тавче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Jun 2023 09:26:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тавче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Јосифовски е млада „Гранд ѕвезда“ и несуден победник во силната конкуренција, ама затоа е „старо рибариште“, шампион со трската, со гаранција (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-e-mlada-grand-zvezda-i-nesuden-pobednik-vo-silnata-konkurentsija-ama-zatoa-e-staro-ribarishte-shampion-so-trskata-so-garantsija-video/ Fri, 09 Jun 2023 09:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305615

Пејачот Александар Јосифовски веќе покажа дека го бива не само во музиката туку и во други активности... Како што е риболовот, на пример. Но, неодамна имаше пех кога додека фаќаше риба во неговиот Охрид рано наутро на езерото, на една локација крај аеродромот, кога заглушувачката бучава на авионот што слетува, која никој не ја очекуваше, му ја исплаши рибата и му го уништи уловот. На пејачот, кој зачудено гледаше што се случува, ништо друго не му преостана, освен само да си ја собере опремата и да се врати дома. Поучен од претходното искуство, Александар овој пат решил ништо да не препушта на случајноста и се упатил кон оваа релаксирачка активност многу пред зори. Вицешампионот од последната сезона на регионалното музичко натпреварување на  „Ѕвездите на Гранд“ вредно ја постави трската, ја фрли јадицата и трпеливо чекаше да види дали рибата ќе „загризе“. Се чини дека пејачот овој пат го погоди вистинскиот момент бидејќи неговите напори вродија со плод. Трпението му се исплатеше и тапата почна да потскокнува, се додека во еден момент сосема на потона под мирната езерска површина. „Поголемка! Само не знам што е ? Или е крапче или клен, би рекол“  - коментираше неговиот придружник штом акцијата на вадење на рибата од водата почна. „Клен. Добра работа, браво бате Аце!“ - го пофали пријателот задоволен од уловот на пејачот. Како и секој добар риболовец, младата „Гранд ѕвезда“ мораше да го овековечи целиот момент фотографирајќи се со ова големо парче клен што го фати во Охридското езеро. На неговата радост и немаше крај, а Александар Јосифовски, младата „Гранд ѕвезда“ и несуден победник во силната конкуренција, покажа дека не е само врвно пејачиште, туку и „старо рибариште“... Шампион со трската, со гаранција! Пејачот во прв момент не кажа дали уловената риба ќе ја врати во вода или таа ќе заврши на скарата како вкусен оброк, кој како што е познато, Александар со задоволство мајсторски го подготвува. Но, веќе во следните две видеа на неговите Инстаграм приказни Александар покажа дека со уловот и тоа како ќе се гоштева... И не само со уловените кленови, туку и со останатата ситна риба која откако вештите раце на блиските му помогнаа да се исчисти, истата покажа каде заврши. На пржење во големата тава... Или што би рекол Александар: фати, чисти, пржи... А потоа гоштевај се колку што ти душа сака и стомакот ти држи! Фото и видео: Инстаграм/alexandarjosifovski]]>

Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/ Wed, 13 Mar 2019 10:11:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77299

Требаше да биде банкар... По теркот  на неговите родители... Да ја продолжи семејната традиција, ама... Наместо зад шалтерот или крај сефот, заврши крај шпоретот во кујната! А таму, како што е банкарот на Лила  најпознатиот и најпопуларен банкар, така и Шеф Влатко Огненовски стана најпознатиот готвач  во Македонија, а можби и пошироко... Волшебник во кујната, чии раце намирниците и зачините ги претвораат во вистинска гастрономска уметност, чиј изглед, мирис и вкус ги опиваат сетилата, мамејќи ги и очите и душата.
Секој што ја пробал неговата магија од кујната пренесена на трпезата, знае дека вкусил дел од светската кулинарска традиција, преточена во еден сегмент од неговиот гастрономски мозаик на знаења, искуства и кулинарски вештини.
Сепак, времето тече, годините минуваат, а Шеф Огненовски опиен од кулинарските мириси во неговиот свет, несебично животот ќе и го посвети на својата љубов и пасија претворени во професија... Но, љубовта кон она што професионално те преокупира и исполнува не е доволна, ако е празна душата...
Пропатувал низ многу земји по светот, среќавал многу различни традиции, националности, религии, различни луѓе, различни кујни, убавини и убавици... Арно ама, ниту една до сега, до неговата 45 година не успеала да му влезе под кожа, да направи да му зоврие крвта во вените, а срцето да му заигра до таа мерка, за да може да каже дека ете, таа е ТАА - вистинската! Изборот на неговиот живот, неговиот омилен љубовен специјалитет!
Се до неодамна... До пред еден месец кога на едно од многуте патувања при престојот во Киев, Украина не ја запознал неа... Зачинот на неговит живот, зашто, како што и самиот вели, љубовта тоа и е... Особено кога истата ќе се роди на прв поглед!
Русокосата украинска убавица Олга Кошченко, која ќе му ги побрка „љубовните лончиња“, потикне сетилата, активира хемијата... Тогаш се' друго станува неважно... Освен таа, љубовта на неговиот живот, неговата „дјевушка блондинка“ без која секоја ноќ е проклето долга како Волга... неговата Олга! Зашто како што самиот еднаш ќе изјави: „Без љубов си никој и ништо“! Во кујната, ама и во животот!
Убавата Украинка за миг ќе го маѓепса, па Шеф Влатко по дружбата со неа и доаѓањето дома, има само една мисла во главата: Како да ја види повторно? И одлуката е донесена... Рецептот за животна среќа е пронајден! Олга мора да биде негова, да стане македонска снаа!
Свршенички прстен и повратен билет за првиот лет во правец Скопје - Киев - Скопје... Зашто кога душата е гладна, а срцето празно, кујната не е доволна, а уште помалку комплетна. Доволен е само еден бакнеж, неговото парашање ДАЛИ... и нејзиното... ДА! И шармантната Украинка од април е новата македонска „шефица“... Или поточно, најдрагоцениот и најскап зачин во кујната на неговиот живот. Најубавиот и најслаткиот специјалитет во животното мени на Шеф Влатко Огненовски! Дјакују! Нека им е среќно и вечно!]]>