тегла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Sep 2023 12:04:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тегла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како правилно да ги стерилизирате теглите за зимница? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-pravilno-da-gi-sterilizirate-teglite-za-zimnitsa/ Mon, 25 Sep 2023 13:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319578

Септември е време кога многу домаќинки се трудат да подготват зимница во која ќе уживаат во студените месеци. За да можете да уживате во одредени видови овошје и зеленчук во текот на зимата, подгответе зимница во вид на разни сосови од зеленчук во масло или оцет, кисели салати, сокови и џемови. Зрелото овошје и зеленчук и добриот рецепт не се единствените предуслови за подготовка на вкусна и трајна зимска храна, исклучително е важно правилно да се стерилизира теглата. Подолу ви претставуваме четири начини за правилно стерилизирање на теглите за зимско складирање. Стерилизирајте ги теглите во рерната Иако долго време е познат како еден од најдобрите методи, стерилизирањето на теглите во рерната трае малку подолго. Измиените тегли ставете ги во рерна така што ќе ги наредите на хартиени крпи во два слоја на решетките од рерната и наредете ги теглите на решетките да не се допираат. Потоа поставете ја температурата на 130 степени Целзиусови и оставете ги 20 минути. Користете ракавица за да ги извадите теглите и ставете ги на термоотпорен плех за печење да се изладат. Стерилизација во врела вода Можете да ги стерилизирате теглите така што ќе ги варите во топла вода 10 до 15 минути непосредно пред да ги наполните со ладна вода. На овој начин се уништуваат сите бактерии кои можат да предизвикаат расипување. Стерилизирајте ги во машина за миење садови Стерилизирањето на теглите во машината за миење садови е веројатно најлесниот метод и добро функционира доколку имате дополнителна функција за топлина на вашиот апарат. Проверете дали машината е празна и чиста. Ставете ги теглите и капачињата во машината за перење и пуштете го циклусот на перење, кој трае исто колку и подготовката на џемот. Извадете ги теглите и ставете ги на чисти, впивачки салфетки да се исушат. Стерилизација во микробранова печка Доколку сакате лесно и брзо да ги стерилизирате теглите, ви предлагаме да ги ставите во микробранова печка. Треба да ги направите следните чекори по кои вашите тегли ќе бидат подготвени за употреба: Прво исчистете ја и измијте ја теглата, а потоа ставете ја во микробранова печка и вклучете ја „најсилната“ поставка за 30 до 45 секунди. Потоа ставете ги наопаку на салфетки да се исушат. Додека стерилизирањето на теглите во микробранова печка работи добро, не можете да стерилизирате метални капаци на овој начин. извор:попара.мк фото:Shuterrstock]]>

Еден мал несмотрен детал го издал Пике дека ја изневерува Шакира: Вистината се крие во фрижидерот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-mal-nesmotren-detal-go-izdal-pike-deka-ja-izneveruva-shakira-vistinata-se-krie-vo-frizhiderot-foto/ Tue, 17 Jan 2023 10:49:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284578

По сите будалаштини што се случија и сиот валкан веш кој излезе на виделина,  се чека да се види кој е следниот потег на огорчениот поранешен пар Шакира - Пике? Во меѓувреме се' уште се зборува за тоа како Шакира дознала дека е изневерувана. Се пишуваше дека Колумбијката најмила детектив да го следи Жерар Пике и да најде докази за неговото неверство, а се шпекулираше дека го нашла својот љубовник во кревет со младата студентка и водителка. Меѓутоа, неодамна беше откриено дека сè започнало сосема поинаку... Со - една тегла џем.   Според шпанските медиуми, по едно од многуте работни патувања, Шакира дошла дома и сакала да се заслади со џем. Инаку, таа многу го сака овој овошен намаз, кој Пике никогаш не го јадел. И кога пејачката го отворила фрижидерот, видела дека некој и го изел џемот! Тогаш и станало јасно дека во куќата и доаѓа друга жена. Згора на тоа, веднаш по раскинувањето со Пике, Шакира се осврна на тој момент во спотот за песната Te Felicito, кога ја гледаме како го отвора фрижидерот и ја здогледува главата на Ро Алехандро со кој ја сними оваа песна. Во едно интервју, новинарот подоцна ја прашал Шакира што бара таа кога го отвори фрижидерот, а таа му одговорила: „Вистината“! Фото: Инстаграм принтскрин/shakira/Јутјуб/Te Felicito
]]>

