тиквеш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 May 2019 09:34:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тиквеш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вината на „Тиквеш“ со 15 награди и признанија на најголемиот светски вински натпревар „Декантер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/ Mon, 27 May 2019 06:16:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89741

Вината на „Тиквеш“ и ‘тероар’ вината од новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ забележаа одличен успех на еден од најголемите и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter“, кој по 16-ти пат се одржува во Лондон. Врвното црвено ‘тероар’ вино „Барово“ од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји, што претставува факт кој сам по себе најдобро ја отсликува големината на овој успех. Црвеното „Барово“, од бербата 2015-та пак, освои злато и на минатогодишниот „Decanter“, што му овозможи влез во специјална оценувачка сесија на која, од страна на стручното жири на натпреварот, му беше доделен плaтинест медал, со што ова врвно македонско вино беше издвоено од сите останати добитници на највисоки награди.
Дека оценувачкото жири на „Decanter“, кое оваа година беше составено од дури 280 вински експерти, високо го цени квалитетот на сите вина на „Тиквеш“, покажува и вкупната бројка на наградени вина која на годинешниот напревар се искачи на 15. Имено, покрај златниот медал за црвеното вино „Барово“, на годинешниот светски вински натпревар „Decanter“, сребрени медали освоија четири врвни вина и тоа: „Vranec Special Selection 2017“, „Sauvignon Blanc Special Selection 2018“, „Domaine Lepovo Pinot Noir 2016“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016“, а дополнително уште четири други вина се наградени со бронзени медали. Тоа се: црвените вина „Alexandria Cuvée 2017“, „Alexandria Classic 2017“, белото „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ и розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2018”. На овој натпревар, шест врвни вина на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“ добија специјални пофалници, и тоа: „Viognier Special Selection 2018“, „Temjanika Special Selection 2018“, „Merlot Special Selection 2017“, како и белите ,тероар’ вина „Барово“ и „Бела Вода“ од бербата 2018-та. Со овие признанија вкупниот број на освоени награди за вината на „Тиквеш“ на најпрестижните светски вински натпревари, кои во текот на пролетта традиционално се одржуваат на европскиот континент, се искачи до бројката 37. Ваквата импозантна бројка на освоени награди претставува ново одлично достигнување кое наговестува дека и оваа година вината на „Тиквеш“ и новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ ќе го потврдат, а можеби и ќе го надминат сопствениот рекорд од минатите години кога освојуваа и по 60-тина високи признанија на најспрестижните светски винските натревари кoи се одржуват во текот на целата година.]]>

Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш https://arhiva.vistina.com.mk/mokjta-na-teroarot-niz-vinata-na-tikvesh/ Fri, 19 Apr 2019 12:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84076

Како дел од презентирањето на премиум линијата на винарската визба Тиквеш на неодамна одржаниот Новосадски вински салон, беше одржано предавање на тема „Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш“. Предавањто го водеа Никола Кузмановски енолог и Звонко Херцег соработник за винска едукација, кои успешно влегоа во коштец со контроверзната тема тероар и вина, на која почиваат апелациите од Стариот Свет, но и често неприфатлива опција за Новиот Свет. Низ предавањето се дегустираа последните берби од вината на Тиквеш при што до детал се објаснуваа карактеристиките на треоарите од каде потекнуваат вината, односно експрсијата на тероарот во тие вина. Несебично беа презентирани голем број корисни информации, а посебна заинтересираност покажаа посетителите во однос на поседите Барово, Лепово и Бела Вода.
„За мене сега вината од Барово добија друга димензија, земам голтка, ги затворам очите и пред мене го имам пејсажот на неговото родно место“, изјави задоволно еден од посетителите на предавањето.
]]>

Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.vistina.com.mk/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70591

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>

Моќта на тероарот во вината на „Тиквеш“ https://arhiva.vistina.com.mk/mokjta-na-teroarot-vo-vinata-na-tikvesh/ Tue, 18 Dec 2018 11:41:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63770

На белградскиот „Салон на вино“ што се одржа во хотелот „Хајат“, винарската визба „Тиквеш“ се претстави со работилницата „Тиквеш – моќта на тероарот“. Оваа стручна презентација беше проследена со дегустација на осум вина на „Тиквеш“ со кои успешно беше претставена разновидноста на Македонија како вински регион, при што акцент беше ставен на микролокациите. За влијанието што на квалитетот на вината го имаат специфичните карактеристики на тероарот кои произлегуваат од климата, почвата и други аспекти, внимателно слушаа експерти од винската индустрија, сомелиери и вински новинари. Работилницата ја одржа Никола Кузмановски, енолог во ВВ „Тиквеш“.
Присутните дознаа повеќе за карактеристиките на тероарот, како и за строго контолираните процеси што овозможуваат тој тероар да се рефлектира во виното, одразувајќи го неговиот уникатен карактер, што претставува клучна компонента за оценка кај високо квалитетните вина. Кузмановски ги сподели тајните при објаснувањето на строго контролираните процеси, а во текот на презентацијата му се придружи и Звонко Херцег, соработник за едукација во новоотворената школа за вино на „Тиквеш“ – „Wine Educator“ во Скопје. Тој зборуваше за идните правци кон кои „Тиквеш“ го води македонскиот вински регион, поткрепено со искуства од светските вински региони како насоки на патот кон успехот.
Иако, учесниците можеа да ги запишат тајните што им беа откриени, сепак за производство на вино со идентичен квалитет со оној на вината на „Тиквеш“ е потребен специфичниот тероар, затоа што во него се состои нивната моќ. Винарската визба „Тиквеш“ континуирано експериментира со нови сорти и микролокации што придонесува за поголем избор и можности за дефинирање на автентичноста на виното. Тоа е патот по кој се движи ВВ „Тиквеш“, покажувајќи одлични резултати од година во година.
За време на Салонот на виното во Белград беше дадена можност да се пробаат вината од Château de Gourdon, француската винарница што од неодамна е дел од „Тиквеш“, чии вина станаа дел од портфолиото и за оваа прилика беа специјално донесени за дегустација.]]>

„Винска среда“ во „Тирио бистро бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/vinska-sreda-vo-tirio/ Tue, 13 Mar 2018 08:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15834

Почитувани љубители на доброто вино! „Тирио бистро бар“ Ве поканува на едно поинакво, елегантно и пријатно винско доживување, оваа среда, 14ти март, со почеток во 17 часот. Оваа „Винска среда“ ќе имате можност да дегустирате вкупно 4 различни сорти на бело и црвено вино од винариите Камник, Тиквеш, Стоби и италијанската винарија Фантинел. Листа на вина:
  1. Fantinel Prosecco Extra Dry
  2. Chateau Kamnik Pinot Grigio Single Vineyard 2017
  3. Tikveš Plavec Special Selection 2016
  4. Stobi Cabernet Sauvignon 2015
Научете нешто повеќе за винската култура, уживајте во добрата капка вино и излезете од „Тирио“ побогати за едно сосема ново искуство. Цената на дегустацијата е 600 денари по лице со вклучено мезе. Место: Тирио бистро бар (Булевар Илинден 38, Скопје) Датум: 14.3.2018 Време: 17:00 – 24:00 Резервирајте на 071 337 494.]]>