тел авив – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Dec 2022 13:43:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тел авив – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ненадејно почина Милан Лаќа Радуловиќ: Синот на покојната Марина Туцаковиќ пронајден мртов на улица во Израел https://arhiva.vistina.com.mk/nenadejno-pochina-milan-lakja-radulovikj-sinot-na-pokojnata-marina-tucakovikj-pronajden-mrtov-na-ulica-vo-izrael/ Tue, 20 Dec 2022 13:43:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280993

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно почина денеска, пренесува Pink.rs.  Освен што успешно се справуваше со римите и зборовите при пишувањето текстови, Лаќа, како и неговиот татко, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе и помагаше на мајка си со големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ на Чола и „Сто времиња“. Безживотното тело на Лаќа било пронајдено на улица во Тел Авив во Израел, а како причина за смртта се сомнева дека е внесување во телото на прекумерна доза недозволива супстанца од засега непознато потекло. Во меѓувреме во јавноста се огласил и неговиот татко Фута, кој според српските медиуми претходно, поточно на 12.12.2022 година го пријавил својот син за исчезнат. Во текот на вчерашниот ден тој добил информација дека Лаќа е пронајден на улица во Тел Авив, но најпрвин не знаел дали е воопшто жив и во каква состојба се наоѓа. Фото: Курир.рс/Зорана Јевтиќ  ]]>

Oва е најскапиот град за живеење во светот https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-najskapiot-grad-za-ziveenje-vo-svetot/ Fri, 10 Dec 2021 13:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230712

Париз оваа година го дели второто место со Сингапур, а во првите пет се и Цирих и Хонгконг. Тел Авив стана најскапиот град на светот за живот поради забрзаниот раст на инфлација кој ги зголемил цените на стоката и услугите ширум светот во време на пандемијата на коронавирусот. Главниот град на Израел се наоѓа на врвот на листата. Париз оваа година го дели второто место со Сингапур, а во првите пет се наоѓаат и градовите Цирих и Хонгконг, пренесува „Гардијан“. На шестото место се наоѓа Њујорк, а потоа следуваат Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака. Најевтиниот град на светот е Дамаск. Напредувањето на Тел Авив на листата најскапи градови делумно е последица на моќноста на националната валута во однос на доларот, како и зголемувањето на цената на транспортот и намирниците. Тој град ја зазеде и горната третина од табелата во сите 10 главни категории за потрошувачка на EIU. Податоците за цените на 50.000 стоки и услуги во 173 градови добиени во месец август и септември покажуваат дека во просек цените се зголемиле за 3,5 отсто по локалната валута, што е најбрза стапка на инфлација во последните пет години. извор: точка.мк]]>

Евровизија е лага, се знаеше кој ќе биде победник: Вака е режирана целата драма во Тел Авив https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-e-laga-se-znaeshe-koj-kje-bide-pobednik-vaka-e-rezirana-celata-drama-vo-tel-aviv/ Mon, 20 May 2019 11:19:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88829

