тиква – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 13:55:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тиква – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кафе лате со тиква: Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка https://arhiva.vistina.com.mk/kafe-late-so-tikva-ke-vi-ja-zgree-dushata-i-ke-ve-voodushevi-od-prvata-goltka/ Tue, 30 Jan 2024 13:55:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336847

Потребно е: 2 шолји еспресо половина шолја топло домашно кафе чаша млеко по ваш избор 3 лажици пире од тиква 2 лажици засладувач по избор 1 лажичка зачин за пита од тиква (цимет, морско оревче и сл.) 1 лажичка екстракт од ванила шлаг за прелив Подготовка: Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па прелијте ја во шолја врз смесата. Украсете со шлаг и посипете со малку цимет. Извор: Попара.мк]]>

Ова може да го покаже само тој: Спомените од детството на Сашко Коцев станаа од црни – поцрни, ама пооригинални, здравје (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-mozhe-da-go-pokazhe-samo-toj-spomenite-od-detstvoto-na-sashko-kotsev-stanaa-od-tsrni-potsrni-ama-pooriginalni-zdravje-foto/ Sat, 20 Jan 2024 07:55:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335048

Тој е обожуван, на сцена, на филмско платно, лик од детска серија, како стенд-ап комичар, водител, на социјални мрежи... Сашко Коцев едноставно ја плени публиката. На неговиот Фејсбук профил не така често осамнуваат објави од приватноста, но кога ги има, по правило мора да бидат оригинални и во негов стил. Така беше и овој пат. Коцев покажа дека е вистински домаќин кој според резултатот можеби не така често е во кујната, но барем има обиди. Неговиот гастрономски потфат беше сезонска потпечена блага тиква со која тој и неговите две дами требаше да се насладуваат, а тој да се врати со спомените во детството. -Мммм ме потсетува на детството, миризлива и блага крцкава тиква! Повелете! Правена според рецепт, на 280 степени ,3 саати, напиша Сашко, а спомените очигледно станале од црни- поцрни, речиси уништени. Веројатно не го запаметил или запишал добро рецептот од мама или баба, па наместо средно печена, доби карамелизиран ефект повеќе од што треба. Можеби по вкус, но за очите на следбениците, Сашко ја претерал со печење , а богами и трошење струја. Рецепт кој беше со лош ефет од рерната, но ултра успешен на Фејсбук со илјадници лајкови и стотици коментари. Сепак, пофалба за обидот, а за вкусови нели не се дискутира! фото: Facebook/ Sasko Kocev]]>

Палачинки од тиква: Неодоливо вкусни, се топат во устата https://arhiva.vistina.com.mk/palachinki-od-tikva-neodolivo-vkusni-se-topat-vo-ustata/ Fri, 24 Nov 2023 13:35:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328527

Состојки 2 јајца 2 чаши универзално брашно 1 чаша пире од тиква 3 големи лажици путер 4 големи лажици шеќер 2 прстофат сол 1 чаша млеко 2 мали лажички прашок за пециво Подготовка Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку брашно или млеко. Останува само да ја изматите смесата и да ги испечете палачинките во тавче. Пријатно! Извор: Попара]]>

Рецепт за чоколадни мафини од тиква https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-za-chokoladni-mafini-od-tikva/ Wed, 25 Oct 2023 12:11:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323847

Совршена комбинација на состојки. Состојки: – 300 гр пире од тиква – 220 гр брашно – 100 гр сечкано чоколадо – 100 гр шеќер – 120 мл масло – 60 мл млеко – 2 јајца – 1 лажичка цимет – 1 лажичка прашок за пециво – 1 лажичка сода бикарбона – прстофат сол Подготовка: Во сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната, циметот и солта, измешајте и оставете ги на страна. Во друг сад прво додадете шеќер, јајца, масло и пирето од тиква, па мешајте додека не се соединат сите состојки. Додајте ја подготвената смеса од суви состојки во влажната и матете со блендер додека не добиете мазна и хомогена смеса. Додадете го чоколадото и промешајте. Вклучете ја рерната на 180 степени. Во калап за мафини ставете ги корпите и рамномерно наполнете ги додека не се потроши целата смеса. По желба одозгора можете да ставите уште малку чоколадо. Калапот се става во загреана рерна и се пече околу 20 минути. извор:курир.мк]]>

Сочна и едноставна: Торта со моркови и урми https://arhiva.vistina.com.mk/sochna-i-ednostavna-torta-so-morkovi-i-urmi/ Mon, 20 Mar 2023 13:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294072

Единство на вкусови за миг! 3 јајца 15 лажици шеќер 100 мл масло 200 мл јогурт 100 мл масло 200 грама брашно 1 прашок за пециво 300 гр рендан морков 100 гр сечкани урми Подготовка: извор:курир.мк]]>

Чизкејк со тиква: Рецепт за кремасто совршенство кое мириса на есен https://arhiva.vistina.com.mk/chizkejk-so-tikva-recept-za-kremasto-sovrshenstvo-koe-mirisa-na-esen/ Thu, 13 Oct 2022 13:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271219

