татковци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 07:57:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png татковци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, ама татковците им се македонски музички легенди: Едниот е автор на „Не кани ме“, другот ја напиша „Бисер Балкански“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mozhebi-stefan-lazarov-i-robert-bilbilov-se-poznati-detsa-ama-tatkovtsite-im-se-makedonski-muzichki-legendi-edniot-e-avtor-na-ne-kani-me-drugot-ja-napisha-biser-balkanski-video/ Mon, 03 Apr 2023 07:50:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296182

Последиве ндели, па и мсесеци околу младиот јутјубер Стефан Лазаров се крена голема прашина. особено по серијата подкасти во која уште при првиот со Драган Павловиќ Латас, некој процени дека обајцата треба да завршат на суд. И завршија иако судењето уште непочнато беше одложено... Во меѓувреме, деновиве медиумите открија уште една прикзана поврзана за семејството на најпознатиот јутјубер. Иако не е ниту нова, ниту пак некој открил „топла вода во бојлер“, сепак можеби е добро да се обнови четивото за кое ние Македонците некако по дифолт како да имаме кусо паметење. Имено, Стефан Лазаров потекнува од музичко семејство и то не било кое, туку е син на еден од најпознатите македонски музичари и музички автори, а при тоа и музички педагог, Орце Лазаров. Професор по музичко образование, но и долги години член на фолк групата „Академци“. Патем искусен инструменталист и композитор, кој како автор или изведувач во разни постави учествувал на речиси сите музички фестивали во Македонија, а напишал и грст песни од кои некои станале познати хитови, но една од нив е вистинска „химна на љубовта“... И тоа онаа посакуваната, неостварената, скриената, најслатката... Фолк баладата која Миле Кузмановски маестрално ја испеа уште пред повеќе од една и пол деценија и оттогаш стана вечен евергрин. Една од оние песни што остануваат засекогаш! Токму таа е можеби неговото животно остварување во музиката... Барем засега. Песна каква се пишува еднаш во животот, а таквата тешко дека некоја друга ќе ја надмаши. Токму затоа и медиумите можеби „неканети“ одново се потсетија на маестралниот евергрин на големиот автор, кого како и песната  заслужува наместо „да премолчиме“, уште днаш да ги потсетиме повозрасните, а едуцираме помладите дека Македонија има фантастични автори и уште поубави песни во вид на нивни дела... Како што е таткото на Стефан - Орце Лазаров и неговата „Не кани ме“! Од друга страна пак Роберт Билбилов важи за еден од најдобрите и најплодните сега веќе зрели музички автори и секако еден од најголемите хитмејкери кога е поп и ар ен би музиката во Македонија во прашање. И самиот пејач, но пред се композитор кој напишал, аранжирал, продуцирал... мноштво хитови за најголемите, најпознатите и најпопуларни македонски изведувачи, како и за себе. Музиката му е во вените, но пред се во гените, зашто и тој доаѓа од музичко семејство, а „жичката за уметност“ ја наследил од татко му. Впрочем, повозрасните го паметат, а помладите само во кафеаните, на разни семејни прослави, свадби, а најмногу на патриотски собирања му ја пеат песната... Онаа вечната, неофицајално втора македонска химна и прогласена за најслушана песна на векот во Македонија... Легендарната „Бисер Балкански“, чиј автор е токму татко му на Билбилов јуниор, сега покојниот Хилми Билбил. Музичар, виолончелист и член на тогашните оркестри при МРТ, кој ја напиша „втората македонска химна“, која сега исто така покојниот пејач Гоце Николовски во 1990 година на  „Фолк фест Валандово“ фантастично ја испеа и однесе победата. Оттогаш „Бисер Балкански“ стана не само хит или фолк евергрин, туку и симбол на единство и пркост на Македонците во трите раздвоени дела на Македонија: Егејскиот, Пиринскиот и Вардарскиот... Нитка што ги спојува, паметник што ги потсетува, музичко четиво што младите генерации ги учи и воспитува... Песна - „песниште“ на гордоста и маката, вечната борба, тагата и радоста, на желбата и надежта, еден ден сите Македонци да бидат едно... Сплотени како во песната со „бистри води вардарски“ во еден единствен... „Бисер Балкански“! „Имав 15 години кога почина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми почине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството. Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека починал, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, ќе изјави своевремено Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ. Затоа можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, обајцата уметници, изведувачи, едниот композитор, другиот јутјубер, водител... И секоја чест ним, ама сепак... Генетскиот код им го пренеле татковците кои се во едно нешто единствени... Македонски музички легенди! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/_lazarovv/justrbproduction/Orce Lazarov/Vistina - архива]]>

