технологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Apr 2021 09:03:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png технологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пристигна најновиот паметен технолошки херој – Hyundai Tucson https://arhiva.vistina.com.mk/pristigna-najnoviot-pameten-tehnoloshki-heroj-hyundai-tucson/ Thu, 01 Apr 2021 09:03:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197074

Ми-Да Гранд Моторс, денеска, премиерно го претстави најновиот паметен и поголем технолошки херој - моделот Hyundai Tucson со нов футуристички изглед, хибридна опција и престижен ентериер. Новата генерација на Hyundai TUCSON не претставува само наследник на претходниот модел, туку комплетна дизајнерска и моделска револуција во секој поглед. Неговите перформанси, безбедносни особини, напредни технологии и уникатен дизајн, надополнети со многу комфор и забава, претставуваат сето она што го направи ова SUV возило толку посебно и посакувано. Последниот збор на технологијата во автомобилизмот го промовираа директорот на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири и продажниот советник, Никола Талески. Според Заири, ова возило е најпродавано во флотота на Hyundai и поради тоа, компанијата смело пристапила кон промени во дизајнот и перформансите на Tucson-от. Тој е горд што Ми-Да Гранд Моторс ги следи трендовите и што нашите граѓани имаат можност да го возат овој фантастичен Hyundai SUV.
„Hyundai Tucson е еден од клучните производи на нашата компанија и е еден од најпродаваните наши модели со cutting edge SUV дизајн. Ние секогаш се трудиме на купувачите да им обезбедиме комфор и удобност, во комбинација со последниот крик на технологијата. Ми-Да Гранд Моторс, како овластен застапник за Hyundai, ќе обезбедува редовно одржување и гаранциски поправки на сите верзии и изведби на новиот Tucson, согласно стандардите на корпорацијата“, рече Заири.
Во светот, досега се продадени повеќе од 7 милиони примероци од неговото лансирање во 2004 година. Од нив, 1.4 милиони примероци се продадени во европските земји и со тоа е најпродаваниот SUV на компанијата на глобално ниво.
„Со претставувањето на целосно новиот Tucson клучно е да се прошири електрификацијата на нашиот најпродаван теренец. Ова лансирање е уште една пресвртница за Hyundai, бидејќи веќе нудиме електрифицирани верзии на нашата гама на SUV возила. Со својот прогресивен дизајн и најсовремена постава на погонски агрегат, комплетно новиот Tucson е еден од нашите клучни производи во Европа“, вели Мајкл Коул, претседател и извршен директор на Hyundai Motor Europe.
Четвртата генерација Hyundai Tucson има комплетно различен и авангарден дизајн во однос на својот претходник. Продажниот советник Никола Талески, на денешната презентацијата, потврди дека автомобилот е со елегантен и конзервативен карактер, но со модерна дигитализирана внатрешност. Патниците добиваат поголем комфор затоа што кабината, но и самото возило, се зголемени во должина и ширина. Возилото има и многу поголем багажен простор. Специфично и многу важно е тоа што не постојат веќе традиционалните прекинувачи или други копчиња, туку сите команди се електронски – на дисплеј или на тастери на допир. Купувачите можат да го купат со три различни агрегати - бензин, дизел или хибрид. Бензинските мотори се нудат во две варијанти и тоа, 1.6 турбо бензинец со 150 или 180 коњски сили, со погон на една или две оски и дополнително има можност да се одбере помеѓу мануелната и автоматската трансмисија. Дизелските мотори нудат варијанти со 115 и 136 коњски сили, кои исто така можат да бидат со погон на една или две оски, со мануелен или автоматски менувач. Новитетот, односно хибридните мотори, Hyundai ги нуди со 180 коњски сили и можат да бидат со погон на една или на две оски, со автоматски менувач.
„Во тек со современиот свет и модерната технологија, новиот TUCSON e надополнет со бројни системи за асистенција и внимава на сите активни и пасивни учесници во сообраќајот, предупредува и делува, во зависност од моменталната ситуација. Со новиот Hyundai TUCSON, Hyundai како производител ги помести границите на едно повисоко и понапредно ниво. Создаде возило за секој и за сите можни услови а со тоа покажа дека не постои во автомобилската индустрија само за да учествува, туку и да победи“, објасни Талески.
Повеќе детали за возилото може да прочитате на нашата интернет страница www.hyundai-mk.mkили доколку ја изгледате нашата презентација на Фејсбук страницата. Возилото е достапно за тест возење со претходно закажување.]]>

Елена Велевска: „Луѓето станаа многу искомплексирани, време е да се преиспитаме!“ https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-lugjeto-stanaa-mnogu-iskompleksirani-vreme-e-da-se-preispitame/ Wed, 25 Sep 2019 07:34:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108793

Сите сме и повеќе од свесни дека модерното време и супериорната технологија максимално ги сменија навиките и животниот тек на човештвото. Ако некогаш повеќе уживавме во непосредните дружби, гостите во домот или генерално социјалнизацијата, денес тоа како да исчезна, а главно место зазема виртуелната комуникација. Каде и да се свртиме секој во рака го држи мобилниот телефон, иако некој веќе има до него. Пејачката Елена Велевска иритирана од овој момент се обрати на јавноста токму за оваа тема и вели: -Најголемиот порок денес „смарт телефоните“. Скоро и да не ни треба никој освен мобилниот, но до кога? Живееме во многу себичен свет, луѓето станаа многу искомплексирани, создавајќи идоли од нечиј живот и уништувајќи се пред себе за да бидат како некого. Време е да се преиспитаме кои сме ние реално, што сме направиле со нашиот живот и каков пример ќе оставиме од нас за идните генерации. Да ја разбудиме што побрзо свеста кај луѓето, додека не е доцна. Слободното време, почитта и љубовта да им ги покажеме на оние кои ни значат додека сме покрај нив и да не дозволиме мобилните да ни бидат поинтересни од таквите моменти. Со почит Елена Велевска! ]]>

Како изгледаше светот пред модерната технологија? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-izgledashe-svetot-pred-modernata-tehnologija/ Thu, 27 Sep 2018 15:12:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50103

Кога ќе погледнеме на фотографиите од минатото, можеме да забележиме дека светот изгледал сосема поинаку од тоа што го имаме денес. Пред 25 години, фотографот Бил Нелсон нашол пакет со стари апарати кои во себе имале неразвиени филмови. Тој ги објавил фотографиите од негативите, обидувајќи се да направи паралела меѓу периодот во минатото и времето во кое живееме денес. Разликата е огромна.
]]>