тијана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Oct 2023 08:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тијана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јованка Јо – прилепчанката со скопска адреса на живеење што ја расплака Тијана која беше во жирито на „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanka-jo-prilepchankata-so-skopska-adresa-na-zhiveene-shto-ja-rasplaka-tijana-koja-beshe-vo-zhirito-na-nikogash-ne-e-dotsna-video/ Mon, 09 Oct 2023 07:27:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321600

Родена прилепчанка со долгогодишна скопска адреса на живеење, Јованка Јакимоска Митревска (46) сите успеа да ги освои сите со својот глас и харизма  на сцената во музичкото талент шоу за возрасни,  „Никогаш не е доцна“. „Никогаш не е доцна за ништо во животот, само доколку човек одлучи, патот се отвара. Бог им помага на сите“, истакна Јованка во своето претставување, раскажувајќи ја својата приказна дека сакала да пее уште како малечка. „Кога ќе останев сама дома земав чешел или пенкало кој ми изигруваше микрофон, ќе застанев пред огледало и пеев“ - раскажув Јованка која вели дека прва љубов сепак и било хорското пеење кое почнала да го практикува во петто оделение во родниот Прилеп и во разни хорови пеела дури и кога дошла на студии во Скопје. „Прво искуство во популарната музика ми беше учеството во есдна блуз група во прилеп, каде бев придружен вокал, и на почетокот сите песни ми беа исти“ - раскажува Јованка. Откако се преселила во Скопје почнала да пее секакви евергрини, странски, српски, македонски...за на крајот да заврши во фолк музиката. Штом стапна на сцената во „Никогаш не е доцна“и го запеа македонскиот евергрин „Штом се сака“, Јована Јо - како што е нејзиното уметничко име,  веднаш ја воодушеви и публиката и жирито. „Како да си пораснала на оваа сцена, беше самоуверена и некако помоќно ми звучи да се викаш Јованка Џо. Ова беше супер“ - прокоментира Дејан Матиќ. Пејачката доби пофални коментари и од Саша Милошевиќ Маре, додека Тијана заради силните емоции само кажа: „Ти благодарам многу, ме донесе до солзи“. Како звучеше изведбата и како изгледаше комплетниот настап на прилепчанката со  скопска адреса на живеење што ја расплака Тијана, проследете од видеото во продолжение: Фото и видео: Јутјуб/Nikad nije kasno]]>

Вук тргна по стапките на татко му, па нагло смени правец: Синот на Тијана требаше да стане несуден кошаркар, а сега плива во водите во кои е целото семејство на неговата мајка – светот на музиката! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vuk-trgna-po-stapkite-na-tatko-mu-pa-naglo-smeni-pravets-sinot-na-tijana-trebashe-da-stane-nesuden-kosharkar-a-sega-pliva-vo-vodite-vo-koi-e-tseloto-semejstvo-na-negovata-majka-svetot-na-muzikata-foto/ Thu, 05 Oct 2023 09:03:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321157

