тетатар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Feb 2022 13:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тетатар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Претставата „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/pretstavata-dnevna-doza-mazohizam-vo-mkc/ Thu, 03 Feb 2022 13:57:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237567

На 08 февруари (вторник), со почеток во 20 часот во МКЦ ќе биде одиграна театарската претстава „Дневна доза мазохизам“.
Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кои се создаваат односите помеѓу луѓето и опседнатоста како пракса која се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на „Пресврт“, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот кој се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, често луѓето се наоѓаат на крстопатот помеѓу она што е и она што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.
Текст:Дина Вукелиќ Режија:Лука Ибрахим Кортина Играат:Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Димитрија Доксевски, Ава Хусеини, Ѓорѓи Јолевски, Амернис Нокшиќи Сценографија: Мартин Манев Костимографија: Ирина Тошева Кореографија: Наталија Теодосиева Превод на текст: Горјан Милошевски Видео проекции: Кирил Манчевски Продуцент: Петар Антевски
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку bileti.mkc.mk
Изведбите на претставата „Дневна доза мазохизам“ се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.
]]>

Откако љубовникот и пукаше в глава па си пресуди себе си, актерката Ивана Панзаловиќ по преживеаниот хорор се враќа во театарот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-ljubovnikot-i-pukashe-v-glava-pa-si-presudi-sebe-si-akterkata-ivana-panzalovikj-po-preziveaniot-horor-se-vrakja-vo-teatarot-foto/ Tue, 11 Jun 2019 11:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92474

Ивана Панзаловиќ, актерката која нејзиниот љубовник, угледен српски хирург се обиде да ја убие пред неколку години, а потоа изврши самоубиство, денес живее среќно. Таа ја преживеа трагедијата и конечно доби голема улога во театарот.
„Мачка на вжештениот лимен покрив“ е приказна за животните пресвртници и болните стапици на љубовта, а нешто слично доживеа и Ивана Панзаловиќ, која публиката по улогата на професорката во хумористичниот ТВ серијал „Курсаџии“,  конечно ќе може да ја види во сериозна драмска улога.
Белградскиот драмски театар, како последна премиера на сезоната, на 14 јуни ќе ја изведе претставата на  Тенеси Вилијамс, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, на македонската режисерка Наташа Поплавска, во која Ивана игра една од улогите.]]>

Почнува Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина – 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-megjunarodniot-teatarski-festival-na-komedijata-gola-mesechina-2018/ Mon, 18 Jun 2018 12:40:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33019

Со урнебесната повеќенаградувана босанска претстава „Једваносимсобоакамоломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вечерва на сцената на театар Комедија денес (18.06) ќе биде отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“. Фестивалот традиционално се одржува на отворена сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ но поради временските услови отворањето е поместено на сценатата на театарот.
Во наредните денови до 24 јуни ќе бидат изведени седум претстави од кои 4 од Македонија и 3 од Босна и Херцеговина и Србија. Организаторите на фестивалот најавуваат дека секојдневно ќе известуваат зависно од временските услови дали публиката ќе може да ги погледне претставите во театарот Комедија или пак во спорсткиот центар. Овој фестивал традиционално се одржува во соработка со општината Аеродром која годинава издвоиле еден милион денари за негова поддршка. Градоначалникот Зоран Марин на денешната прес конференција изјави дека ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена. Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општна Аеродром. Ги поканувам ситее граѓани вечерва заедно да го отвориме фестивалот и да ја проследиме овогодишната програма. Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен, а фестивалот ќе има натпрееварувачки карактер, со тричлено жири“, изјави Марин. Претставите ќе се играат секој ден од 21 часот. Покрај претставата за отворањето публиката во следните денови ќе има можност да ги погледне „Синиот портокал“ од Џо Пенхол на тетарот „Џинот“ од Велес, „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ на народниот театар Ниш, од Србија, „Умри машки“ на Народниот театар од Штип, „Кидај из моје кухиње“ на Шабачки театар, Србија, „Дванаесеттата ноќспроти Водици“ на Народен театар „Антон Панов“ од Струмица и „Тоби“ ( претстава за деца) на театарот за деца и младинци од Скопје. По оваа претстава ќе следи и стендап -комедија со Марјан Ѓорѓиевски. извор:точка.мк