The chicks – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Aug 2021 11:49:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png The chicks – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Девојките од „The Chicks“ со ново музичко освежување – „Wreckin’ nights“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/devojkite-od-the-chicks-so-novo-muzichko-osvezuvanje-wreckin-nights-video/ Wed, 04 Aug 2021 11:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213722

Tрите девојки од музичкиот бенд „The Chicks“ имаат ново музичко надополнување со видеоспот. Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, трите распени „пилиња“ од групата овој пат на својата публика им ја подаруваа песната насловена како „Wreckin’ nights“. Музиката е дело на Александар Чекреџи, а текстот го потпишуваат девојките од „The Chicks“.За аудио продукцијата се погрижил Александар Ристовски-Принц, миксот и мастерингот ги изработил  Златко Симионски -Зеко од  „ДоРеМи“ продукција. Видеоспотот пак, е дело и креација на Александар Ристовски – Принц, а главен актер е Исидор Јовановски. Во продолжение слушнете ја „Wreckin’ nights“. ]]>

Дојран добива нов фестивал, се роди „Дојран Рок Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/dojran-dobiva-nov-festival-se-rodi-dojran-rok-fest/ Wed, 14 Jul 2021 11:56:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211124

Како нов проект, Здружението „Андерфест“ ќе го o рганизира првото издание на „Дојран Рок Фест“. „Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7-ми август 2021 година на плоштадот во Стар Дојран. Исто така планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот. Се очекува да настапат неколку реномирани, но и млади изведувачи со што ќе се придонесе за збогатување на културниот живот во општина Дојран и околината. Влезот ќе биде бесплатен. На фестивалот ќе настапат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа: „Bad Obsession“, „High Voltage“, „Cruel“, „Daktili“ и „The Chicks“. Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.]]>

Девојките од “The Chicks” ве водат на музичка прошетка низ нивното љубовно лудило во – “Insanity”(ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/insanity-devojkite-od-the-chicks-ve-vodat-na-muzichka-proshetka-niz-nivnoto-muzichko-ludilo-vo-insanity-video/ Mon, 10 Aug 2020 12:56:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162631

 По првите две песни од деби албумот кој го изададоа во месец април годинава насловен „Travelers“, трите велешанки од музичкиот бенд „The Chicks“ сега имаат уште едно, ново музичко надополнување со видеоспот. Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, трите распени „пилиња“ од групата овој пат на својата публика им ја подаруваат третата песна од нивното прво дискографско остварување. Велешанките  своето музичко патување зачинето со нивниот бакнеж го продолжуваат внесувајќи ги своите обожаватели  во ново музичко „лудило“, како што гласи и насловот на новата песна - “Insanity”. Музиката и аранжманот се дело на Александар Чекреџи-Чекре, додека текстот е на “The Chicks”.  За аудио продукцијата се погрижил Александар Ристовски-Принц, миксот и мастерингот ги изработил  Златко Симионски -Зеко од  „ДоРеМи“ продукција. Видеоспотот пак, е дело и креација на девојките “The Chicks” и Даре Димов, а главни актери во него се Сашка Манасиева и Ристе Димов. https://www.youtube.com/watch?v=RHTKV2Wfw3A  
]]>

Деби албумот на „The Chicks“ надополнет со „Бакнеж“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/debi-albumot-na-the-chicks-nadopolnet-so-baknez-video/ Tue, 09 Jun 2020 11:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153008

Откако во месец април годинава го објавија првиот сингл „Travelers“ за истоимениот деби албум, трите велешанки од музичкиот бенд „The Chicks“ сега имаат ново музичко надополнување. Имено, тие го промовираат вториот сингл „Бакнеж“ кој ќе се најде на албумот, а за новата музичка тема објавија и видео. Автор на музиката и аранжманот е Александар Чекреџи- Чекре, тeкст и аудио продукцијата се на Александар Ристовски- Принц, додека микс и мастеринг работеше Златко Симионски- Зеко, а видео го изработија „Тhe Chicks“. И додека ја чекаме промоција на албумот која ќе следи понатаму, во некои посреќни времиња кога за тоа чќе се создадат вистински услови, слушнете ја и погледнете го видеото за „Бакнеж“: ]]>

„Тhe Chicks“ со нова музичка воздишка – „Ах, тие очи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/the-chicks-so-nova-muzichka-vozdishka-ah-tie-ochi-video/ Mon, 01 Jul 2019 10:08:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95422

Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева своите музички способности ги сплотуваат заедно во еден музички бенд –  „Тhe Chicks“.  Трите велешанки најпрвин станаа познати по своите забавни настапи на кои добрата журка е загарантирана, а потоа и по преработките на познатите песни од  македонски и странски изведувачи.
Веднаш потоа следуваше и нивната деби авторска песна, па настапот на „Макфест 2017“ каде добиваат награда за најдобри дебитанти. Покрај примарните професии: Моника е докторка, Сандра работи адвокатура, а Наталија е економист, девојките најдоа време за уште една своја авторска тема, па така деновиве ја промовираат својата најнова песна и видеото за неа, насловена: „Ах тие очи“.
Mузика и аранжманот ги потпишува Сашко Костов, а текстот и коаранжманот самите „Тhe Chicks“ (Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева). Музички продуцент е Дино Зуќиќ, кој ја снимал и продуцирал песната во своето домашно студио.
Симпатичното летно видео го изработила екипата на „Пента студио“,предводена од Иво Иванов, додека како единствено машко меѓу девојките во спотот се појавува моделот Стефан Стоилковски.
Како изгледа и звучи кога девојките пеејќи воздивнуваат: „Ах, тие очи“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=J964K5XT7Sk  ]]>

„The chicks“: Музиката и нотите ги избравме како азбука и јазик преку кој се изразуваме https://arhiva.vistina.com.mk/the-chicks-muzikata-i-notite-gi-izbravme-kako-azbuka-i-jazik-preku-koj-se-izrazuvame/ Mon, 28 May 2018 07:43:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29004

