тетово – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Feb 2024 13:50:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тетово – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лени Партикова со голем солистички концерт: „Корените македонски да не се заборават“ https://arhiva.vistina.com.mk/leni-partikova-so-golem-solistichki-kontsert-korenite-makedonski-da-ne-se-zaboravat/ Thu, 29 Feb 2024 13:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340692

Македонска пејачка Лени Партикова на 30-ти март во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, ќе го одржи својот прв голем солистички концерт пред македонската публика. Таа досега има снимено голем број на песни со кои има настапено на повеќето еминентни и познати македонски музички забавни и фолк фестивали.
„Еден мој голем сон ќе се оствари да имам свој солистички концерт. Со многу голема љубов и посветеност мојот сопруг Жарко Ѓоргески успеа со голема доверба и почит за мојата работа како уметник да го организира и реализира овој концерт. На истиот ќе бидат изведени мои авторски песни од албумот „Со срце и душа за Македонија“, и стари изворни песни од моите два нови албуми „Корените македонски да не се заборават“ - изјави лени за порталот Музика 24. Таа меѓудругото додава дека за време на концертот со неа на сцената ќе бидат и прекрасните деца-играорци од КУД „Шара“, како и детскиот хор „Лале“ од Тетово. На сцената музичката поддршка ќе бидат нејзините почитувани колеги група „Круна“ заедно со двајцата врвни хармоникаши Робертино Стефановски и Златко Мадевски. А ќе гостува и дувачкиот оркестар „Весела дружина“. „Како јаготка на шлагот на овој долго подготвуван и очекуван концерт ќе бидат моите драги колеги со кои долги години соработувам, нашата фолк дива Благица Павловска, Флори Манев како и Раде Младеновски“ - додава пејачката.
Инаку, зад студискиот албум „Со срце и душа за Македонија“ стои Кактус продукција и продуцентот и познат македонски музичар Горан Милошески, а зад останатите студиски албуми „Корените македонски да не се заборават“ застана Сенатор Мјузик од Битола и Ване Петкоски од ИН Телевизија]]>

Мохито – златна есен: Периодот меѓу безгрижното лето и суровата зима исполнете го со доза на елеганција https://arhiva.vistina.com.mk/mohito-zlatna-esen-periodot-megu-bezgrizhnoto-leto-i-surovata-zima-ispolnete-go-so-doza-na-elegantsija/ Thu, 26 Oct 2023 10:26:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324025

