театар комедија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Nov 2023 10:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png театар комедија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вера Мештеровиќ покажа со кого го поминува слободното време: Еве каде замина водителката и во чие друштво? (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/vera-meshterovik-pokazha-so-kogo-go-pominuva-slobodnoto-vreme-eve-kade-zamina-voditelkata-i-vo-chie-drushtvo-foto/ Thu, 23 Nov 2023 10:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328226

Вера Мештеровиќ е жена со професија која иако изгледа лесна и едноставна таа сепак и одзема доста време, па кога го има, секогаш  гледа како правилно да го искористи. Таа покрај работата како ТВ водителка, често е и дел од настаните за кои долго се подготвува со цел да остави стилски печат и доза на провокација. Но, освен што имаме прилика да ја гледаме на ТВ екраните и на настаните, таа е активна и како инфлуенсерка на „Инстаграм“ каде споделува и рекламира разни производи и услуги. Сепак,  водителката сега сподели нешто поразлично од претходно и покажа како го поминува слободното време приватно. Иако  има многу работни обврски, таа докажа дека сепак успева секогаш да одвои време и за своите најмили. Имено,  на кратките приказни на нејзиниот „Инстаграм“ профил  се најде една преубава фотографија која им го задржа вниманието на сите нејзини фанови и следбеници. Вера заедно со нејзината ќерка Јована решиле да го искористат слободното време и  рака под рака  заминале во Театар Комедија. Па, откако позирале пред камерата на мобилниот телефон, Вера споила две фотографии каде на едната се билетите на кои јасно се гледа дека се одлучиле да ја гледаат претставата „Илуминати“. Со најновата фотографија од нив две јасно се гледа колку неверојатно си личат една на друга и дека веќе потпорасната ќерка целосно ја наследила убавината на нејзината мајка. Инаку, Вера пред пет години, се разведе од поранешниот фудбалер Игор Кралевски, а мајка е на две деца, Андреј и Јована. Фото: Принтскрин/Instagram/veramesterovic]]>

Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден https://arhiva.vistina.com.mk/so-150-izvedba-na-stjuardesi-teatar-komedija-go-slavi-11-ot-rodenden/ Wed, 29 Mar 2023 11:59:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295671

Со 150-та изведба на претставата „Стјуардеси“, на Светскиот ден на театарот, Театар Комедија слави 11 години од формирањето на оваа Национална установа. Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година. Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје. Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидови на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. „Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов, а премиерата беше на 6 декември 2013. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Ева Скендеровска/Кристина Ласовска, Нина Деан/Жаклина Петровска и Тања Мицков. извор:република.мк]]>

Театар Комедија распиша конкурс за комедија од македонски автор https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-raspisha-konkurs-za-komedija-od-makedonski-avtor/ Thu, 21 Jan 2021 13:17:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186218

Театар Комедија – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори. Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – македонски државјани Секој автор има право да конкурира со по една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана. Од пристигнатите комедии комисијата ќе одбере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар комедија во текот на 2022 година. Од Тетар Комедија информираат дека пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот). Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар Комедија – Скопје, бул. „Климент Охридски” бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.]]>

Кога актер како Жарко Димоски со песна ќе ве повика – „Ајде да наздравиме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-akter-kako-zarko-dimoski-so-pesna-kje-ve-povika-ajde-da-nazdravime-video/ Thu, 05 Nov 2020 13:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174788

Актерот Жарко Димоски колку добро глуми, толку добро и пее. Всушност, оние кои гледале некои од неговите театрски настапи и преставите во кои се пее знаат дека тоа е така. Жаре особено се истакна за време на карантинската криза кога „Театар Комедија“ на својата „вонредна“ сцена на репертоар имаша чисто музички онлајн настапи на своите актери, со кои им го разубавуваа и разведруваа секојдневието на граѓаните. Своите вокални квалитети ги покажал и докажал и како член на музичкото трио „Equilibrium“, но и на последниот  фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип, каде Жарко за прв пат сериозно застана на естрадната фестивалска сцена. „Чест ми е да објавам дека конечно ќе се појавам во улога на пејач. Оваа сабота (19 септември) на фестивалот Макфест во Штип за прв пат ќе настапам со песнатта „'Ајде да наздравиме', за чија мелодија и аранжман се погрижи маестралниот Валентино Скендеровски, а текстот е на мојата маленкост. Се потрудивме да бидеме ведри и позитивни во ова време-невреме. Вие ќе кажете дали сме успеале во тоа“ - напиша тогаш актерот на својот Фејсбук. Месец и половина подоцна, Жарко наздравува промовирајќи го видеото за своето фестивалско првенче. И одново со свое ое обраќање во вид на порака: „Приказна за 'артистите'... Oткако ќе се изгасат камерите и рефлекторите... Kога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото со сите нивни радости и таги, кога маските ќе паднат, борбата со себеси, потрагата по музите, поставување на прашањето дали воопшто ова беше тоа или не...Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува...“ - напиша актерот во описот на видеото за песната кое е снимено во една од гримиорните и на сцената на скопскиот „Театар Комедија“. Него го режирале Емил Петро и самиот Жарко Димоски,  видео едитот е на Емил Петро, а во видеоприказната се појавува и моделот Андреа Јосифова. Како изгледа и звучи кога актерот низ песна ќе ве повика: „Ајде да наздравиме“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=oEvBWTqaFlk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0_zzxcEvLfY4XNxf-c_ChggnLEbr1eg5a8E-BWAfzZUC4ludXaN-AlTsE]]>

