тегли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Jan 2023 11:29:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тегли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Внимавајте со теглите за зачини: Најподложни се на налеппување бактерии и вируси во кујната https://arhiva.vistina.com.mk/vnimavajte-so-teglite-za-zachini-najpodlozhni-se-na-naleppuvane-bakterii-i-virusi-vo-kujnata/ Thu, 26 Jan 2023 11:28:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285946

Теглите во коишто се чуваат зачини, се меѓу оние места во кујната кои имаат најмногу патогени бактерии и вируси, покажа неодамнешно истражување во САД. Имено, американското Министерство за земјоделство, т.е. Одделот за безбедност на храната нарача испитвање на распространетоста и степенот на вкрстена контаминација на различни површини во кујната при подготовка на оброците. Проценките говорат дека еден од пет случаи на болести предизвикани од храна се добива дома. Сепак, не е точно познато како патогените се пренесуваат во кујната. Научниците им наложиле на 371 испитаник да готват храна со мелено мисиркино месо коешто го содржи безопасниот вирус МС2. Потоа зеле примероци од површините во нивните кујни. Откриено е дека 48 отсто од теглите за зачини имаат микроорганизми од мисирката, што укажува на вкрстена контаминација со MС2, односно теглите со зачини имале најголема концентрација на вирусот во споредба со другите кујнски помагала. Советот гласи – редовно мијте ги садовите со зачини. Анализата на брисевите покажа дека во повеќето случаи бројот на примероци кои укажуваат на контаминација со МС2 изнесува околу 20 насто. Исклучок се садовите со зачини. Научниците веруваат дека теглите со зачини се поподложни кон налепување патогени, бидејќи луѓето едноставно не ги чистат доволно често, т.е. вниманието повеќе е насочено кон миење на работните површини, кујнскиот прибор и така натаму. Извор: Курир.мк]]>

Правилна стерилизација – Подгответе ги теглите за зимско складирање на вистински начин, на овој начин остануваат свежи подолго и подготвени за јадење https://arhiva.vistina.com.mk/pravilna-sterilizacija-podgotvete-gi-teglite-za-zimsko-skladiranje-na-vistinski-nachin-na-ovoj-nachin-ostanuvaat-svezi-podolgo-i-podgotveni-za-jadenje/ Thu, 01 Sep 2022 11:55:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265065

Некои домаќинки веќе почнаа да ја подготвуваат зимницата, а допрва ќе следи поголем дел од работата. Не е важно дали подготвувате ајвар, кисели краставички, лутеница или џем, постапката на стерилизација е секогаш иста. Постојат оние техники кои се покажаа како најдобри. Првиот чекор во стерилизацијата е добро да ги измиете со сапун за садови. Оставете ги да се исцедат, а потоа внимателно избришете ги со чиста памучна крпа. Вклучете ја рерната на 100 степени, наредете ги теглите во плех, но така што отворот е свртен надолу и ставете ги да се загреат околу 20 минути. Внимателно извадете ги бидејќи теглата ќе биде топла и наполнете ги со ладна вода додека се уште топли. Постои уште еден метод што го користат модерните домаќинки, а тоа е стерилизација во машина за миење садови. Некои машини имаат можност за стерилизација, а ако немаат, тогаш ставете ги теглите на програма која ги мие садовите на температура од 70 степени. Откако ќе ги измиете теглите во машината, можете безбедно да ја истурите зимницата во нив. За дополнителна стерилизација, теглите наполнети со зимница можете повторно да ги ставите во машина за миење садови и да ја вклучите програмата со највисока температура, но без прашок за перење. Извор: Курир.мк]]>

Направете сами новогодишни украси со тегли https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdite-neka-vi-otkrijat-koj-e-vashiot-srekjen-broj-ili-broj-koj-ve-opishva-vas-vashiot-karakter-i-sekojdnevnie-oven-brojot-1-im-pripagja-na-ovnite-sekogash-prv-aktiven-vodi-i-brza-bik-na-bikot-m/ Wed, 09 Dec 2020 13:40:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180095

Многумина веќе со недели уживаат во празничното украсување на домот, а има и такви кои ќе започнат да го украсуваат просторот за живеење во наредните денови. Ако не сте сигурни какви украси сакате, но спремни сте да бидете 'сам свој мајстор', инспирација може да пронајдете во продолжение. За убави украси всушност не ви треба ниту многу време ниту материјал. Доволно ви е малку фантазија, а поголем дел од потребниот материјал често го имаме во домот. Така многу ефектни украси може да направите со помош на стари тегли. Речиси и да нема кујна во која нема некоја тегла од ајвар или зимница. Земете тегла со посакуваната големина, за почеток во неа ставете неколку големи лажици сол или ситно издробен стиропор за да добиете снежна подлога за прекрасен украс. Потоа внатре ставете некоја фигура по ваш избор. Класичен избор би била фигура од мала срна, елен, Дедо Мраз, но слободо користете било каква фигура која ви е достапна. Затворете ја теглата, по желба дополително украсете ја со лента или парче од стар гоблен. Теглите едноставно можете да ги наполните и со стари топчиња. Еднобоен или шарен аранжман со монистри во различни бои е навистина ефектна декорација, а толку едноставна за правење. извор:точка.ком.мк]]>