Уште една локација, уште една дестинација – време е за пополнување нови страници во модната приказна која во светски рамки се пишува од 1991 година. Од петок новата дестинација на која можете да ги набавите своите омилени парчиња од брендовите MOHITO, Reserved, Cropp, House и Sinsay е трговскиот центар Палма Мол во Тетово. Модата е oна што се нуди четири пати годишно од страна на дизајнерите, ностилот е она што вие ќе го изберете. Затоа бидете внимателни и избирливи кога одите во потрага по новите парчиња кои треба да го освежат вашиот орман. Дизајнерите кои стојат зад брендот Мохито (MOHITO) и за оваа есен подготвија совршени парчиња кои периодот меѓу безгрижното лето и суровата зима ќе го исполнат со доза на елеганција. Колекцијата Златна есен (The Golden Autumn) ја отелотворува суштината на женствениот урбан шик. Содржи силуети совршени за преодната сезона - од утро до мрак - колекцијата плени со своите внимателни форми, експресивни бои и инвентивни детали. Карактерот на златната есенска колекција е дефиниран со контрасти. Од една страна, црпи инспирација од традиционалното кроење и машките влијанија, видливи во цврстата горна облека со дарежливи кроеви. Од друга страна, не ѝ недостасуваат женствени и несекојдневни детали. Блузите и фустаните се изработени од лесни ткаенини кои нежно го прегрнуваат телото, додека впечатливите машни околу вратот или отворениот грб даваат неверојатен УАУ-ефект! Мохито (MOHITO), исто така, експериментира со различни кроеви и должини. Кратките здолништа кои ги покажуваат нозете може да бидат стилски комбинирани со блуза со долги ракави. Во меѓувреме, удобниот аутфит кој подразбира предимензиониран џемпер-фустан добива сензуален карактер кога се комбинира со ултра високи, стилето чизми. Она што е најволшебно во целата The Golden Autumn колекција е всушност нејзината почит кон боите на златната есен. Палетата содржи светли, оптимистички бои - жолта, портокалова или боја на слива. Овие топли, живописни акценти се надополнети со низа неутрални сиви, придушени бели и нуд нијанси. Дополнително, нема недостиг од пријатни текстури на допир или рафинирани принтови, како што е класичниот црно - бел пепито дизајн. Мохито (MOHITO) докажува дека вреди да се грижите за прагматичните есенски комбинации – зашто сепак можете да изгледате неверојатно и примамливо без никакви компромиси! Новата The Golden Autumn колекција наскоро ќе биде достапна во продавницата на Мохито (MOHITO), а уште еден новитет е дека освен во скопскиот Еast Gate Mall, веќе од петок (27 октомври) почнува да се испишува уште една успешна приказна во работењето на ЛПП и сите брендови под капата на овој полски моден гигант. Од петок новата дестинација на која можете да ги набавите своите омилени парчиња од брендовите MOHITO, Reserved, Cropp, House и Sinsay е трговскиот центар Палма Мол во Тетово. Уште една локација, уште една дестинација – време е за пополнување нови страници во модната приказна која во светски рамки се пишува од 1991 година. Палма Мол деветте години успешно работење ги заокружува со пуштање во употреба на новиот модерен капацитет, што се простира на површина од 77 000 квадратни метри, од кои 38 000 се за квадратура за клиенти, а 22 000 за внатрешен паркинг простор. ЛПП групацијата ќе биде застапена со сите свои 5 брендови - MOHITO, Reserved, Cropp, House и Sinsay, кои веќе од петок ги отвораат вратите за потрошувачите. Бидете дел од модната ЛПП приказна и не заборавајте - Стилот е она што имате да го кажете без притоа да имате потреба да зборувате! ]]>

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ оваа среда ќе се пеат во Тетово! https://arhiva.vistina.com.mk/pesnite-od-proektot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-ovaa-sreda-ke-se-peat-vo-tetovo/ Tue, 03 Oct 2023 10:33:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320805

Полека се ближиме кон големото финале, односно заокружувањето на овој, есенски дел од приказната наречена „Македонијо во срце те носиме“ и последниот концерт во Скопје. А до Скопје следуваат уште два од предвидените вкупно осум концерти, во исто толку македонски градови. Така, по Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани караванот „Македонијо во срце те носиме“ утревечер, 4 октомври, патува кон Тетово. Концертот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад. На репертоарот и во градот под Шара ќе се најдат сите 12 песни од проектот, а „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“... и овој пат ќе бидат отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а сите 12 родољубиви песни во ново руво ги спакува маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното - нашата земја и нејзиното наследство. Затоа дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.]]>

„Бев многу нервозна“: На Антониа Гиговска среде настап и се случи проблем кој ја извади од кожа https://arhiva.vistina.com.mk/bev-mnogu-nervozna-na-antonia-gigovska-srede-nastap-i-se-sluchi-problem-koj-ja-izvadi-od-koza/ Mon, 05 Dec 2022 08:20:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278553

Антониа Гиговска е неуморна кога настапите се во прашање. Нејзината агенда е полна со настапи низ цела Македонија, што е најголем доказ дека публиката ја сака неа и нејзините песни, а им се допаѓа и останатиот репертоар кој таа го исполнува. Гиговска е една од најактивните млади пејачки, а кога се работи, тогаш се случуваат и проблеми, некогаш решливи, некогаш нешто подоцна на ваков или на онаков начин.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Меѓу набиената агенда, Гиговска деновиве пееше во Тетово, а таму како што јавно се изјасни преку својот Инстаграм профил, нешто не и тргнало од рака. Поради техничкиот проблем или нешто од сосема поинаква природа, пејачката била оган нервозна, поради тоа што не стигнала да испее дел од песните.
 
