темпера – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Jun 2020 12:33:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png темпера – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Темпера“ со нов музички повик – „Дојди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tempera-so-nov-muzichki-povik-dojdi-video/ Mon, 22 Jun 2020 12:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155025

Позитивни, енергични и со полно срце рок ен рол, македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност. „Дојди“ е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј!” „Дојди” чиј композитор е басистот Ѓоле Максимовски на стихови на пејачката Тања Тас  е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон. Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц. Снимена, микасана и продуцирана во „Тралала“ студиото на Мите Димовски - тапанарот на групата, музички продуцент и приватно сопруг на вокалот  Тања Тас,  покрај која во бендот уште членуваат и Драган Гиновски Гино - гитара и Ѓоле Максимовски - бас гитара. Слушнете и погледнете како звучи изгледа кога „Темпера“  те повикува со... „Дојди“: https://www.youtube.com/watch?v=Y2DZDD1PrXQ&feature=emb_logo]]>

„Темпера“ на 18 април во „Станица 26“ https://arhiva.vistina.com.mk/tempera-na-18-april-vo-stanica-26/ Mon, 16 Apr 2018 13:27:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21183

На 18 април, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“ во организација на „3Гонга“ настапува македонската група „Темпера“. Во овој скопски бенд членови се музичките ветерани Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас, Тања Тас. На концертот ќе ги отсвират песните од нивниот албум „Играј“, премиерно ќе ја изведат во живо нивната нова песна „Не застанувај“ за која неодамна снимија и видео, како и песни од нивниот нов албум кој е во подготовка.
Досега бендот има настапувано низ цела Македонија. Во 2014 година тие беа специјални гости на два фестивали „Белгрејд колинг“ и „Скопје гори“, каде ѕвезда на вечерта беше Били Ајдол. „Темпера создава музика полна со енергија и емоции, акцентирајќи ја индивидуалноста на изразот и нејзиното лично овоземно патување. Тоа е повик да не се дозволи да застане мислата, и тоа не само како своевиден танц со и во мислите, туку и во решителноста да се делува, да се истражува… и да не се игнорира поривот за игра, кој претставува своевиден одбранбен механизам за заштита и одбрана на душата. На концертот ќе свириме песни од албумот ’Играј’ како и промоција на новиот материјал од нашиот втор албум кој е во подготовка. Очекувајте енергична свирка, бидејќи одлично функционираме во живо“, велат членовите на бендот. energicna-svirka-na-bendot-tempera-vo-stanica-26-02.jpg   Билетите  се веќе пуштени во продажба и можете да ги набавите преку „Купи карти за сè“.]]>