The Brassery – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Apr 2021 12:43:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png The Brassery – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонецот од Австралија, Тони Димитриоски – „Трубач“ ви ја подарува – “The Brassery” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonecot-od-avstralija-toni-dimitrioski-trubach-vi-ja-podaruva-the-brassery-video/ Tue, 13 Apr 2021 12:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198871

Ако сте љубител на тенис и фан на големиот Новак Ѓоковиќ, тогаш сигурно го паметите моментот во Сиднеј на АТП купот во 2020-та година, кога меѓу громогласните српски навивачи се разлеа звукот на трубата и познатиот “Марш на Дрина”… марш кој повикува на јуриш и победа. Во тие еуфорични моменти некои веднаш го препознаа својот сограѓанин, пријател и колега Тони Димитриоски - „Трубач“, а остатокот од светот го запамети како главна атракција на натпреварот. А момчето замислете, да ти биде “наше“?! Тони Димитриоски - Трубач живее и работи во далечна Австралија и моментално е актуелен со неговиот најнов видео запис за нумерата “The Brassery”, која е дел од инструменталните композиции што се наоѓаат на албумот “The European Promenade”. Истата е негово комплетно дело во кое самиот Тони ги отсвири и сите потребни инструменти. Во видео записот пак освен во веселите звуци на трубата, можеме за момент да уживаме и во прекрасните пејсажи и слики на Мелбурн кои комплетно им ја носат радоста на љубителите на овој вид на музика. ”Работам како солист со различни бендови и музичари во македонската и српската заедница. За време на работните денови работам како професор по труба, а за време на викендите се забавувам и уживам на настаните и свадбите за кои добивам покана. Кога се во прашање плановите за во иднина ќе започнам со снимање на нова инструментална композиција, славејќи четири најдобри таленти во Австралија на нивните инструменти. Тоа ќе биде музички проект во различен стил за кој планирам подоцна еден добро осмислен филмски клип” - раскажа тони за „Балкан мјузик“. До следното ново музичко уживање и визуелно патување на Тони Димитриоски, ви предлагаме да уживате во “The Brassery”. https://www.youtube.com/watch?v=FFRnUD69ct8    ]]>