Вук, синот единец на македонската пејачка и од пред некое време актерка Тијана Дапчевиќ неодамна наполни 14 години. Откако заврши основно училиште и славеше полуматура, „малиот двометраш“  на општо изненадување на јавноста се запиша во средното музичко училиште иако до пред три години Вук тргана по стапките на татко му -0 во светот на спортот. Строен на татко му Милан, а Бога ми и на мајка му Тијана кога е височината во прашање, Вук реши своите природни предиспозиции да ги искористи. Така, малиот Дапчевиќ почна да тренира кошарка, спорт по кој Србија е светски прочуена  велесила, а и Македонија дала неколку големи европски, па и светски ѕвезди… Од Буштур, преку Наумовски  до Антиќ… Така Вук тогаш стана член на кошаркарската школа на едена исто така голема некогашна кошаркарска ѕвезда на КК Партизан и тогашната ЈУ репрезентација, бившиот центар Жељко Ребрача кој сега има своја кошаркарска академија во Белград. „Вук тргна во нова кошаркарска авантура во @akademijarebraca, која е дел од @star_wellness_sport . Среќно сине, затоа што ќе научиш многу од чичко Жељко (и сите тренери што се на академијата)“ – напиша пејачката во пораката покрај заедничката фотографија со синот и кошаркарската легенда. Арно ама, само три години подоцна очигледно ништо од кошарката, па синот на Тијана наместо несудена идна кошаркарска ѕвезда,  сега плива во водите во кои цел живот успешно плива семејство на неговата мајка - светот на музиката! Но ова не е само нов почеток во едукацијата, зашто Вук последниве години, како што ќе изјави неодамна неговата мајка, е опседнат со музиката: „Сè што го интересира во моментов е музиката и нејзиното создавање, дури се пронајде во сосема нов жанр, а тоа е „фонк“ музиката, некоја електроника е во прашање. Во главно  целата негова генерација најмногу се занимава со тоа и Вук доби многу фанови. Заврши нижо музичко школо, иако до сега навистина не бил љубител на клавирот, тоа не значи дека тоа нема да се промени кога ќе се запише во средното музичко училиште“. Наследникот на пејачката решил неговиот повик во животот да биде музиката, но во сосема поинаков правец од она што го изведува Тијана. „Тој е заинтересиран за музика, за што сум многу среќна и од клучно значење ми е да знае што сака и што сака да прави на млада возраст. Тој е заинтересиран за продукција, има свој профил на „Спотифај“, каде ја презентира својата музика и има свои обожаватели, поточно над милион слушатели“ – ијави гордата мама за Гранд. Тијана признава дека Вук веќе има постигнато забележителни резултати и гордо истакнува дека наскоро ќе се појави на меѓународен фестивал. „Сега оди на некој фестивал, а бидејќи е малолетен, мама и тато одат во Амстердам со него на фестивалот за фонк музика што ја прави. Тој е исклучително популарен во круговите на таа музика. Јас сум горда мајка“ – ќе додаде таа. Тијана и Тамара, покрај Тања и Лидија Кочовски се двете веројатно најпознати сестри во македонскиот естраден шоубизнис. Обете јавни личности, поп пејачки,  естрадни ѕвезди со несомнени вокални квалитети за кои нема кој не слушнал. Потекнуваат од музичко семејство продолжувајќи го патот на нивните родители, мама Бранка-некогаш позната македонска пејачка и тато Велко-професор по музика во пензија на Музичката Академија во Скопје. Тогаш нема причина зошто Вук не би ја продолжил семејната лоза? Само што тој по се изгледа повеќе би сакал да биде како Дарко Димитров, отколку како баба, дедо, мама или тета?! Фото: Инстаграм/tijana.dapcevic]]>

Тијана веќе не се фарба: Скопската белграѓанка целата поседена со нова фризура заличе на една нејзина помлада колешка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-veke-ne-se-farba-skopskata-belgraganka-tselata-posedena-so-nova-frizura-zaliche-na-edna-nejzina-pomlada-koleshka-foto/ Tue, 04 Jul 2023 07:46:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308731

Откога ја паметиме, македонската пејачка Тијана Дапчевиќ е склона на чести промени на имиџот, вклучуваќи и ја и косата, односно нејзината фризура. Од различните бои со кои ја фарбаше, до должината на влакното. Сепак, најмногу препознатлива по нејзината руса кратка коса. Или што би рекле жаргонски Тиана најчесто фура машка фризура! Итиука нема ниту нешто ново, ниту изненандувачко се додека мкедонската пејачка со белградска адреса не ја видите како изгледа на последните фотографии. Уште во жирито на „Пинковите ѕвездички“ Тијана изненади откако се појави со соема променет имиџ. Со фризура ред потстрижана „на кец“, ред сплетени плетенчиња преку цела глава. Но, она што најмногу шокира е бојата на косата... Која всушност овој пат нема боја... не барем вештачка, зошто Тијана ја оставила да и расте онаа нејзината, сосема природна... Побелена или поточно наместа седа, наместа сивкасто-црна. „Со оглед на тоа дека се фарбам и бланширам веќе 30 години, зимоска, кога видов сериозна количина на бели влакна, решив да ја прошарам косата со темни прамени. Супер ми дојде промената. Сега си расте седо-сива коса, и многу си ги сакам белите влакна“ - неодамна изјави Тијана. Очиглидно новиот имиџ навистина и се допаѓа, па реши истиот да си го тера и летово, додека е на викенд одмор на грчкото крајбрежје. Тијана со плетенчиња преку целата  глава и седо – сива коса „ја фура новата“ фризура и на море. Да ја видите вака „нафризирана“, иако ја знаете,  тешко дека ќе ја препознаете! Сега Тијана многу наликува на уште една наша пејачка, нејзина помлада колешка. Фризурите на обете им се ама баш идентични, само што фарбите им се различни. Едната рускокоса, другата со природно влакно коса. Ако не верувате погледнете, споредете, па кажете дали Тијана и Сара Мејс не си наликуваат, кога обете фризурите вака ќе ги обликуваат? Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic/sarahmace__
]]>

