тешко ми е – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Sep 2020 07:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тешко ми е – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Госпоѓица Розмантична, по раскинувањето на свршувачката, разголена и саркастична: „Тешко ми е…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gospogjica-rozmantichna-po-raskinuvanjeto-na-svrshuvachkata-razgolena-i-sarkastichna-teshko-mi-e-foto/ Mon, 14 Sep 2020 07:02:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166758

Македонската мисица и модел Емилија Розман експресно „се сврши“, па „бракот на проба“ со несудениот сопруг Стефан Ангелкоски уште поекспресно и заврши. 24 часа познанство, две недели заедништво и толку од „љубовта на прв поглед“, која исчезна на „првата кривина“, онака како и што се појави - одненадеж и без трага. Што ли беше тоа што Емилија преку ноќ ја натера да се препушти во брачните прегратки на непознатото момче, па од „брачните води“ во кои не влезе ни „до глуждови“, ја натера преку ноќ и да избега, македонската убавица се обиде во една-две реченици да го објасни во куста изјава за еден од македонските портали: „Ние не бевме во брак како што пишуваат медиумите. Само се раскина свршувачката меѓу нас. Одлуката за самото запросување беше избрзана, нè понедсоа емоциите и се случи. Ќе гледам на ова како на една авантура, а нему му посакувам сè најубаво и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската за него“ - изјави Емилија за порталот „Репортер“, при тоа не спомнувајќи му го ниту името во изјавата на својот довчерашен потенцијален животен сопатник. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ova-go-nema-ni-na-film-emilija-rozman-za-pomalku-od-edna-nedela-go-sretna-svojot-partner-se-svrshi-i-stana-mazena-zena/ Иако Розман тврди дека со Стефан не биле во брак, туку само биле свршени, она што повеќе го нема на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм, остана во архивите на медиумските написи, каде на објавените фотографии на тогаш „штотуку земените гулапчиња“, пишува нешто друго: „Just married ( штотуку земени)“  - стои на онаа што госпоѓица Розмантична тогаш ја сподели на своите Инстаграм приказни... „Стапи во брак со Емилија Розман“ - пишуваше пак покрај  заедничката фотографија што тогаш Стефан ја објави на својот Фејсбук профил. И кај двајцата - исто, но поразлично од она што сега го тврди во изјавата Емилија Розман!? Како и да е, во брак или само свршени, Емилија во изјавата не наведе „каде пукнала (пред)брачната тиква“, а од љубовта „од овде до месечината“, остана само... месечината!? Патем, дали обидувајќи се да ги избрише тазе сеќавањата како во лош сон, Емилија ги избришала сите заеднички фотографии со „несудениот“ сопруг од своите профили на социјалните мрежи, додека кај Стефан се' уште може да се најде понекоја иод свечениот ручек при семејната прослава на... „свршувачката“!? Затоа пак госпоѓица Розмантична не пропушти да биде саркастична во најновата фотообјава насвојот Инстаграм, како и претходно, кога правејќи си „мајтап на своја сметка“ со еднаш облечената венчаница „по грешка“ и прати порака и на другата страна. Овој пат госпоѓица Розмантична со, до душа стара фотографија од плажа, со „разголена задница“  објасни како и е по „разводот“ или како што вели, по „растурањето на свршувачката“. „Тешко ми е...“ - напишала под својата објава. Или во превод: „Real feel like“... Како на сликата?]]>