Ти така ми доаѓаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Mar 2023 09:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ти така ми доаѓаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вака изгледаше во неговиот прв видеоспот пред 45 години каде пееше забавна песна: Го препознавате ли пејачот, денес е македонска фолк легенда (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgledashe-vo-negoviot-prv-videospot-pred-45-godini-kade-peeshe-zabavna-pesna-go-prepoznavate-li-pejachot-denes-e-makedonska-folk-legenda-video/ Thu, 02 Mar 2023 09:00:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291284

Брадатото тогаш, 22 годишно момче кариерата ја започна токму со оваа песна и видео. Тогаш како надежен пејач на забавна музика и шлагери, за со годините подоцна да прерасне во врвен фолк интерпретатор на изворни и новосоздадени народни песни, а денес за него може да се каже дека е вистинска фолк  легенда. Роден во ресенчанец, но речиси целиот живот го минува во Охрид, каде завршил основно и средно образование, како и музичко училиште, а во Охрид и денес живее. Во Скопје  завршува  прв степен право и Угостителско-туристички факултет одново во Охрид, но музиката преовладува,  па по десеттина години работа како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, дефинитивно прераснува во професионален естраден уметник, до ден денес. Нема фолк фестивал кај нас на кој не настапил, на многу од нив освојувал и награди, испеал мноштво македонски изворни и новосоздадени народни песни, од кои некои станале и хитови, а останале и како фолк евергрини. Имал мноштво турнеји по дијаспората, учествувал на безброј манифестицаии и концерти, снимил неколку носачи на звук ( касети и ЦД-а), а  ден денес остана активен изведувач кој  се' уште настапува и е присутен во медиумите. Ако се' уште не го препознавте, во прашање е Петар Нечовски. Освен по своите песни, познат како дружељубив човек, другар, пријател, со весело срце и широка душа. Инаку на видеото од далечната 1978 година реализирано од тогашнато ТВ Скопје тој го прави своето телевизиско деби каде ја пее забавната мелодија „Ти така ми доаѓаш“, песна која подоцна стана македонски шлагерски евергрин. На него не е снимката од изградбата на автопатот Скопје-Охрид, зашто со оглед на тоа колку долго се гради, можеби некому така ќе му заличи,  туку се снимени фрагменти од тогашната младинска работна акција „ОРА Катланово 78“. Проследете го видеото од пред 45 години, кое повозрасните ќе ги постети на старите добри времиња, а помладите ќе ги однесе во за нив едно можеби едно поинакво време, во кое колку и да им изгледа и звучи чудно и неверојатно, многу поубаво се живееше од денес, на што се живи сведоци оние кои го искусиле и она тогашното и ова сегашново живеење, како самиот Петар Нечовски (КЛИКНИ ТУКА): ]]>