Повторно „копаше“ по старите фотографии, па најде неколку што будат носталгични спомени: Можете ли да ја препознаете нашата музичко-актерска ѕвезда? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/povtorno-kopashe-po-starite-fotografii-pa-najde-nekolku-shto-budat-nostalgichni-spomeni-mozete-li-da-ja-prepoznaete-nashata-muzichko-akterska-dzvezda-foto/ Sat, 08 Apr 2023 07:29:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224715

„Ех, тоа беа времиња“ или: „Да знае ти како беше во наше време...“ или „Да може да се врати она време, оние години...“ - се само неколку од  најспоменуваните фрази во последно време. Особено за оние кои растеле и во едни други, поинакви, посреќни времиња, необременети со политика, криминал, корупција, економско-егзистенцијални проблеми, пандемии... Можеби токму затоа носталгијата по детството и младоста кај нив е многу посилна, емоциите подлабоки, чувствата поизразени кога ќе се спомнат „оние години“, кои до душа кога ќе станеме доволно возрасни или подостареме, на сите ни недостасуваат. Затоа неретко сите ние посегнуваме по враќање во минатото, не само во мислите и сеќавањата, разговорите и муабетите, туку и по сведоците на тоа време - старите фотографии и  по некое филмско видео. Меѓу сите нас и тие - познатите и јавни личности. Впрочем и тие како и ние, како секој од нас биле и деца и момчиња или девојчиња, нечии дечиња, татини принцези, мамини синови... Гордост на нивните родители. Затоа понекогаш пребарувањето, „копањето“ по старите фотографии ни ги враќа тие среќни моменти на неизмерна радост, не враќа во детството, младоста, годините на безгрижност и слобода. Секого од нас, па и неа... Тијана. Или фрау Ула, ако повеќе сакате, доколку нејзината улога во „Преспав“ ви е подрага. Токму таа  повторно „копала“ по старите фотографии, па нашла неколку што будат носталгични спомени. Пред можеби и Вие да го направите истотото, запрашајте се дали можете  да ја препознаете нашата музичко-актерска ѕвезда, без да знаете дека е таа? А, можете да прашате и некого што не ве познава многу оддамна, дали ќе ве препознае на Вашата фотографија од детството или младоста? Како и да е, ова е Тијана, односно, Тијана заедно со Тамара и татко им Велко Тодевски, најверојатно на роденденска фотографија пред... „извесен број“ години! Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic  ]]>

Тијана емотивно се отвори: „Србија ми пружи многу повеќе од Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-emotivno-se-otvori-srbija-mi-pruzhi-mnogu-poveke-od-makedonija-video/ Fri, 24 Mar 2023 12:12:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294999

Тијана Дапчевиќ  е една од најпрепознатливите уметници на нашите простори но и во регионот. Прославена пејачка и актерка, таа ја изгради својата кариера исклучиво со помош на талентот, уникатноста и шармот.
Важи за една од најдуховитите жени меѓу познатите и бидете сигурни дека забавата со неа нема да ви недостига. Зад себе остави неизбришлив музички, актерски и уметнички белег. Оваа пејачка со македонско потекло, со адреса на живеење во Белград, каде го изгради своето семејно гнездо, е сопственик на многу хитови кои ги пеат сите генерации. Не ја гледаме често во Македонија, бар онолку колку што таа би сакала, уште помалку во некое телевизиско шоу, интервју... Но, естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ доби ексклузива, па иако досега зборувала јасно и  гласно за многу теми, искрено и отворено, овој разговор некако се чувствува дека е потполно искрена како никогаш досега. Тијана зборува за Македонија, третманот, почитувањето кое го добива од својата земја, Тамара, и со солзи во очите откри што и ја крепи љубовта кон Македонија. Проследете го интевјуто со Тијана од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

Тијана не влезе во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија: „Ви благодарам на сите, немаме сите исто уво и очи…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-ne-vleze-vo-finaleto-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-vi-blagodaram-na-site-nemame-site-isto-uvo-i-ochi-video/ Thu, 02 Mar 2023 13:31:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291485