Инфаркт завршницата на Евровизија ги збуни речиси околу 200 милиони гледачи во последните минути од завршницата на Евровизија, Холандија води, Македонија и Шведска ги чекаат гласовите од публиката. Тамара Тодевска е пред вистински инфаркт, шведскиот претставник грицка нокти, Холанѓанецот ги крцка рацете, вистинска тензија… Ако сето ова го гледавте, без потреба се нервирате како и останатите милиони луѓе пред малите екрани,а најмногу од Македонија и Шведска. Тие што ги знаат правилата на Евровизија откако Холандија ги доби гласовите од публиката и изби на првото место веднаш знаеја дека Македонија и Шведска немаат никакви шанси за да го престигнат, бидејќи веќе се било одлучено- еве и како:
Што се случи навистина ќе ни открие нашиот волшебен број 2.378 кој ја создаде целата лажна еуфорија, запомнете го овој број! ПРВ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ЖИРИТО Сите знаеме дека натпреварувачите прво добиваат гласови од стручното жири од 41 земја кои учествуваат и гласаат. Секое жири доделува 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени, односно 58 вкупно, или вкупно 2.378 поени (тоа е нашиот таен пријател, волшебниот број 2.378! Дали го запомнивте?) Еве како изгледаше табелата по гласањето на жирито: Шведска 239 поени од жирито Македонија 237 Холандија 231 Италија 212 Азербејџан 197 Австралија 154 Чешка 150 Швајцарија 148 Русија 125 Малта 75 Данска 69 Кипар 69 Франција 67 Исланд 48 Норвешка 47 Грција 47 Словенија 46 Албанија 43 Србија 38 Естонија 38 Германија 32 Белорусија 18 Сан Марино 16 Британија 13 Израел 12 Шпанија 7 ВТОРИОТ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ПУБЛИКАТА Е сега доаѓа делот кој е многумина очигледно не го сфатија, гласовите од публиката или така наречениот телеволтинг. Гласовите од публиката се собираат на ниво на секоја држава која гласа, а потоа на учесниците им се доделуваат поени по принципот 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 како и кај гласовите од жирито. Во случај гласовите од Македонија на пример за она песна која освоила најмногу гласови добива 12 поени, па се така до најмалку освоените гласови, 1 или неосвоени 0 гласови. Така од публиката од секоја земја ќе бидат доделени вкупно 58 поени (1+2+3+4+5+6+7+8+10+12) што значи дека во делот на гласањето на публиката во игра се уште 2.378 поени, односно 58 бодови по пат на публиката од 41 земја. Со гласовите од публиката притоа се постигнува поголема тензија и возбуда кај гледачите на шоуто, па така се соопштува претставникот со најмалку бодови, па се до победникот. Во првото гласање и бодовите од жирито Шпанија на пример беше последна на табелата и доби само 7 бода, а кога дојде гласањето од публиката тие наместо да им ги соопштат на Шпанија гласовите добиени од телеволтингот, тие бодови се собираат и пресметуваат во поени, (во случајов 53) бода од сите држави. Што значи дека Шпанија вкупно освои 60 бодови, 7 од стручното жири и 53 од публиката од сите држави. ТРЕТ ДЕЛ: РАСТЕ ВОЗБУДАТА Натпреварувањето продолжи со тензии, па така во еден момент Русија доби одлични 244 поени од публиката и избива на првото место со вкупно 369 поени. Наскоро ја престигнува Италија која добива 253 бодови од публиката и со гласовите од жирито 212 сега има вкупно 465 бодови. Останаа само да ги доделат гласовите на Холандија, Македонија и Шведска. И тука доаѓа големата завршница која организаторите на Евровизија не го одведоа во најдобро светло. МАГИЧНИОТ БРОЈ 2.378 Тука повикуваме помош од нашиот таен пријател, бројот 2.378, што ли ќе се случи сега? Тоа што не го размислиле убаво организаторите на Евровизија е дека со редот на соопштување на гласовите од публиката од најслабиот од најдобро рангираниот, ние во секој момент можеме да пресметаме колку бодови останале да се поделат на преостанатите учесници. Така во саботата пред Холандија, Македонија и Шведска 23 земји учеснички веќе ги добија своите поени или вкупно 1.966 бодови од публиката, Шпанија 53, Израел 35, Британија3 и така натаму. Бидејќи вкупниот број од публиката е 2.378, ни бод повеќе, ни бод помалку, тоа значи дека за распоредот на Холандија, Македонија и Шведска останаа точно 2.378-1.966=412. Ни бод повеќе, ни бод помалку. Во тој момент се распоредуваат овие бодови, па така: Италија 456 бодови, (212 од жирито и 253 од публиката) Шведска 239 поени од жирито Македонија 237 поени од жирито Холандија 231 поен од жирито Потоа Холандија следна дознава колку бодови добила од публиката, драмата и тензијата во Тел Авив врие! ПРОСЛАВАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ, НО НЕ ПОЧНУВА? Математиката сега е јасна. На Холандија и се потребни најмалку 235 бодови од публиката за да се издигне на првото место пред Италија. Ако најмалку добие толку поени, се е јасно, Холандија е победник на Евровизија, бидејќи за Македонија и Шведска остануваат да се поделат помалку бодови од публиката со што нема да се искачат на првата позиција. Потоа водителите открија дека Холандија доби дури 261 поен што ја искачи на врвот со недостижни 492 поени! Холандија 492 поени (231 од жирито + 261 од публиката) Италија 465 (212 од жирито+253 од публиката) Шведска 239 од Жирито Македонија 237 Сега остана на Шведска и на Македонија да им се доделат само 151 поен кои се непрестижни за Холандија на која никој не и кажува се уште дека е победник!
Гласањето продолжи и на ред е нашата земја и Тамара Тодевска да ги сознае поените. Возбудата расте за 2 милиони Македонци и за 10 милиони Швеѓани, но и за 17 милиони Холанѓани. Дали Тамара ќе освои 501 поен за да избие на првото место? И приреди најголемо историско изненадување на Евровизија? Секако веќе знаеме дека останаа само 151 поен, но публиката уште повеќе ја држи во неизвесност публиката! Чудо, Тамара доби 58 поени од публиката, видно разочарана го призна поразот од публиката. Лажната драма доживува уште поголема атмосфера, на Шведска и требаат 254 поени од публиката за да избие на првото место, дали е тоа возможно? НЕ. Веќе е јасно Шведска ќе добие само 93 поени кои преостанаа, Швеѓаните во неверување, Холанѓаните предизвикаа ерупција во салата. Лажната атмосфера не очекува и следната година во Холандија. Запомнете: Учете ги децата на математика, па дури и да ја користат само на Евровизија! извор:курир]]>