Тешко е да се замисли есенска кујна без опојниот мирис и вкус на сочните тикви. Тие се многу флексибилна храна која може да се користи за подготовка на солени и слатки јадења. Ви пренесуваме рецепт за неодолив чизкејк со пире од печена тиква. Ако успеете да најдете готово пире од тиква во тегла или конзерва – за овој рецепт ќе ви треба малку помалку време. Ако не можете, не грижете се. Пирето многу лесно се подготвува од печена тиква. Доволно е свежата тиква да се преполови, да се извадат семките и да се избоде површината на плодот со нож на неколку места. Потоа ставете ја тиквата на плех и во рерна загреана на 180 Целзиусови степени и печете од половина час до еден час – додека „месото“ од тиквата не омекне. Печената тиква лесно ќе се одвои од кората – со вилушка изгмечете го мекото овошје и употребете го во рецептот. За основата на овој чизкејк, користете ги вашите омилени чајни колачиња – можете да користите ванила, какао или дури и оние со вкус на ѓумбир. Состојки за основата: 150 гр мелени чајни бисквити по желба 75 гр стопен путер Состојки за кремот: 450 гр намаз од сирење (на собна температура) 400 гр пире од тиква 250 мл шлаг 130 гр шеќер во прав 1 лажичка екстракт од ванила 1 лажичка цимет во прав ½ лажичка морско оревче во прав Подготовка: Подгответе ја основата: сомелете ги чајните бисквити во прав и измешајте ги со стопен путер. Треба да добиете смеса што наликува на влажен песок. Добиената смеса притиснете ја во калап со дијаметар од 20 сантиметри, кој претходно малку сте го подмачкале или сте го обложиле со хартија за печење. Со миксер изматете го кремот во шлагот. Ставете го настрана. Во друг сад измешајте го намазот од сирење со шеќер додека не добиете лесен, едноличен крем. Додадете го пирето од тиква, циметот во прав, морското оревче и екстрактот од ванила и продолжете со мешањето додека состојките не се соединат. Изматете го шлагот со рака во кремот од сирење и тиква. Добиената смеса премачкајте ја врз основата и ставете ја во фрижидер најмалку четири часа или преку ноќ. По желба тортата можете да ја ставите во замрзнувач. Послужете го чизкејкот од тиква со уште малку шлаг.]]>

Во виолетов танга дезен, на работ на стаклениот базен: Со големина на џиновска тиква, во облик на преполовена круша, ваква задница има само Карлеуша! https://arhiva.vistina.com.mk/vo-violetova-tanga-dezen-na-rabot-na-stakleniot-bazen-so-golemina-na-dzinovska-tikva-vo-oblik-na-prepolovena-krusha-vakva-zadnica-ima-samo-karleusha/ Thu, 28 Oct 2021 09:43:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224988

Јелена Карлеуша одново го запали Дубаи! Нејзините жешки фотографии од плажата се буквално толку моќни што оние со слабо срце не треба да влегуваат во нејзиниот профил на Инстаграм. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-rechisi-gola-na-plaza-so-shiroko-rashireni-noze-kako-vo-porno-poza-foto/[/embed] Овие најновите уште повеќе ќе ги возбудат фановите и следбениците на социјалните мрежи, со кои рускосата одново ги наежи... по цело тело! Пејачката овој пат позираше во луксузниот стаклен базен во провокативно  минијатурно танга бикини во виолетов дезен, а лежечката поза само додаде нова доза возбуда! Имено, нејзините најинтимни делови од телото едвај ги покрива тоа мало крпче ткаенина, ама затоа гигантските силикоски гради и џиновската задница, доминираат како планина. Особено возбудлив кадарот од жабја перспектива, каде со  големина на џиновска тиква, во облик на преполовена круша, доминира огромната обла задница на Карлеуша! А вие: „Внимавајте да не се лизнете“ - ви порачува Карлеуша! Веројатно мисли на плочките во бањата, додека ја гледате, прад да... влезете под тушот! Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar      ]]>

Брз ручек за цело семејство: Рецепт за тестенини со фантастичен сос од тиквички https://arhiva.vistina.com.mk/brz-ruchek-za-celo-semejstvo-recept-za-testenini-so-fantastichen-sos-od-tikvichki/ Tue, 26 Oct 2021 12:45:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224659

Вака подготвените макарони одлично се вклопуваат со некој вид на салата. Овојпат ќе ви го претставиме овој едноставен рецепт за макарони со сос од тиквички.

Состојки:

- 200 грама кромид; - околу 700-800 грама тиквички; - 1 чешне лук; - 1 домат; - 500 милилитри павлака за готвење; - на врвот од лажичката кари; - на врвот од лажичката оригано; - сол и бибер по вкус; - 4 лажици масло за јадење; - 600 грама тестенини; - магдонос; - пармезан или кашкавал; - босилек.