Брутално и без влакна на јазикот: Наташа Беквалац откри што мисли за татковците на нејзините ќерки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/brutalno-i-bez-vlakna-na-jazikot-natasha-bekvalats-otkri-shto-misli-za-tatkovtsite-na-nejzinite-kerki-foto/ Mon, 13 Mar 2023 11:02:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292998

Поп-ѕвездата Наташа Беквалац во својата кариера повеќе од две децении го привлекува вниманието на медиумите и со успесите на сцената но и со случувањата во приватниот живот. Таа изминатиот викенд настапила во Требиње во ексклузивниот комплекс „Град на сонцето“ во рамки на манифестацијата Мјузик фест Требиње.Мала плава“ одржала спектакуларен концерт, ја воодушевила публиката со својот изглед и енергија, додека за Ало.рс искрено и духовито проговорила за нејзиниот емотивен живот, за тоа што е самохрана мајка, но и за порокот со кој се бореше. Таа зборувала за врската со наследничките, но и за нивните татковци. Како што вели, најтешка задача и е да ги води Хана и Катја на вистинскиот пат, со оглед на тоа што е самохран родител. - Во родителството сум сама и тоа е тешко, но и се што е големо е тешко, вели пејачката. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија која доста ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред. Тешките ситуации не прават помудри и позрели, а ние три навистина имавме тешки години. Поминавме низ многу тежок период и од тој период излеговме како победници. Од двете научив многу и знам дека ми се дадени да ме научат на живот - изјави пејачката која ја откри својата магична комбинација за успех. Убавата пејачка зад себе има три брака, од првиот со Дача Икодиновиќ ја има ќерката Хана, додека од последниот со Лука Лазукиќ помладата наследничка Катја. И додека таа често за медиумите за врската со првиот сопруг изјавува дека добро функционираат поради детето, изгледа дека ситуацијата во последно време се променила. Оваа исповед на Наташа Беквалац ги иззема двајцата поранешни партнери со кои има деца, бидејќи како што вели, не зборува за татковците ниту на едната ниту на другата: - Од љубов кон моите деца никогаш нема да зборувам за нивните татковци, особено затоа што немам претерано афирмативни работи за кои дефинитивно би рекла дека ги имам - изјавила пејачката. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац]]>

Истражување: Мажите кои имаат ќерки живеат подолго https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvanje-mazite-koi-imaat-kjerki-ziveat-podolgo/ Fri, 22 Nov 2019 14:07:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120093

Ќерките го зголемуваат животниот век на татковците, но ќерките и синовите подеднакво го намалуваат животниот век на мајките, покажуваат истражувањата. Група истражувачи од Јагелонскиот универзитет во Краков, Полска дојдоа до ова интересно откритие. Во нивното истражување биле вклучени 4.310 личности од кои 2.147 биле мајки, а 2.163 татковци. Резултатите покажале дека вкупниот број на деца, како ни бројот на синови не влијае значајно на животниот век на таткото. Но, се покажало дека мажите кои имаат ќерки живеат подолго. Конкретно, тие пресметале дека татковците на само една ќерка во просек живеат дури 74 недели подолго во однос на татковците кои имаат синови. За жал, резултатите се многу поинакви кога станува збор за мајките. Според студијата објавена во American Journal of Human Biology, и ќерките и синовите на мајките им го скратуваат животниот век. Но, сите научници не се согласуваат со резултатите од ова истражување. Така, студија која траела 14 години, објавена во BMJ Journals тврди дека раѓањето на детето, без разлика на полот, го продолжува животот на родителите. извор: кајгана]]>