Ваквa не сте ja виделе: Минатогодишната победничка на Евровизија во провокативен костим го откри вишокот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vakvo-neshto-ne-ste-videle-minatogodishnata-pobednichka-na-evrovizija-vo-provokativen-kostim-go-otkri-vishokot-video/ Wed, 15 May 2019 08:22:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87932

Минатогодишната победничка на „Евровизија“, Нета од Израел, ја отвори првата полуфинална вечер со песната „Toy“, која на нејзината држава и овозможни одржување на натпреварот. -Добредојдовте во Израел – кажа Нета на почетокот на вечерта, а многумина изненади со костимот во кој се појави на сцената бидејќи играше на карта на провокација.
Таа повторно покажа дека е горда на своите килограми. На годинешната Евровизија ќе се претстават вкупно 41 земја. Во продолжение погледнете го настапот на Нета: https://www.youtube.com/watch?v=LWZy0hikxVg]]>

Преслушајте ги песните: Ова се 10-те финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/preslushajte-gi-pesnite-ova-se-10-te-finalisti-od-prvata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-foto-video/ Wed, 15 May 2019 08:02:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87907

Вчеравечер во Тел Авив - Израел се одржа 64-то издание на Евровизија.  Во првата полуфинална вечер настапија 17 земји, но само 10 од нив се пласираа во главната вечер која ќе се случи во сабота. Од она што можевме да го видиме од преносот на Македонската телевизија, сцената како и секоја година беше импресивна, а музиката на секој учесник жанровски се разликуваше, но доминираа поп и електронски песни. Ова се 10-те финалисти кои вечерва се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота во Тел Авив. 1.Грција
2.Белорусија
3.Србија
4.Кипар
5.Естонија
6.Република Чешка
7.Австралија
8.Исланд
9.Сан Марино
10.Словенија
Македонија годинава ја претставува Тамара Тодевска со песната „Proud“ која ќе ја видиме во четврток во втората полуфинална вечер. Доколку не бевте во можност да ја проследите првата евровизиска вечер, преслушајте ги финалистите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_BWHL5I-E-A https://www.youtube.com/watch?v=gPHOFq4hoIU https://www.youtube.com/watch?v=1-7NFt8EAe0 https://www.youtube.com/watch?v=U1HNhA-7OEU https://www.youtube.com/watch?v=m3WF2AsxLB8 https://www.youtube.com/watch?v=_ZlGaTtWCWI https://www.youtube.com/watch?v=6IxL8uvArVg https://www.youtube.com/watch?v=8-HR-L4QY0g https://www.youtube.com/watch?v=wnA0doOsGDY https://www.youtube.com/watch?v=3jCAyvVJVFw]]>