Тијана Дапчевиќ и оваа година се натпреваруваше на српскиот избор за песна на Евровизија каде се обиде да обезбеди виза за Евровизија. За настапот избра елегантен розов фустан со длабоко деколте. За жал, таа и нејзината песна не го минаа првиот филтер и не влегоа во финалето, по што Тијана порача:
„Ви благодарам на сите, не сакаме сите исто, немаме сите исто уво и очи, и тоа е во ред, јас сепак го сакам ова и верувам во ова.  Горд сум на целиот тим, те сакам и ве охрабрувам да продолжите да слушате квалитетна музика“. Инаку, пред публиката се претставија 16 изведувачи, а 8 се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота на 4-ти март. Местото во големото финале го обезбедија следните натпреварувачи: Stefan Shy, Princ od Vranje, CHEGI & Braća Blues band, Борис Суботиќ, Лука Блек, Филип Балош, Наѓа и Emphaty Soul Project.]]>

Тијана е „бомба“: Новата девојка на Жика Јакшиќ е екс- сопруга на познат фудбалер, а осамнаа и нејзини приватни фотографии https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-e-bomba-novata-devojka-na-zika-jakshikj-e-eks-sopruga-na-poznat-fudbaler-a-osamnaa-i-nejzini-privatni-fotografii/ Sat, 17 Sep 2022 08:06:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254142

Девојката на Жика Јакшиќ била во брак со познат фудбалер. Дека љубовта не се знае за години уште еднаш докажа Жика Јакшиќ, кој по разводот со Дијана Пауновиќ повторно е во врска со дваесет години помлада девојка. Сега знаеме и која е мистериозната бринета која го украде срцето на продуцентот и водител на шоуто „Никогаш не е доцна“. Како „Hello“ ексклузивно дознава, девојката на Жика Јакшиќ се вика Тијана Мијаиловиќ, таа е од Краљево и беше во брак со поранешен фудбалер на Црвена звезда со кој има син. Таа на Инстаграм се потпишува како „Мајката на змејот“, а дополнително во описот на профилот стои дека се занимава со екологија и менаџмент, како и дека е членка на УНЕСКО. Жика и Тијана за прв пат се појавија во јавноста минатата недела на приватна забава, а пријателот на Јакшиќ откри дека неговата нова љубов „го ставила ред“. - Жика опасно се заљуби, таа не е јавна личност и воопшто не сака да се провлече низ таблоидите. Со оглед на тоа дека работи сериозна работа, не и треба таков маркетинг... Од пред шест месеци почнаа се повеќе да се среќаваат и да излегуваат заедно, па се случија „искри“. Жика беше тој што мораше малку повеќе да се потруди... Но, неговата нова љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да мрда од девојка, открива пријателот. фото:Инстаграм/hello.rs]]>

Заеви го произведуваат, а Тамара сериозно се навлече на него! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zaevi-go-proizveduvaat-a-tamara-seriozno-se-navleche-na-nego-foto/ Sat, 02 Apr 2022 06:02:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227396

Мора да признаете дека Тамара Тодевска во последно време е во топ форма. Физички никогаш не изгледала подобро, поубаво, позаводливо, речиси  никогаш толку не блескала како сега. Видно ослабена, пејачката знае како да го истури сиот свој сексапил, а притоа тоа да не биде вулгарно туку да има само еротски набој, онолку колку што е доволно за да ги заинтригира оние што нејзината појава знае да ги „заскокотка“. Заради воодушевување, споредување, љубомора или озборување, сеедно. Што и да е, Тамара знае како тоа да го покаже и направи да биде возбудливо. За сето тоа сведочат и нејзините фотографии што редовно ги објававува на своите профили на социјалните мрежи. Оттаму и енигмата, што ли јаде оваа жена, како се храни, без што не може, а што не ни сме да помисли да проба? За да нема недомумици, случајно или не, Тамара самата го откри одговорот кој ќе ја расчисти оваа непознаница за неа. Пејачката во едно од своите  Инстаграм сториња, откри дека е сериозно навлечена! Меѓудругото и на она нешто што Заеви го произведуваат, а Тамара во последно време не може без него! А за тоа најголем виновник е како што самата вели, сестра и Тијана! И за да не сфатите погрешно или не дај Боже да ве обземат „грешни мисли“, па да тргнете да споделувате и „бош муабети“ по социјалните мрежи и кулоарите, веднаш да разјасниме: НЕ Е тоа што можеби на прва помисливте! Во прашање Е производ на фамилијата, ама не оној за „рекреативна“ употреба. Ниту за медицинска. Овој е за секојдневна конзумација, особено во зимските месеци, кога нема баш и свеж зеленчук. Имено, Тамара споделила фотографија на која има неколку производи и тоа: Пршута, крем сирење за мачкање, пикантен хумус намаз и... корнишони. И тоа струмичко производство, од никој друг, туку бренд од фирмата на фамилијата Заеви! Во описот на фотографијата Тамара напишала: „Не е платена реклама, ама јас сум сериозно навлечена на оваа комбинација (со црно лепче). Тијана е крива“ - споделила пејачката! Како оваа „опасно вкусна комбинација“ ќе влијае на нејзината телесна структура, допрва ќе видиме. Да не биде само потоа, Тијана беше навистина крива -  с'краја да е, односно виновна!? И да се разбереме: „Рекреативната компонента“ на дел од  „градинарскиот“ асортиман на споменатото семејство производители на корнишони, не е спомната во објавата од страна на пејачката! Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska]]>