Подготовка:

Издинстајте го кромидот на масло за јадење, додадете го доматот и крчкајте. Потоа додадете го исечканиот лук, кратко продинстајте и додадете ги изренданите тиквички. Зачинете и варете сè додека течноста не испари. Потоа додадете неутрална павлака и уште неколку минути оставете сето убаво да крчка. Измешајте ја смесата со сварените макарони, па сервирајте во чинија. По желба додадете кашкавал или пармезан, босилек или магдонос. Ова јадење може да го подготвите и со пилешко месо, а истото да го запечете во рерна. извор: кармин.точка.мк]]>

Кралица на есента: Оваа намирница е полна со хранливи материи кои го штитат организмот од чести болести https://arhiva.vistina.com.mk/kralica-na-esenta-ovaa-namirnica-e-polna-so-hranlivi-materii-koi-go-shtitat-organizmot-od-chesti-bolesti/ Fri, 24 Sep 2021 12:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220545

Тиквата со право го носи името „кралица на есента“. Оваа намирница е исклучително здрава и буквално е преполна со хранливи материи кои му се потребни на организмот за нормално функционирање и создавање заштита од чести болести. Тиквата е одличен извор на витамините А, Б6 и Ц, како и магнезиум, железо и калиум што ја прави една од најкорисните намирници кога станува збор за зачувување на здравјето.

Го намалува холестеролот

Фитостеролите кои се наоѓаат во тиквата го намалуваат нивото на лошиот холестерол (LDL), а на тоа укажуваат резултатите од студиите објавени во Националната медицинска библиотека.

Ја подобрува дигестијата

Бидејќи содржи дури 90 отсто вода, тиквата е лесно сварлива, а покрај тоа содржи и многу влакна. Таа е одлична за сите оние кои имаат дигестивни проблеми бидејќи го подобрува варењето и со тоа ги намалува воспаленијата на дигестивниот тракт.

Го чува срцето

Тиквата е еден од најдобрите извори на алфа-линолеинска киселина (ALA), омега-3 есенцијални масни киселини кои се одлични за здравјето на срцето. Оваа киселина се претвора во ЕПА масна киселина со која изобилува рибата, а за која е утврдено дека ги намалува триглицеридите и ја спречува промената на работата на срцето. Алфа-линолеинската киселина во исхраната го намалува ризикот од појава на срцеви проблеми и болести на кардиоваскуларниот систем.

Спречува развој на кандида

Корејските научници откриле дека протеините од кората на тиквата го спречуваат растот на патогени микроорганизми, вклучувајќи и кандида, која предизвикува сериозни здравствени тегоби.

Го регенерира панкреасот

Научници од Кина открија дека екстрактот од тиква може да биде од голема помош кај заболените од дијабетес тип 1, бидејќи го стимулира производството на инсулин и ги регенерира оштетените клетки на панкреасот. извор: точка.мк]]>

Го намалува ризикот од канцер, го зајакнува имунитетот – оваа намирница е „кралица на есента“, а еве колку е здрава https://arhiva.vistina.com.mk/go-namaluva-rizikot-od-kancer-go-zajaknuva-imunitetot-ovaa-namirnica-e-kralica-na-esenta-a-eve-kolku-e-zdrava/ Wed, 28 Oct 2020 13:00:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173495

Од тиква може да се подготват и слатки и солени јадења, може да се јаде жива, динстана, печена, пржена, а на организмот исклучително благотворно делува и свежо цедениот сок од тиква. Овој моќен зеленчук е честа намирница на нашите трпези кога ќе дојде постуденото време. Лековитите својства на тиквата се многубројни поради што во време на вируси и настинки особено се препорачува, а експертите велат дека е многу добро да се јаде три пати неделно.

Еве за што е добра тиквата:

Го зајакнува имунитетот Тиквата е богата со витамин Б (една чаша тиква содржи 11 милиграми од овој витамин) кој што има важна улога во зголемувањето на отпорноста на организмот од инфекции. Исто така содржи и цинк, а оваа намирница е исклучително важна за здравјето на имуниот систем. Го чува срцето Редовната употреба на тиквата може да го намали лошото ниво на холестерол кој што директно влијае на работата на срцето. Освен тоа, тиквата има голема количина магнезиум која што го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од срцев удар. Помага во слабеење Варена или печена, или пак свеж сок од тиква, спаѓа во диетална храна која што се препорачува на гојазните луѓе, како и на дијабетичарите, луѓето со болки во желудникот и тенкото црево. Истражувањето покажало дека исхраната богата со хранливи растителни влакна од тиква го намалува апетитот. Го намалува ризикот од канцер Бета-каротенот со кој што тиквата изобилува, повеќекратно го штити организмот од многубројни штетни влијанија, а овој зеленчук изобилува и со други каротеноиди кои што го намалуваат ризикот од настанување тумор, вклучувајќи и рак на дојка, рак на белите дробови, грлото на матката. извор: точка.мк]]>