Театар Комедија започнува со проби на отворено, наскоро и претстави https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-zapochnuva-so-probi-na-otvoreno-naskoro-i-pretstavi/ Mon, 31 Aug 2020 11:10:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165211

Театар Комедија соопшти дека од денеска започнува со проби на отворено и со подготовки за претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов. Пробите ќе се одвиваат на отворено, со почитување на сите мерки и протоколи. Кон крајот на септември следува премиера, а Театарот започнува и со репертоар, исто така според сите мерки и протоколи. Театар Комедија наскоро ќе ги отвори и вратите на новата сцена „Двор“ каде ќе се почитуваат сите мерки и протоколи, а ќе се реализира и фестивалот „Гола месечина кон крајот на месец септември извор:kurir.mk]]>

„Театар Комедија“ овој петок со онлајн настап на пет актери на сцената во дворот на театарот https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-ovoj-petok-so-onlajn-nastap-na-pet-akteri-na-scenata-vo-dvorot-na-teatarot/ Thu, 21 May 2020 13:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150904

НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена.
Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица, информираат од Театар Комедија.
Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.
]]>

Театар Комедија со музички настапи секој петок ќе го разубавува секојдневието https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-so-muzichki-nastapi-sekoj-petok-kje-go-razubavuva-sekojdnevieto/ Mon, 11 May 2020 12:41:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149043

НУ Театар Комедија секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки, соопшти управата на театарот. Во меѓувреме, Театар Комедија започна со директни вклучувања на своите содржини. „Месецов решивме да направиме една мала ,,вонредна сцена“, на којашто актерите ќе настапуваат секој петок. Првиот настап го имаше актерката Жаклина Стевковска, а веќе во петок ќе настапи и актерот Жарко Димоски. Се одлучивме за музички настапи со цел да го разубавиме и да го разведриме секојдневието на публиката“ - велат од Театар Комедија. Најавуваат дека веќе работат и на нов план за летниот период.]]>

Премиера на документарецот за Анче Џамбазова онлајн на 4 април во 20 часот https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-dokumentarecot-za-anche-dzambazova-onlajn-na-4-april-vo-20-chasot/ Tue, 31 Mar 2020 08:51:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142490

Документарниот филм посветена на македонската катерка Анче Џамбазова в сабота премиерно ќе се емитува онлајн во 20 часот, соопштија од Театар Комедија. НУ Театар Комедија заедно со Општина Аеродром го реализираат во континуитет Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“. На последното издание на Фестивалот (септември 2019) за прв пат беше воведена и наградата за животно дело ,,Анче Џамбазова“, во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. Управата на театарот и Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин, донесоа одлука да биде снимен и документарен филм за Анче Џамбазова, кој имаше своја премиера во рамките на ,,Гола месечина 2019“. Градоначалникот Златко Марин и директорот на Театар Комедија, по одржаниот работен состанок преку видео врска, одлучија документарниот филм за Џамбазова да биде прикажан и пред пошироката јавност, односно да биде емитуван онлајн на 4 април, сабота, со почеток во 20 часот на You Tube каналот на кој се емитуваат претставите на Театар Комедија. Филмот е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот (од страна на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин). Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски, стои во соопштението.]]>

И „Театар комедија“ со онлајн претстави во вашиот дом https://arhiva.vistina.com.mk/i-teatar-komedija-so-onlajn-pretstavi-vo-vashiot-dom/ Wed, 18 Mar 2020 09:16:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140265

Почитувана публико, Со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, од утре со почеток во 20 часот Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави. On line репертоар за оваа седмица : ?18.03. /среда/ ,,Сон на летната ноќ" ?20.03. /петок/,,Име" ?21.03./сабота/ ,, Хамлет во пикантен сос"
Почеток во 20 часот на следниот линк: http://bit.ly/TeatarKomedija

Театар Комедија од септември со полна пареа https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-od-septemvri-so-polna-parea/ Tue, 27 Aug 2019 13:20:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104076

Театар Комедија од септември почнува да работи со полна пареа. Веќе финишираат подготовките за фестивалот ,,Гола месечина“, а продолжуваат и подготовките за претставата ,,Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на ,,Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска. На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер Егон Савин, најавуваат од театарот.]]>