-Вчера бев толку нервозна што се случи проблем за кој што немаше решение во момементот, па не ги слушнавте повеќето мои песни како „Хиена“, Могли смо у двоје“... Ветувам следен пат доаѓаме без пробчлеми на сцетата. Фала ви тетовчани. – пишува Антониа. Искреноста и извинувањето се за почит, бидејќи секому може се да му се случи, особено ако проблемот бил технички, ако бил од поинаков карактер, веруваме дека и тоа ќе биде надминато и невредно за нервоза. фотоИнстаграм/Антониа Гиговска]]>

Наташа Беквалац пееше во Тетово, а еве кој Македонец ја дружеше во хотелската соба (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalac-peeshe-vo-tetovo-a-eve-koj-makedonec-ja-druzeshe-vo-hotelskata-soba-foto/ Mon, 06 Jun 2022 08:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253104

Новосадската барбика Наташа Беквалац периодов има полна агенда со настапи, а на истата беше и Тетово каде пееше изминатиот викенд. Она што и се случува приватно и професионално, редовно осамнува на нејзиниот профил на Инстаграм, а овој пат пред настап покажа како го минувала времето во еден хотел во Тетово каде беше сместена. Беквалац најпрво се опушташе во затворениот барен, се расоблече во бикини и реши да се разлади од топлото време. А потоа, следеа подготовките за шминка и фрузира за што Наташа довербата му ја препушти на познатиот македонси стилист Даниел Николовски. Дека се дружеле во хотелската соба додека ја средувал за вечерниот настап, Ната покажа низ неколу фотографии од кои можеше да се виде дека заеднио со неа биле и девојките кои ја придружуваат на сцената. Ова не е првпат Беквалац кога доаѓа во Македонија да ја стлизира Даниел кој очигледно таа не ни помислува да го замени за друг. Задоволна од третманот, задоволна и од публиката, пејачката се заблагодари за фитбекот кој го доби на настапот преку граница кај соседите. фото:Инстаграм Наташа Беквалац/Даниел Николовски]]>

Македонските јавни и естрадни личности сочувствуваат со семејствата погодени од трагедијата во Тетово: И тага и бес и горчина и очај… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-i-estradni-lichnosti-sochuvstvuvaat-so-semejstvata-pogodeni-od-tragedijata-vo-tetovo-i-taga-i-bes-i-gorchina-i-ochaj-foto/ Fri, 10 Sep 2021 08:19:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218589

Страшната трагедија во модуларната ковид болница во Тетово, која во пожарот што ја зафати целосно изгоре, однесе 14 човечки животи, а уште 12 лица се потешко или полесно повредени. Несреќа од невидени размери, со фатален крај за многумина кои дошле да се спасат од опакиот вирус, а животите ги завршија страшно во пламените јазици на огнот. Тетово и  Македонија во солзи, знамињата спуштени на половина копје, државата во тродневна жалост, истрагата во тек, надлежните без вистински одговори на новинарските прашања и она што треба да го знае јавноста... И додека семјствата едвај се соочуваат со огромната болка и тага заради ненадоместливата загуба, власта на чело со ресорниот министер Венко Филипче се повикува на познатата „излижана“  флоскула: „Да почекаме што ќе покаже истрагата“! Догаш етиката, моралот, чувството за одговорност, за „образ“... покажува кој го има, а кој - НЕ! Дури и тогаш кога на сите им е јасно што треба прво да се направи! Во меѓувреме додека јавноста ги чека одговрите и одговорноста и оставките, со бес, очај и неверување остро реагира на социјалните мрежи, но и со длабока тага сочувствува со најблиските на починатите, им се нуди помош на повредените. Меѓу останатите граѓани и македонските јавни и естрадни личности го изразуваат своето сочувство... Најмногу на своите профили на Инстаграм, Фејсбук, преку Твитер... Со слика, збор, емотикони како израз на емоции... И тага и бес и горчина и очај... Помеѓу другите, еве што објавија на своите профили на социјалните мрежи некои од нив... Игор Џамбазов, Калиопи Букле,
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, Панчо - ДНК,  Лила Филиповска, Кристина Димитриевска, Миа Костова, Викторија Лоба, Лина Пејовска, Ване Марковски, Елена Велевска,   Фото: Социјални мрежи]]>