Погледнете како ќе изгледа македонската разгледница на Евровизија (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-kako-kje-izgleda-makedonskata-razglednica-na-evrovizija-foto-video/ Thu, 28 Mar 2019 08:02:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79711

Пред неколку дена заедно со дел од членовите на евровизискиот тим од македонската телевизија, Тамара Тодевска отпатува во Тел Авив, Израел, каде од 14-ти до 18-ти мај ќе се одржува 64-та „Евровизија“. Тамара во метрополата на Израел пристигна порано со цел да ја сними македонската разгледница, која како и за другите земји учеснички се емитува пред настапот или изведбата на големата евровизиска сцена. Уште пред полетувањето од аеродромот во Скопје, Тамара ги извести своите фанови дека патува кон Израел, а потоа следеа и објавите со мноштво фотографии од градот, знаменитостите, дружењето, но и моменти од подготовките на снимањето на македонската разгледница.
Тамара заедно со уште троца момци и една девојка позира и изведува интересна кореографија, а сите заедно се облечени во зелено.
Денес прекрасно си поминав на снимањето на евровизиската разгледница. Големо благодарам на целиот тим што направи да се чувствувам толку добредојдено. Многу сум горда што сум дел од ова неверојатно патување, напиша Тамара во описот.
Како ќе изгледа финалниот резултат, останува да видиме на 16-ти мај во втората полуфинална вечер, кога Тамара Тодевска ќе ја претстави Македонија со песната „Proud“.  ]]>

„Не сум утрински човек, но се радувам на своето прво патување во Израел“: Тамара Тодевска замина во Тел Авив https://arhiva.vistina.com.mk/ne-sum-utrinski-chovek-no-se-raduvam-na-svoeto-prvo-patuvanje-vo-izrael-tamara-todevska-zamina-vo-tel-aviv/ Tue, 26 Mar 2019 08:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79301

Изборот за песна на „Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Тел Авив, Израел. Наша претставничка е Тамара Тодевска која ќе не претставува со песната „Proud“. Имено, Тодевска неодамна ја објави песната и видео записот за песната, а веднаш доби позитивни коментари и еден куп реакции. https://www.youtube.com/watch?v=Sw-NQ1a1zZ0 Многумина коментираат дека ова е досега најдоброто нешто, а ако судиме по коментарите на социјалните мрежи, Тамара е на добар пат да се пласира на повисоко место. Тодевска истакна дека нејзини придружни вокали ќе бидат Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Васил Гавранлиев.
Иако се шпекулираше дека можеби на сцената ќе се појави и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, пејачката истакна дека нема да оди во Израел, туку ќе остане во Белград да ја чува Хана. Тодевска полека се подготвува за Евровизија, а вчера замина во Тел Авив каде ќе ја сними видео разгледницата.
Таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија од скопскиот аеродром, а во описот напиша: „Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска.
Исто така, Тамара во кратките приказни на „Инстаграм“ објави неколку фотографии директно од Тел Авив. „Добро утро од Тел Авив“ стои во описот на една фотографија.
Инаку, Тамара ќе настапи на 16ти мај, на втората полуфинална вечер.]]>

Тијана Дапчевиќ откри дали ќе и се придружи на нејзината сестра на Евровизија во Тел Авив https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevikj-otkri-dali-kje-i-se-pridruzi-na-nejzinata-sestra-na-evrovizija-vo-tel-aviv/ Fri, 22 Mar 2019 07:59:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78735

