тео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Jul 2022 07:06:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската поп ѕвезда доби зет: Дарио ја омажи ќерката! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pop-dzvezda-dobi-zet-dario-ja-omazi-kjerkata-foto/ Fri, 22 Jul 2022 07:04:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259711

Дарио Панковски, еден од македонските поп пејачи со најдолг стаж на естрадата ја омажи ќерката Андреа и доби зет. Андреа која и самата своевремено беше на некој начин дел од естрадата како членка на едно од најпознатите танчарски студија за современи танци и модерен балет, чинот на венчавката и свадбената веселба ги правеше во македонскиот бисер, Охрид. Има ли посреќни мигови за еден родител отколку оние, кога ќе дочека своето чедо да го ожени или омажи, како во случајов македонскиот пејач и неговата сопруга, нивната ќерка. Невстата како од бајка, вклопена во амбиентот покрај Охридското езеро. Во долг бел невестински фустан, со отворено дискретно деколте, бел вел на главата и ѓердан со нишка од бисери и исти такви обетки, токму оние најпознатите - охридските... Како принцеза среде македонскиот бисер  што се издига над езерото,  градот лулка на културата и еден од неговите препознатливи симболи,  манастирот Св. Јован Канео. Момчето Тео пак во свечен костум без вратоврска, со закитен ревер и љубовен поглед очи в очи со својата сакана невеста... Поглед во вечноста! Поп ѕвездата, во случајов таткото на невестата пак, како и секогаш што го познаваме - елегантен до бескрај. Дарио стокмен во свечен костум, среден од глава до петици, во розова кошула и исто таква боја украсно шамивче во горниот џеб од сакото. Информациите за текот на венчавката младите ги задржале за себе скајќи да ја сочуваат семејната интима, ама затоа пак среќниот татко, не можел да ги сокрие емоциите, па со неколку фотографии на социјалните мрежи ги споделил среќните моменти и дел од амбиентотт и венчалната атмосфера на својата Андреа, па покрај свадбениот фото колаж напишал: „Мојата девојка“,  зачинувајќи го со емотикони од три срца: Неговото, на сопругата и синот! И како што велат стиховите на самиот Дарио во дел од неговите најголеми хитови: „Што е твое ќе си дојде“... или: „Кој чека ќе дочека“... И пејачот дочека да ја омажи ќерката. Нека се среќни и вечни, довека! Фото: Фејсбук принскрин/Dario Pankovski/miki_manca_photographer/miki_manca_photographer  ]]>