терапија потечена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Apr 2021 10:46:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png терапија потечена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Розга има сериозни здравствени проблеми: „Се случува да бидам потечена и потполно непрепознатлива“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-ima-seriozni-zdravstveni-problemi-se-sluchuva-da-bidam-potechena-i-potpolno-neprepoznatliva-foto/ Fri, 23 Apr 2021 10:41:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200268

Пејачката Јелена Розга проговори за своите здравствени проблеми и стресот со кои се соочува во текот на последниве години од нејзината кариера. „Со денов претходно чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека тоа е само од стрес и замор, затоа што беше јануари, а претходната година ми беше многу напорна и тешка. Тој ден кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето ми чукаше толку многу што се плашев дека само ќе се срушам и ќе паднам“ - рече Розга. Открила дека има проблеми со срцето по еден ненадеен напад што променил сè. „Најважно е што помалку да се вознемирувам, не само заради срцето, туку и заради тироидната жлезда. После таа епизода во јануари 2018 година, немав поголеми проблеми. Ги одработев сите концерти во изминатите три години без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. Сè уште можам да пеам и да танцувам со мојата публика речиси два часа“ - рече пејачката. Таа прима терапија со бета блокатори последните три години поради своето срце, а со години има проблеми со тироидната жлезда. Тоа е хормонска терапија за која Розга пие таблети секое утро. А, проблемите ги открила во 2006 година.   „Се будев уморна, постојано се чувствував изнемоштено и слабеев. Отидов на лекар и добив дијагноза. Наскоро почнав да земам лекови, понекогаш е тешко да се живее така, понекогаш е полесно“ - раскажува апејачката. Овие проблеми многу влијаат на нејзиното расположение, а во комбинација со стресот, сè станува потешко. „Најлошо за мене е кога ќе се случи да имам закажано снимање, а јас сум целосно потечена. Не си ги препознавам  рацете. Ајде, тоа е најмалку важно затоа што рацете секогаш можете да ги скриете, но моите очни капаци, очите, устата ... Знам да бидам потполно непрепознатлива“ - искрена е Розга. Фото: Приватна архива/Инстаграм принтскрин/rozgajelenaofficial]]>