течна елка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 30 Dec 2023 08:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png течна елка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој природна кој вештачка, само Весна „Бејби“ Петрушевска има… „течна елка“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-prirodna-koj-veshtachka-samo-vesna-bejbi-petrushevska-ima-techna-elka-video/ Sat, 30 Dec 2023 07:49:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332191

Нова Година чука на портите, па предновогодишната еуфориија станува се поинтензивна. До душа, кај некои уште отсега расположението е пуштено на најсилно, но повеќето сепак се чуваат за „најлудата ноќ“ која ја имаа таа магична моќ да не развесели и расположи барем на миг. Украсените излози на продавниците и моловите, на дуќаните и домовите, на улиците, парковите и плотадите, на целиот град потсетуваат дека доаѓа часот за збогување со  старата и дочек на новата година, полна со надежи, желби и очекувања за поубаво утре на секое поле. Новогодишната елка секако е најпознатиот и највпечатливиот симбол на Новата Година... Украсена со светилки и  лампиони, со украси и фигури кои блескаат особено во ноќта само ја поттикнуваат радоста за очекувањата кои ги носи Новата година. А елка како елка, секој има своја и на себесвојствен начин украсена... Некој џиновска, некој џуџеста, една е поголема, друга помала, повеќето се вештачки, понекоја е и природна, повеќе или помалку украсена со разнобојни украси или накитена само во една боја... Но, секоја од нив е различна и на свој начин убава! И речиси сите во домот имаат своја новогодишна елка која е ваква или онаква, ама малкумина имаат специфична... Но, веројатно никој нема како што има македонската актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска. Нејзината е една и единствена и уникатна, односно мошне специфична... Зашто елката на Весна - Бејби е „течна“! Ја краси додека ја краси собата или поточно масата, ама за миг може и да ја снема, зашто освен декоративната улога има и корисна намена... Вака, како што Бејби ја наредила е мошне симпатична, ама затоа може во секој момент да стане и практична, особено во миговите кога се слави и честита... Тогаш нејзината елка станува најкорисна и најупотреблива, иако за да ја ја ставите во таква функица ќе мора да ја растурите. И тоа „украс по украс, „лампион по лампион“... Освен ако не сте „шампион“ за брза конзумација на ваква „течна елка“, во која сепак ви препорачуваме да уживате со мерка и без ризици! Среќни празници!
Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska
]]>