тијана периќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Jan 2024 15:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тијана периќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана (не)намерно ја ископира Антониа или нивната модна дизајнерката во недостаток на инспирација на пејачките им ја подметнала истата креација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-ne-namerno-ja-iskopira-antonia-ili-nivnata-modna-dizajnerkata-vo-nedostatok-na-inspiratsija-na-pejachkite-im-ja-podmetnala-istata-kreatsija-foto/ Wed, 31 Jan 2024 11:41:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336913

Естрадата има свои непишани правила, па покрај тоа што песната мора да ти биде хит за да биде слушана, однесувањето, ама и изгледот, имиџот, шминката, фризурата и модните креации ги прават пејачите и особено пејачките, познати, славни, популарни... музички ѕвезди! Од ова не отстапуваат ниту домашните пејачки, особено не оние од новата генерација, кои на секој нов настап, ТВ гостување, видеоспот... се појавуваат во нова модна креација! Некои  си се сами на себе си кројачи, други посегнуваат по фабричка конфекција, додека трети остваруваат конекција со некои од веќе познатите македонски модни дизајнери комплетно препуштајќи им ја својата гардероба на нивната креативна имагинација и вештите шнајдерски раце!
Една од оние која неретко специјално креира за македонските музички ѕвезди или поточно за естрадните пејачки е и модната креаторка Ива Спасовска. Така, Бојана Скендеровски, Лина Пејовска, Барбара Ракичевиќ, Лара Иванова, Антониа Гиговска, Тијана Периќ... се само дел од естрадните убавици чии модни креации ги препуштиле на вредните раце и острите ножици на кумановската дизајнерка. И сите тие имаат едно врзно ткиво, еден заеднички именител во својот страдно-моден изглед, па и во комплетниот имиџ, ако на тоа се додадат и разните парчиња накит и останатите модни аксесоари, за да изгледаат како некоја светска или барем регионална музичка дива, тука е нивната модна креаторка Ива! Арно ама, токму овие последниве две, Антониа и Тијана испадна дека или имаат апсолутно ист вкус, едната комплетно ја ископирала другата или нивната модна дизајнерка во недостаток на инспирација, на пејачките им ја „подметнала“ истата креација? Зашто, како поинаку да се објасни креацијата на Тијана Периќ во нејзиното најново музичко видео „Невера“, каде пејачката е облечена од раменици до петици во апсолутно истата модна комбинација како и неколку недели претходно, нејзината колешка Антониа Гиговска?! Комбинезон од црна провидна тантела, кој е искомбиниран со асиметрично, свилено, мини парче со отворен преклоп до препони, украсено со брош над колкот. Во него Антониа најпрвин се фотографирала, па подоцна и пеела на еден-два свои настапи... За подоцна истото да го облече и во него да се фотографира и Тијана. А подоцна во истиот комбинезон да се појави и во најновиот свој спот! А истото тоа модне парче сосе сите детали и модни аксесоари, како своја креција го потпишува кумановската модна дизајнерка, Ива Спасовска! Случајно или намерно, желба на едната да го носи истото што и другата или некој пробал модно „да им го смести“ на двете  „естрадни невести“? После се'  - е  сосема сеедно! Важно да е добро испрано откако го носела едната, пред да го облече другата! А, кога веќе не се до крај уникатни и свои, вие само можете да избирате и да одлучите на која од двете пејачки, креацијата подобро и стои?!   Фото: Инстаграм/ivaspasovskaatelier/antoniagigovskaa/tijana.perikj/  ]]>

Тијана Периќ ќе ве натера да не верувате во туѓите лаги во – „Невера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perik-ke-ve-natera-da-ne-veruvate-vo-tugite-lagi-vo-nevera-video/ Tue, 30 Jan 2024 08:12:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336705

По впелатливиот и забележителен настап на последниот „Макфест 2023“ и уште подобриот прием на нејзиниот хит „Бумеранг“ кој се' уште се врти во домашниот радио етер, „Невера” е новата песна четврта по ред на младата и надежна пеачка Тијана Периќ. Автор на песната е  композиторот Иле Спасев кој ги напишал, музиката и аранжманот, а се погрижил и  за миксот и  мастерингот, додека стиховите ги напишал Дени Куртовиќ кој што е млад артист и воедно композитор. Песната е визуелизирана и со видеозапис, а  Тијана повторно одлучи довербата да му ја препушти на проверениот мајстор Александар Ристовски Принц, кој направил еден преубав краток музички филм, во кој Тијана носи креации и накит на македонската модна  дизајнерката Ива Спасовска. „Невера“ е песната која се одлликува со модерен ритам кој веднаш ве тера да танцувате, а мелодијата на прва влегува во уво, иако е нешто поразлично од досегашните песни. Инаку Тијана е студент на Музичката академија - 3-та година. Музиката е нејзина љубов уште од најрана возраст. Од неодамна е и дел од тимот на Урбан ФМ радио каде што со околу 30 тина млади артисти водат радио подкасти во живо на You Tube каналот на радиото, улога во која подеднакво успешно се снаоѓа. Наскоро најавува и дует со еден наш артист, а секако веќе размуслува и за следна песна. Во продолжение слушнете као звучи и проследете како изгледа новото музичко остварување на Тијана, преточено во темата „Невера“. ]]>