Ова година Изборот за песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, а наш претставник е Тамара Тодевска. Таа ќе не претставува со песната „Proud“, на авторскиот тим  Коста Петров, a музиката на Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски и Дарко Димитров. Таа неодамна на јавноста и ја претстави својата песна која има одличен фидбек не само кај македонската публика туку и пошироко. https://www.youtube.com/watch?v=Sw-NQ1a1zZ0 Тамара неодамна откри дека на сцената во Тел Авив како придружни вокали ќе и се придружат Андријана Јаневска, Антониа Гиговска и Васил Гавранлиев. Иако се зборуваше дали на Евровизија заедно со Тамара ќе оди и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, Тодевска во една прилика откри дека не знае дали таа ќе настапува со неа на сцена, но дека  ќе биде таму да ја придржува.
Меѓутоа, Дапчевиќ се вклучи во живо на „Инстаграм“ каде што разговараше со своите фанови, а на прашањето дали ќе оди во Тел Авив, Тијана одговори: „Не, нема да одам во Тел Авив бидејќи така одлучивме. Ќе останам во Белград, на гости од Скопје ќе ми дојде внуката Хана да ја чувам“ вели Дапчевиќ.
Таа исто така истакна дека на своите фанови им подготвува концерт во Белград кој ќе се случи пред Велигден. За потсетување, Тијана Дапчевиќ не претставуваше на Евровизија во 2014 со песната „To the skу“.]]>

Тамара нема да пее сама за Македонија на евровизиската сцена: Покрај Антониа Гиговска ќе ја придружува уште една вокална двојка https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-nema-da-pee-sama-za-makedonija-na-evroviziskata-scena-pokraj-antonia-gigovska-vokalno-kje-ja-pridruzuva-ushte-edna-vokalna-dvojka/ Mon, 18 Mar 2019 13:49:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78038

Евровизискиот тим кој во мај ќе ја претставува Македонија на сцената на „Евровизија“ во Тел Авив полека се комплетира. Во петокот, 15 март 2019, објавивме дека Антониа Гиговска  и годинава повторно биде дел од Евросонг, вест која и самата пејачка ја сподели на приказните од својот Инстаграм профил.
Денес, понеделник 19 март 2019, од екипата на Тамара,  соопштија дека нејзина вокална поддршка покрај Антониа ќе биде уште една  македонска пејачка машко- женска двојка: Александра Јанева и Васил Гарванлиев!
Оваа информација и самата Тамара ја објави на својот Твитер профил.
Струмичанката Александра Јанева важи за еден од најдобрите женски вокали во Македонија од поновата генерација. По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, деновиве ја објави новата песна и видео  насловена „Срце отвори“.
Струмичкиот оперски пејач Васил Гарванлиев  македонската публика го памети уште како малото детенце кое ја пееше детската песна „Марионка“. Кон крајот на септември 2018 год. ја исфрли темата „Ѓердан“ и видеото за неа, моќна тема со интегриран македонски фолклор во неа.  ]]>

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-evrosong-2019/ Sat, 26 Jan 2019 14:12:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69406

Македонската пејачка Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на Евросонг 2019-та, објави Македонската радио телевизија (МРТ). Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката ја објави веста во дневникот на МТВ 1 кој е во тек. За Женски магазин, Тамара изјави дека многу му се радува на овој музички предизвик.
Тамара има богато евровизиско искуство. Како македонски претставник на „Евросонг“ оди втор пат, а претходно два пати била и како придружен вокал. Во 2008 година, заедно со Врчак и со Адриан Гаџа во Белград ја испеа „Во името на љубовта“. Во 2004 година, беше дел од придружните вокали на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 година исто така ги отпеа придружните вокали на сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.
„Драги мои, со големо задоволство, официјално можам да соопштам дека сум претставник на Евросонг оваа година во Израел. Нека ни е со среќа...“ - беше првото нешето што го изјави пејачката постирајќи ја фотографијата и изјавата на Инстаграм.  ]]>