Ване Марковски со емотивeн статус за трагедијата во Тетово: „Потажна емисија сум немал во мојот живот, најтешко е да се зборува со грутка во грло“ https://arhiva.vistina.com.mk/vane-markovski-so-emotina-poraka-za-tragedijata-vo-tetovo-potazna-emisija-sum-nemal-vo-mojot-zivot-najteshko-e-da-se-zboruva-so-grutka-vo-grlo/ Fri, 10 Sep 2021 08:17:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218623

Голема трагедија се случи на Денот на незавиност на Македонија (08.09.2021) во Тетово  кога пожар ја зафати и пеплоса до темел моделурната ковид болница. Во пожарот починаа 14 човечки животи, а уште 12 лица се потешко или полесно повредени. На територијата на цела држава е прогласена тродневна  жалост, а знамињата се спуштени на половина копје. Тага, бес, разочарување....владеат кај граѓаните во Тетово и Македонија. Македонските јавни личности преку социјалните мрежи изразија тага за немилиот настан и сочувство до семејствата на починатите. Македонскиот водител Ване Маркоски на својот „Фејсбук“ се огласи со емотивен статус за ова немила случка и истакна дека никогаш во животот не водел потешка емисија, мислејќи на Утринската програма на МРТ која заедно со колегите ја посветија на трагедијата во Тетово. „Потешка и потажна емисија сум немал во мојот живот. Најтешко е да се зборува со грутка во грло. Многу тешко.Тешко е кога помеѓу сите вести што ни пристигнуваа утрово, ти сакаш да кажеш нешто, некоја мала утеха, а сфаќаш дека си беспомошен и едноставно нема збор со кој ќе ја ублажиш оваа колективна тага, оваа трагедија. Сочуство до моите сограѓани, до моите тетовчани Во Тетово сите се познаваме едни со други. Со оваа трагедија сите изгубивме по некој свој, некој што го познаваме, пријател, сосед, познаник, сограѓанин. Сочуство до сите семејства кои жалат денес. Многу тажно. Многу“, напиша тој.     Инаку, Ване по потекло е од Тетово и својата водителката кариера ја започнал токму во локалната телевезија „Кисс“ во неговиот роден град. фото: фејсбук/инстаграм/ване маркоски]]>

Сo пет пара си „фати“ милионче! Нов милионер на Sport Life во Тетово https://arhiva.vistina.com.mk/so-pet-para-si-fati-milionche-nov-milioner-na-sport-life-vo-tetovo/ Wed, 03 Mar 2021 13:45:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192367

Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово. Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на „милионери“ на Sport Life. За оваа атрактивна и висока седумцифрена добивка, петте пара на тикетот биле со вкупен коефициент 257, а влогот изнесувал 3.900 денари. Сите пет натпревари на кои се обложил биле одиграни во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата била по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција. Првиот пар - Динамо Дрезден со два брзи гола во последните шест минути од првиот дел најавил победа против Инголштад, на крајот и убедлива со 4:0, за фатен тип 1-1, со квота од 4.75 во Sport Life. Вториот германски меч на добитниот тикет е од пониските лиги во Германија, а се чекало двојка на дуелот меѓу втората екипа на Борусија Менхенгладбах против Алеманија Ахен. Двоен стрелец за гостите бил Огузан Ајдоган, по еден во двете полувремиња за триумф на гостите од 1:2 и фатена двојка со коефициент од 2.60. Врв на добитниот тикет е мајсторски одиграниот тип Х-Х на дуелот во Турција меѓу Анталијаспор и шампионот Башакшехир, кој меч завршил без голови. Двата преостанати натпревари во Англија од 16 часот,  биле одиграни со единици на Барнсли против Милвол (2,18 коефициент) и на Мансфилд со Моркамб (2,30 коефициент). И двата нашиот играч ги погодил-Барнсли прослави против Милвол со 2:1 и Мансфилд со триумф од 1:0 против Моркамб ги освои бодовите и воедно ја запечати добивката од еден милион денари во Тетово.]]>

Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест” во Тетово (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trio-taksim-od-istanbul-go-otvori-chetvrtoto-izdanie-na-dzez-fest-vo-tetovo/ Thu, 12 Sep 2019 07:40:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106365

Со двочасовен настап на Хусну Сенлендиричи, Исмаил Тунчбилек и Ајтач Доган членови на Таксим Трио од Истанбул, Турција вчера вечер започна четвртото издание на „Џез фест 2019“ во центарот за култура во Тетово. Тројцата музичари на кларинет, баглама и канун го презентираа музичкото наследство на Турција во џез форма. Во текот на настапот триото на сцената го повика 10 годишниот ученик Ерденај Салиу од Тетово со кого комуницирале од порано за да тој да настапи заедно со нив со неговиот кларинет.
- Овој четврти по ред „Џез фест“ укажува дека манифестацијата стана сериозен уметнички бренд кој ќе ја промовира џез културата во нашата земја. Тетовскиот џез феставал со својата куса но значајна уметничка биографија е една од манифестациите кај нас кои со одличниот избор на музичари овозможи и Тетово да биде дел од глобалната џез сцена, рече на отворањето министерот за култура Хусни Исмаили.
Четвртото издание на „Џез фест“ ќе понуди пет настапи на музичари од вечерва до недела 15 септември во Центарот за култура во Тетово.
- Отворањето е вечерва со почеток во 20 часот со главните гости на фестивалот „Таксим Трио“ кои доаѓаат од Истанбул, Турција. Врз основа на традиционалната турска музика инкорпорираат класичен џез. Втората вечер настапуваат браќата Тавитијан, едни од најпознатите музичари од Македонија со интернационална кариера заедно со Рани Круја музичар по потекло од Мароко. Рани Круја соработувал со Стинг, Питер Габриел, Принц, Ени Ленокс, Чик Кореа и многу други, информираат организаторите.
Линда Рукај гитаристка од Албанија, настапува во петок од 20 часот со музичари од цела Европа, додека гитаристот Агрон Пени од Косово со бендот на четвртата вечер во сабота во истиот термин. Фестивалот завршува со настапот на музичари од цела Македонија во недела од 19 часот како квинтет заедно со вокалот Нита Речи од Струга. https://www.youtube.com/watch?v=MLOtiwwd1Q8]]>

„Таксим трио“ на „Џез фест“ во Тетово https://arhiva.vistina.com.mk/taksim-trio-na-dzez-fest-vo-tetovo/ Tue, 10 Sep 2019 13:00:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106066

Таксим Трио е еден од неверојатните музички феномени на Истанбул, супер група од тројца врвни музичари. Трите виртуози, школувани во циганска култура, природно се отворени за хоризонти надвор од оние на Босфорот. Флуидниот и кадифениот звук на кларинетот на Hüsnü Şenlendirici, танцува со и околу јасниот тон на багламата на İsmail Tunçbilek (инструмент во форма на мал лиут) и канунот во вид на гитара на Aytaç Doğan. Меѓу нив, тие ткаат магија, со ориентални тонови кои звучат и како древни, но истовремено и многу свежи и современи. Со векови, Истанбул е место каде што Истокот се сретнува со Западот, и со оваа идеја Таксим Трио ја креира својата музика. Очигледно, во сопственото музичко наследство се вкоренети на традиционалната турска музика, но Таксим Трио, во оваа традиционална атмосфера, инкорпорира и стилови како класичен и џез, но насоката на нивната музика секогаш го претставува Истанбул во неговата нај кулминантна величина, и историски и музички. Музика за душата и умот ...]]>