Трите девојки од Велес, „The Chicks“  пред две години запливаа во музичките води и ја освоија публиката со својот талент и  музика, а денес нивната агенда е полна со настапи, а пак од публиката добиваат премногу поддршка. Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева своите музички способности ги сплотуваат заедно во еден музички бенд -  „Тhe Chicks“.
Тие за Вистина.мк велат дека идејата за формирање на бенд била на Сандра која сакала да направи нов бенд и тоа женски. А овој предлог прифатен и од страна на Наталија и Моника, па така трите девојки го формираат „The chicks“. - Идејата беше на Сандра, а беше лесно и со возбуда прифатена од нас. Ние претходно имавме искуства со други бендови кои беа од мешан тип. Но, осетивме дека на македонската музичка сцена недостасува тој облик на енергија. Затоа сакавме да експериментираме малку и да создадеме нешто што ќе ја пополни празнината и ќе создаде едно ново искуство и доживување и за нас и за публиката „The chicks“ велат дека воопшто немале трема кога се започнале да работат како бенд, а фидебекот од публиката е одличен. - Од самиот почеток испаднавме со голем ентузијазам и елан. Целта ни е баш ширење на позитивна енергија, љубов и сплотување меѓу луѓето. Музиката и нотите ги избравме како азбука и јазик преку кој се изразуваме, јазик кој секој може да го разбере. Буквално од првиот настап тоа го осети публиката, со која ние отворено комуницираме. Нема нешто на овој свет што ќе ви го замени чуството на радост што публиката го враќа назад како фидбек, пее , се забавува до последната песна. Тоа е почит, која во знак на благодарност природно протекува во процесот на размена на добра енергија на нашите настапи. Поддршката е огромна од слушателите, фамилиите,пријателите, сограѓаните и генерално од нашата публика. Особена поддршка добиваме од нашите сограѓани , буквално од сите возрасти, националности, професии и религии. Споделувањето на нашите видеа, одзивот на настапите, интересот за нашите интервјуа, фотографиии и буквално се што излегува од нас на социјалните мрежи, ни е сигурен знак дека се движиме во добра насока, која влијае позитивно како и за музичката сцена во Македонија , така и за подобрување на клубскиот социјален живот.
Тие сметаат дека во денешно време кога конкуренцијата е силна и секој сака да биде пејач, под ова сонце има место за сите, само треба да работите на себе. - За секој има место под сонцето. Тоа е навистина стара, но евергрин мисла :)  За сите има се, но патот сами си го креираме и трасираме. Од лично искуство би кажале дека од самиот наш почеток, веќе две години сме заедно, а настапи имаме колку што има неработни денови . Поентата е да работиш на себе, да се подобруваш и да сакаш да го пренесеш она што го знаеш и имаш како талент. Фокусот да ти е на тоа што ќе дадеш, а не на тоа што ќе добиеш. Тоа е формулата за успех. „Тhe chicks“ со песната на „Боите на љубовта“ се појавија на „Макфест“, каде што беа прогласени за најдобри дебитанти. - Кога ни понудија да настапиме на Макфест ни дадоа можност да избираме дали ќе настапиме со наша песна или ни понудија соработка со веќе етаблирани композитори. Нас идејата да создадеме наша песна и да дојде до израз нашата креативност ни беше попримамлива и го видовме тоа како интересен предизивик. Претходно имавме веќе осмислено мелодиска линија сосема случајно во еден момент на инспирација седејќи во една викендица со друштво. Моника ја зема гитарата и почна да свири , Сандра почна да пее, Наталија ја доработи и така се создаде музиката на песната. Дино Зуќиќ, млад, просперитетен и креативен композитор го изработи аранжманот на песната. А, Стефан Марковски веќе познатиот поет го напиша текстот на песната. Сценскиот настап и изглед исто го осмисливме ние трите. Видеото во позадината на видео бимот го изработи Влатко Рикалоски. Макфест беше навистина едно ново и преубаво искуство за нас на кое добивме награда за најдобри дебитанти за 2017та година.
Тие главно настапуваат со кавери на познати светски песни. - Да, ние свириме засега кавери од македонски и странски изведувачи, вклучувајќи и латино. Инспиративни ликови имаме многу. Почнувајќи од Joss Stone која обожава боса да си гази на сцена и да си пие чајче. Тоа е таа слобода на израз и уникатност што ја гледаме во неа. Ликови како David Bowie кои не инспирираaт на креативност и творештво,ликови како Тоше Проески кои се инспирација за човечност, добрина, хуманост и  многу други.
Во моментот ја изработуваат нивната втора авторска песна со која ќе го одредат правецот во кој ќе се движи нивната музика. - Во моментов ја изработуваме нашата втора авторска песна и воедно го бараме правецот кој би не дефинирал трите. Но , да ви откриеме дека се движиме накај разигран ритам, песна со модулации, захтевни ноти и бистри ниски тонови , чија вибрација поттикнува чувство на исполнетост по секое слушање. Се надеваме дека ќе ви се допаднат вистинските The Chicks.
За Вистина.мк велат дека ја почитуваат и ценат македонската музика, па често пејат и кавери од наши квалитетни изведувачи - На македонската сцена има изведувачи кои се навистина квалитетни. Ние сакаме да ја поттикнеме публиката да слушат македонска музика и често пати изведуваме повеќе македонски песни отколку странски. Свириме и пееме песни од многу наши идоли на македонската сцена меѓу кои Калиопи , Каролина Гочева,Тамара Тодевска итн.Каролина Гочева би ја издвоиле како одличен вокал. Зад себе има оставено повеќе песни, а во исто време е уникатна по своите проекти со албумите "Македонско девојче". Покрај пеењето, Моника, Сандра и Наталија имаат и примерни професии, а секогаш имаат и време за  музиката и за спорт. - Да, сите покрај музиката се занимаваме и со нашите примарни професии. Моника е докторка, Сандра работи адвокатура, а Наталија е економист. Покрај тоа наоѓаме време секоја индивидуално за спортување, одиме на часеви по пеење кај Професор Горан Диновски, не ги изоставуваме и нашите пријатели и фамилии. Така да слободно време немаме многу. Но, ентузијазмот и желбата да се надоградуваме во се она што го правиме ни дава мотивација да постојано работиме на себе и растеме.
„The chicks“ моментално работат на видео записот за песната „Доживотно“ на Елена Ристеска, а потоа ќе објават и нивна авторска песна на која работат со одличен тим. Така е , видео записот за песната „Доживотно“ е речиси при крајот и премиерно ќе се прикаже во текот на неделава. Преработка токму на таа песна беше идеја на еден наш пријател Дино Зукиќ, во чие студио(Dino’s Home Studio) ја снимивме и песната за Макфест. Многу сме среќни бидејќи заедно со него направивме едно интересно каверче во три гласа кое ќе имате прилика да го чуете. Ја изработивме “Доживотно”, бидејќи песната е полна со емоции и поаѓајќи од нашите искуства многу се поврзавме со неа :).
Наскоро по неа, ќе испадне наша авторска песна на која работиме со одличен тим, а исто така планираме и видео запис. Па следи албум, фестивали, настапи, соработки, еден интересен џез проект... и толку откриваме  за сега. Би сакале да споменеме, Голема благодарност до целиот тим што работи и соработува со нас. Од нашите пријатели кои не возат и ни се огромна поддршка на нашите настапи, нашиот драг пријател и фотограф Нино Николов, кој ни ги прави до сега сите фраерски фотосесии, Благодарност до професионалноста на  Данчо Стефков - Tulip Pro и DMX master - професионално осветлување со кои соработуваме за нашите спотови.]]>