По впечатливиот настап на „Макфест 2023“ на Тијана Периќ успехот и се враќа како – „Бумеранг“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-vpechatliviot-nastap-na-makfest-2023-na-tijana-perik-uspehot-i-se-vraka-kako-bumerang-video/ Sat, 04 Nov 2023 09:12:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325418

На годинешново 38-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип каде во живо ја отпеа одличната и певлива „Бумеранг“, Тијана Периќ имаше еден од највпечатливите фестивалски настапи. Иако, како што и самата таа вели, ова е нејзино прво претставување пред македонската публика и прво нејзино фестивалско искуство. Инаку, таа настапи со впечатливата креација во црвена боја во придружба на танчерите од „Aqua Dance“ каде ги освои симпатиите и на публиката во салата и на жирито и беше меѓу петте најдобри од првата фестивалска вечер. Ја имаше честа да ја отвори ревијалната вечер и да настапи заедно со многуте наши познати музички ѕвезди. Песната “Бумеранг” ја напиша Ефтимија Јованова, а во тимот на обработка учествуваа и Јован и Иван Јованови. Александар Ристовски – Принц се погрижи за спотот, а пак на сцената на „Макфест“ ја придружуваа танчери од „Aqua Dance“. За изгледот да биде онаков каков што беше , совршено вклопен во комплетната визуелизација на сцената се погрижи Ива Спасовска за креацијата и студио “Диор” од Штип за шминката и фризурата. Презадоволна од својот настап и приемот на песната Тијана уште отсега со сигурност вели дека повторно ќе ја видиме на „Макфест“, во некоја следна прилика, а кој знае, можеби веќе уште следната година. Инаку Тијана зад себе веќе има снимено две балади , „Писмо“ и „Сонувам“, а веќе се подготвува и за снимање на видео  за нејзината следна песна која ја најавува за почетокот на месец декември. Во продолжение, можете го погледнете видеозаписот за макфестовската “Бумеранг” која веќе наголемо се врти во македонскиот радиоетер. ]]>

Тијана Периќ низ песна ви доловува како е кога разумот молчи, а само срцето слуша во – „Сонувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perikj-niz-pesna-vi-dolovuva-kako-e-koga-razumot-molchi-a-samo-srceto-slusha-vo-sonuvam-video/ Mon, 05 Sep 2022 05:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265523

20-годишната Тијана Периќ вчеравечер ја промовираше својата втора песна, насловена како „Сонувам“. За „Сонувам“ најмногу е заслужен Ѓорѓи Крстевски, кој е комплетен автор на песната, но ништо без Иван Петровски - гитара, Џоле Максимовски - бас гитара, Иле Спасев - микс и мастеринг и Сара Пројковска која ги пее придружните вокали. „Во песната пеам за љубов којашто е многу силна, толку силна што може да помине низ секаква бура од емоции и на крајот повторно да остане само чиста, силна и вистинска... Кога разумот молчи, само срцето слуша“- вели Тијана. Уникатноста во цел овој музички пакет се крие во видеоспотот. Ана Стрелкова преку својот единствен талент за цртање на песок, на целиот проект му дава една поинаква уметничка димензија. „Песната се подготвуваше пет месеци со тоа што најмногу време и труд беше вложен во тоа спотот да се поклопи целосно со песната, па затоа цртањето на песок ни одзеде многу време, но на крајот се исплатеше. Крајниот резултат е уметничко дело што ни ги задоволи очекувањата и притоа е прво вакво нешто уметничко кај нас“, открива пејачката. Инаку, ова е втора песна на Тијана, после „Писмо“, со која стана дел од македонското музичко небо. Периќ студира на Факултетот за музичка уметност и вели дека сака да остане доследна на својот музички правец, и покрај тоа што сосема поинаква музика во моментов е многу популарна. „Сонувам за успех по патот по којшто почнав да чекорам. Верувам дека секој труд и квалитет се исплатат и затоа трпеливо ќе сонувам за ‘моите 5 минути’, а дотогаш останува да работам на себе и да не престанам да се трудам и напредувам“, вели Тијана Периќ. Слушнете ја „Сонувам“ и споделете ја со вашите пријатели. ]]>

Пијанистката и поп пејачка Тијана Периќ е наша претставничка на сајбер-фестивалот „Јунајтед вижн“ со песната – „Писмо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pijanistkata-i-pop-pejachka-tijana-perikj-e-nasha-pretstavnichka-na-sajber-festivalot-junajted-vizn-so-pesnata-pismo-video/ Wed, 19 Jan 2022 10:14:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235429

На новиот светски виртуелен забавен фестивал „Јунајтед вижн“, на кој учествуваат претставници од стотина земји од целиот свет, младата пејачка Тијана Периќ, со песната „Писмо“, ја претставува Македонија. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји што ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана (19), а со тоа водно и нашата земја, Македонија. Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Минатата година заврши во средното музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е прва година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Веќе 12 години свири клавир, досега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Т алентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска. „Писмо“ е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски, а неговата продукција „Крстевски ентертејмент“ го реализира спотот, кој е сниман на три локации. Оригиналната верзија трае осум и пол минути, каде што освен како вокал, Тијана е претставена и како пијанистка, а истата беше издадена уште во септември 2021 година. ]]>