тиквешки гроздобер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Sep 2023 05:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тиквешки гроздобер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лепа Брена по речиси 40 години дојде во Кавадарци, а овие познати Македонки и „дишеа во врат“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-po-40-godini-dojde-vo-kavadartsi-a-ovie-poznati-makedonki-i-dishea-vo-vrat-foto/ Mon, 11 Sep 2023 09:31:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317259

После цели 40 години, големата југословенска ѕвезда Лепа Брена дојде во Кавадарци, овој пат за да пее на традиционалниот Тиквешки гроздобер. Брена беше ѕвездата на крајот од третата вечер на манифестацијата каде се собра публика од цела Македонија. Повозрасните кавадарчани се сеќаваат на настапот на Лепа Брена на градскиот стадион пред четири децении, па сега после толку години правеа споредба од она што го гледале и слушале тогаш и ова сега. А Брена, таа сигурно остарена и поразлична од тоагаш, но со истата професионалност и ѕвезден сјај на сцена и со квалитетен звук кој полнеше уши и душа со хитовите кои беа добро познати на нејзината публика. Љубопитни да ја видат и слушнат беа и помладите кои немале таква можност. До Брена беше тешко да се допре, големата балканска ѕвезда немала некои посебни барања од организаторот, освен мир и тишина пред концертот, па домаќините ја сместиле во Хотел Ангропалас во луксузен апартман. Многумина сакаа да се доближат и да се сликаат со Брена за спомен, но ретко кој имаше таква можност освен привилегираните, а меѓу нив беа Лила Филиповска од првите редови до сцената, младата Лина Пејовска која ја отвори вечерта, а таму беше и Мелита и ќерка и Барбара која пак пееше претходната ноќ. Токму овие познати Македонки имаа можност да бидат близу до Брена, да ја снимаат, фотографираат и да се пофалат на социјалните мрежи. Брена во свој фазон ги откри долгите вити нозе, но не баш имаше желба, а можеби и снага за играње и покажување енергичност. Облечена во светкав деколтиран фустан, повеќето од песните ги отпеа седејќи. Инаку, настапот на Брена започна во доцните вечерни часови, а публиката остана да ја слуша се до полноќ кога со огномет беше затворено и традиционалното 59-то издание на Тивешкиот гроздобер кој е гордост на градот. фото: Фејсбиук/ Тиквешки Гроздобер Кавадарци]]>

Розга ја „запали“ сцената во Кавадарци: Публиката врискаше на сиот глас поради овој нејзин потег (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/rozga-ja-zapali-scenata-vo-kavadarci-publikata-vriskashe-na-siot-glas-poradi-ovoj-nejzin-poteg-video/ Mon, 09 Sep 2019 08:44:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105783

Познатата хрватска музичка ѕвезда Јелена Розга  беше дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во организација на општина Кавадарци, кој се одржува децении наназад како една убава најава за бербата на грозјето. Розга за првпат беше во градот на виното и ракијата кој и годинава го посетија илјадници посетители не само од земјава, туку и од странство. Пејачката на сцената се појави во бел фустан кој ја оцртуваше нејзината витка линија на телото, а акцентот беше на нејзиното длабоко деколте.
Публиката уживаше во најголемите хитови на пејачката повеќе од час и половина, додека машкиот пол од публиката речиси се препотуваше на секоја необична поза на Розга која беше ултра динамична на сцената. Уште на почетокот таа најави дека ќе се симне во публиката за да се дружи во нив, а тоа и го направи. Еуфорријата беше уште поголема, а присутните од првите редови врискаа на сиот глас.
„Тиквешкиот гроздобер“ заврши вчеравечер со концертот на Здравко Чолиќ кој неколкупати доаѓа во Кавадарци. Целото видео од настапот на Јелена можете да го погледнете во продолжение:  ]]>