„Водич за опстанок“ за новопечените татковци https://arhiva.vistina.com.mk/vodich-za-opstanok-za-novopechenite-tatkovci/ Tue, 08 May 2018 11:18:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25493

Кога во вашиот живот ќе дојде еден мал пакет радост, сè се менува. Воглавно на подобро, но ќе биде потребно извесно време да се навикнете на новите околности. Еве што имаат да ви кажат мажите кои веќе поминале низ ова искуство, ви предложуваме неколку совети кои ќе ви олеснат во првите неколку недели:
Вие сте во истиот тим Вашиот партнер, вашето бебе и вие сте во истиот тим. Сетете се на тоа следниот пат кога сте на работ со мајката на детето да се судрите околу тоа чиј „ред“ е да станр кога бебето ќе заплаче. Колку и да сте уморни, вие и жената што ја сакате заедно пловите во оваа нова, прекрасна фаза во животот. Лесно е да се заборави кога сте ненаспани и исплашени, а притисокот само расте, земете длабок здив и насмевнете се - станавте татко. Длабоко во себе знаете дека би го поместиле светот за тоа бебе што само вика гласно како да е три пати поголемо од онаа мала трошка која сте ја донеле од болница. Штом е така, тогаш, станете и земете ја таа трошка во вашите раце. Никој не бара од вас да го да го поместите светот. Само земете го бебето и пејте му. И не заборавајте ја во сето ова мајката на бебето. Неа и требаат пет минути во текот на денот со вас, за да собере сила и да се чувствува дека во таа цела гужва и возбуда ја сакате најмногу на светот, повеќе отколку што некогаш мислевте дека можете да ја сакате. Останете мирни Ова е важно не само поради мајката на вашето бебе, бидејќи ќе и биде многу полесно ако види дека сте смирени и не паничите затоа што вашето бебе има грчеви, туку и затоа што бебето ја апсорбира емоционалната состојба на нивните родители, а во согласност со тоа така се однесува. Ако сте нервозни и бебето ќе биде нервозно, ако сте во ред, и бебето ќе биде. Мали чекори Треба да го прифатите фактот дека сте зачекориле со доаѓањето на бебето на свет сте зачекориле во непознатото. Се разбира дека не секогаш ќе можете да се снајдете во секунда. И, се разбира, тоа ќе биде тешко во некои моменти. Но верувајте во себе. На бебињата обично им е доволно да ги сакате со сета своја сила. А ако пелената не е совршено наместена, ништо страшно. Исто така ќе го увежбате и тоа. Трпението е доблест. Научете да слушате Ако слушате внимателно, ќе разберете дека бебето ви кажува што му треба. Во првите недели, не се обидувајте да воспоставите некоја рутина. Слушајте ги потребите на вашето бебе. По некое време, ќе воспоставите заедничка рутина, па ќе научите да препознаете кога вашето бебе сака да спие, кога е гладно, а кога само сака да го земете во раце. Кафето е најдобриот пријател на човекот Дури и ако не сте биле обожаватели додека не станете татко, наскоро ќе сфатите дека понекогаш ви треба чаша кафе за да се подигнете. Несоните ноќи ви се загарантирани, барем на почетокот, па сето она што го покренува вашето ниво на будност и енергија е добредојдено. Вклучувајќи кафе, секако. И не грижете се, нема да го „расипете“ бебето. Само слушајте го своето срце. И радувајте се на секој нов ден, во иднина ќе ве чекаат прекрасни работи.]]>