тиквички: 3 средни тиквички 2 лажички сол 300 мл оцет 250 мл маслиново масло 5 чешниња лук 2 лажички оригано 2 лажички сушен магдонос 1 лажичка чили или пиперка (најдобро во снегулки) Подготовка на маринирани тиквички: Компирите се лупат и се сечат што потенко, по можност со мандолина, па се посипува со половина лажица сол и се остава да отстои половина час. Во тенџерето истурете маслиново масло, излупени, цели чешниња лук, преостанатата сол, оригано, магдонос и чили снегулки. Загрејте на тивок оган, но не доведувајте до вриење. Оставете неколку минути на оган, а потоа извадете го лукот и оставете го на страна. Тиквичките исцедете ги од вишокот вода, па наредете ги парчињата во тегла и нежно притиснете ги со лажица. Прелијте ги со маринадата и во секоја тегла ставете по едно чешне лук. Чувајте ги теглите во фрижидер и оставете ги преку ноќ. Конзумирајте ги во рок од една недела. извор:попара.мк]]>

Лесно и сочно јадење, совршено за летните денови! https://arhiva.vistina.com.mk/lesno-i-sochno-jadenje-sovrsheno-za-letnite-denovi/ Fri, 13 Aug 2021 10:41:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215263

Јадење лесно за подготовка што освојува со својот полн вкус при првиот залак. Одлично е како главно јадење, а исто така и како ладно предјадење. Состојки: тиквички 2 кг мешано мелено месо 0,5 кг кромид 1 мала главица јајца 4 млеко 100 мл сол по вкус бибер по вкус магдонос по вкус брашно 100 гр Како да се подготви: Исчистете ги тиквичките, исечете ги по должина, посолете и оставете ги на страна да истече водата. Кромидот добро пропржете го на малку масло, потоа додадете мелено месо, сол, бибер, магдонос и други зачини по вкус. Исцедете ги тиквичките малку од водата, а потоа превртете ги лесно во брашно. Се реди во тава во која претходно сте сипале малку масло. Наредете ред тиквички, ред месо и завршете со тиквички. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна да се пече околу 15 минути. Потоа отстранете ја фолијата. Изматете 4 јајца со 100 мл млеко и прелијте ги тиквичките. Вратете се во рерна уште 15 минути за добро да се испече. Оладете малку, потоа исечете ги на коцки и послужете. Пријатно јдење!]]>