теорија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 10:47:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png теорија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска има терорија за мајчинството: Поучена од искуство точно знае како стојат нештата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-ima-terorija-za-majchinstvoto-pouchena-od-iskustvo-tochno-znae-kako-stojat-neshtata-foto/ Fri, 02 Feb 2024 07:48:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337213

Најважната улога која пејачката Тамара Тодевска ја има во својот живот е мајчинството. Како мајка на две деца со нивното растење станува се поискусна за се’ она што ќе и го донесе најтешката, но и најубавата животна улога за една жена. За мајката нејзините чеда се се’ на светот, таа е онаа што би требало да ги познава најдобро, да им помогне да застанат на нозе додека растат, да воспитува и да ги изведува на вистинскиот пат, бидејќи токму таа заедно со таткото се моделот по кој тие се градат. А тоа, и повеќе од јасно е дека не е нималку лесно. Секоја реализирана мајка често ги преиспитува своите постапки и се прашува дали го прави вистинското во дадени ситуации. Тамара како мајка на две дечиња веќе добро ја научила и сфатила лекцијата за коа каде се крие клучот за доброто родителство. Таа пребарувајќи на интернет се пронајде во една стара теорија која сметаше дека вреди да ја сподели и за другите да видат или согледаат, а истата секако се учи во теoрија, но најмногу во пракса. -И после неколку векови усовршување, теорија и наука за родителството и понатаму важи старото правило... Добра мама е мама на која и е добро... Тамара констатираше дека е уверена во ова и во пракса, а дека е растена и одгледана и самата така, покажа со тоа што ја означи и нејзината мама Брана. Јасно како ден е дека деца не се растат и воспитуваат лесно, а како додаток на ова теорија сигурно треба да стои и трпението кое се надополнува како неизоставен дел од она што би требало да го воспостави балансот. Се’ на се’, во случајов за Хана и Дарен мама Тамара е најдобрата и најубавата мајка, а за за неа тие се најубавите деца на мама. Исполнето и забавно, се разбира со по некое незадоволство за кое вака или така ќе се најде компромис, а кога децата се среќни и задоволни, мама е уште посреќна и така се во круг! фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska]]>

Зошто жените не сакаат добри момци? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-zenite-ne-sakaat-dobri-momci/ Tue, 07 Jun 2022 12:11:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253373

Денес е многу тешко да се види колку од момчињата се добри, а колку не. Постојат многу кои би направиле сѐ, со цел да го добијат она што го сакаат. Можеби тоа од почетокот нема да биде видливо, но, вистината ќе се покаже во блиска иднина. Тоа не значи дека девојките се наивни и го прифаќаат сечие внимание, туку едноставно момците добро глумат. Во продолжение погледнете неколку причини зошто девојките се плашат да се состануваат со момчиња кои кон нив се однесуваат добро. Не им веруваат На девојките може да им биде навистина тешко да веруваат дека постојат вистински добри мажи во овој свет. Повеќето имаат лоши искуства од минатото кои оставиле траен белег врз нив. Момците кои имаат намера да се однесуваат добро, им изгледаат како да се премногу добри за да бидат вистински. Повеќето девојки се навикнати на момци кои прават сѐ само за да ги придобијат, па врз основа на тоа претпоставуваат дека тоа ќе го направат и другите. Речиси секоја девојка имала искуство со момче со кое мислела дека ќе успее, но на крај работите излегле поинаку и тие се чувствувале само измамени. Не знаат како да се однесуваат кога кон нив ќе се однесуваат добро Многу од девојките се навикнати да бидат третирани лошо и тоа е она што мислат дека ги очекува со секој. Тие се навикнати дека добрите работи завршуваат одеднаш и не знаат што да прават и како да се соочат кога ситуацијата ќе биде поинаква. Не сакаат да ги уништат работите Бидејќи се навикнати работите да излегуваат лошо, тие не знаат како да се однесуваат кога се соочуваат со добри момци. Затоа постојано го бараат „неубавото“ во врската, доколку тоа им изгледа премногу совршено. Обично тие ги разбираат вистинските работи кога е премногу доцна и ги уништуваат односите со нивното прекумерно размислување. Иако може да делува смешно, сепак, тие не знаат како да се соочат со добрите момци кои ги имаат покрај себе. Не се подготвени Понекогаш девојките не се подготвени за добриот однос кој ќе го имаат со одредено момче. Тие знаат дека врската со него е нешто што ќе трае и затоа не сакаат да ги уништат работите. Но, секоја девојка треба да има барем една „погрешна“ љубовна врска, која ќе ѝ овозможи да сфати што сака, а што не сака од партнерот. Се разбира, на почетокот може да смета дека имаат премногу заеднички карактеристики, но времето ќе го даде вистинскиот одговор. Исто така постојат и моменти кога добрите момчиња чувствуваат дека заслужуваат нешто од девојките, само затоа што се добри. Ова е еднакво непривлечно како и момчето кое се однесува лошо. Не знаат кому да веруваат Љубовните врски никогаш не се лесни. Дури и најдобрата врска има одредени потешкотии. Не постоела и никогаш нема да постои совршена љубовна врска, но тоа не значи дека не постои таква која е добра за вас. Многу девојки веќе ја изгубиле довербата во момчињата врз основа на нивните претходни искуства, па затоа им е тешко повторно да веруваат некому. Во денешно време е навистина тешко да се сфати кој е вреден за да му го посветите своето внимание, а кој не. Но, никогаш не можете да бидете сигурни кој би ви наштетил и токму тоа е најзастрашувачкиот дел во љубовта. Иако девојките сакаат да бидат со добри момчиња, ним им е потешко да сфатат кој е тој навистина. извор:попара.мк]]>

Мистеријата е решена: Докторите тврдат дека овие 3 сантиметри се одлучувачки дали жената ќе постигне оргазам https://arhiva.vistina.com.mk/misterijata-e-reshena-doktorite-tvrdat-deka-ovie-3-santimetri-se-odluchuvachki-dali-zenata-kje-postigne-orgazam/ Fri, 27 Nov 2020 12:45:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178427

Секој има различна теорија за сексот, особено кога станува збор за женскиот оргазам. Едни мислат дека важна е должината на машкиот полов орган, други истакнуваат дека пресудно во врска со тоа е возбуденоста на самата жена. Меѓутоа, науката оди во друг правец и за недостатокот на доживување оргазам кај жените ги обвинува - жените, односно нивната анатомија. Во новото американско истражување, кое што предизвикало различни коментари, потврдено било дека најважниот податок за тоа е колку клиторисот е оддалечен од уринарниот тракт. Доколку таа оддалеченост е помеѓу 2.5 и 3 сантиметри, жената може да доживее оргазам во текот на сексуалниот однос, а доколку оддалеченоста е поголема од 3 сантиметри тоа е невозможно. „Уште во матката клиторисот почнува да се издвојува и оддалечува од отворот на вагината. За тоа не е виновна жената, тоа е проста анатомија. Постои објаснување дека оддалеченоста поголема од три сантиметри во текот на класичниот секс не може да доведе до доволно стимулација на клиторисот“, објаснува гинекологот Морин Велихан. Магичниот број е 2.5 сантиметри, а ова истражување се вклопува во повеќегодишната статистика по која што околу 70 и 90 отсто од жените не можат да доживеат оргазам само врз основа на пенетрација и потребно им е дополнително стимулирање на клиторисот. Истражувачите напоменуваат дека ова истражување се однесува исклучиво за вагиналниот оргазам за кој што многумина сметаат дека е само мит - односно дека дамата може да дојде до оргазам само со помош на машката пенетрација. извор:точка.ком.мк]]>