Тамара и честиташе роденден на Тијана со емотивна порака: „Те сакам сесре, сонце мое си ти“ https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-chestitashe-rodenden-na-tijana-so-emotivna-poraka-te-sakam-sesre-sonce-moe-si-ti/ Fri, 04 Feb 2022 07:47:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237573

Најпознатата македонска пејачка, а во последно време и актерка која живее надвор од Македонија славеше роденден. Тијана Дапчевиќ наполни, не ниту важно колку години, зашто како што сме рекле стопати досега, на дамите не им се бројат годините. Ама затоа им се бројата честитките. А кај неа, роденденски честитки еден куп, со желби рој за долг живот, добро здравје, енормна среќа, огромни успеси... Со два збора - се' најдобро! И се разбира, сите честитки се драги кога се дојдени од драги луѓе, но сепак од морето пораки и убави желби, една се издвојува, една е најдрага и најмила, зашто доаѓа од најсаканата - сестра! Тијана и Тамара иако според местото на живеење ги делат километри, сепак се неразделни. Две тела една душа, неизмерна љубов и хармонија ја краси сестринската врска која е нераскинлива и во арно и кога не многу арно. Тука се една за друга, една крај друга секогаш кога едната на другата и е потребна и обратно! Затоа, роденденската честитка од сестрата е највпечатлива и најмногу значи и допира. „Да не беше ти, немаше да ме има ни мене. Мојот прв идол и узор. Моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам, сесре. Бескрајно. Среќен роденден. Да победиш на Беовизија, да одиме пак на Евровизија.  Биди здрава, среќна, сакана и успешна“ - и порача во роденденската честитка Тамара на својата постара сестра Тијана покрај споделените фотографии...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

На првата, онаа од раното детство, кога Тијана како девојченце ја држи Тамара како бебе в раце и онаа од блиската сегашност, на што славеничката и возврати: „Те сакам мори брееееееее... Едвај чекам да те гушна,... ЕД-ВАЈ“!!! Потоа истата фотографија ја Тијана ја споделила и на својот Инстаграм додавајќи: „Сонце мое си ти“! Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska/tijana.dapcevic

Сестрата на ријалити ѕвездата Миљана Кулиќ е секс бомба со атомска предница: „Градите на Тијана одат две минути пред неа“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sestrata-na-rijaliti-dzvezdata-miljana-kulikj-e-seks-bomba-so-atomska-prednica-gradite-na-tijana-odat-dve-miniti-pred-nea-foto/ Fri, 30 Jul 2021 09:48:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213355

Контроверзната ријалити учесничка во „Задруга“, Миљана Кулиќ има уште две сестри - Тијана (24) и Ана, кои се потполно спротивни од неа, која со години кисне во реалните шоу програми.  Тијана е атрактивна, згодна и сексапилна и не така често е изложена во јавноста. Затоа пак честопати рекламира и објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, а многумина велат дека таа е вистинска секс бомба со „атомска предница“. Нејзините облини мамат воздишки кај мажите, а на Инстаграм има повеќе од 50.000 следбеници. Особено кога ќе се соблече по костим за капење, каде раскошната предница, како што умеат да кажат, „оди две минути пред неа“. Иако таа често објавува фотографија без трошка шминка, јасно е дека  вистинска убавица и дека личи на нејзината мајка Марија Кулиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/ticakulic]]>