Снеже Велков смени дисциплина: „Џабе вежбањето… од утре ќе почнам да плетам“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-smeni-disciplina-dzabe-vezbanjeto-od-utre-kje-pochnam-da-pletam-foto/ Tue, 11 Jan 2022 10:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234316

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков имаше возбудлива вечер. Не, не баш бурна, онака како што некои веднаш си помислија, ама сепак доволно возбудлива и непредвидлива, што за малку ќе ја попишманеше да престане да го прави она што најмногу го сака - вежбањето! А еве и зошто. Имено, таа најпрвин му се ираздува на првиот годинешен  снег во престолнината, па реши да малку да прошета по маалските сокаци... „Снег е повторно Снежана“ - како во песната  или „Снеже на снеже“ - како што напишала во постот што самата го споделила синооката водителка од вечерната, јануарска, снежна прошетка. И кога „детската радост“ ќе ти мине, а од прошетката ќе потрошиш калории и ќе огладнеш, ете си назад дома, на топло чајче и некое залче... за „лајт“ вечера. А има ли подобро залче од лепче и ајварче кое ептен лизга со топлото чајче. И се' би било како подмачкано, само да можеше ајварчето веднаш да биде намачкано, арно ама на Снеже и илезе проблем. Русокосата убавица сама дома, нема машка рака да потфати, зашто теглата со ајварчето никако да се отвори. Бре труди се да ја отвори, да го одврти капачето, ама тоа пустото како залиено, како да е заварено за тегличето, па никако да се отвори. Врти сучи, никако да попушти... „Дајте бе навежбан човек да ми отвори теглата во само еден потег“ - се пожали Снеже, ама навежбан кај неа дома нема, освена - неа! Кога сфати дека не е до вежбањето, на остроумната убавица и текна да се послужи со лажица. Лажичето како помагало под капачето, колку притисокот да попушти, а воздухот да излезе и оп... тегличето се отвори! Жива среќна и насмеана што нема да остане гладна, ама и видно разочарана во својата досегашна пилатес пасија, домаќинката Снежа(на) реши од утре да смени дисциплина! Ем остроумна, ем баеги умна, Снеже брзо сконта: „Џабе е вежбањето, од утре ќе почнам да плетам“! Пред да се прешалта на новото хоби, со плетено капче  на главата, белким за урнек, следното утро Снеже и се врати на старата љубов вежбањето, ама со извлечена поука: „Откако ми пишавте дека за отварање тегла не требаат мускули туку техника, се прфрлив на вежбање задник... Ќе се најде!“ - сподели Снеже. Е сега, за што тоа ќе и се најде, што ли ќе отвора со него - прашаа едни, каква ли тоа техника ќе применува и дали и тоа јавно ќе го споделува - се интересираа други, а Снеже за да им ја скрати љубопитноста го сподели одговорот. За што меѓудругото може да и се најде, ако добро го извежба задникот. И неа, и на многу други: „Улиците се замрзнати... Паѓањето на г'з , секогаш е опција“! - додала пилатес инструкторката во пораката! Или народски кажано: „За добро газе, никогаш нема лоши последици... Дури и на 'лизгав' терен!“ Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze      ]]>

Нов тренд на Инстаграм што веднаш ќе сакате да го пробате https://arhiva.vistina.com.mk/nov-trend-na-instagram-shto-vednash-kje-sakate-da-go-probate/ Tue, 09 Feb 2021 14:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188888

Даските со раскошна храна или #charcuteries се вистински хит уште од минатата година. Тоа всушност е дрвен послужавник со неколку видови сирење, овошје и друга храна, а блогерите за храна и сите други љубители на храна во меѓувреме сфатија дека можат да направат буквално сè од тоа. Сега, има нешто поразлично, а тоа е #jarcuteries. Зошто сите се луди по овој нов тренд на Инстаграм? Едноставно кажано, #jarcuteries е вкусна храна „спакувана“ во тегла. Сè што инаку би ставиле на даска сега се става во мали тегли. Може да ставите што сакате во вашата тегла – од филети, сирење, маслинки, кисели краставички, парчиња овошје до ореви. Покрај солени верзии, можете да подготвите и слатки варијанти со коцки чоколадо, гумени бонбони, разни бисквити и сè што сакате по ваш избор.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by char.CUTE.rie (@seecandycook)

View this post on Instagram
 
A post shared by Sarah Juenemann (@grazingkc)

извор:кафепауза.мк]]>