татко за пример – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Sep 2022 09:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png татко за пример – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пакет аранжман: „Пеам дење, пеам ноќе… македонскиот „Гранд зет“ пее по свадби, локали и клубови, ама некому му пее и по дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/paket-aranzman-peam-denje-peam-nokje-makedonskiot-grand-zet-pee-po-svadbi-lokali-i-klubovi-ama-nekomu-mu-pee-i-po-doma-foto/ Tue, 20 Sep 2022 09:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267772

Денес веќе познатите „Гранд ѕвезди“, на кои ова регионално музичко талент шоу им ја предодреди не само кариерата, туку и животната судбина, македонската пејачка Елена Миленковска  и нејзината  посилна половина,  Гуте Маринковиќ  неодамна станаа родители по втор пат. Штркот овторно долета во нивното семејно гнездо и по синчето Максим, им ја донесе и втората радост, ќеркичката која го доби името Миона. И додека мама Елена прва сподели заедничка фотографија со тукупшто родената малечка принцеза, додека бабите го чуваа малиот Максим, тато Гуте мораше да пее. Лично за себе и најблиските од радост и среќа за приновата, но и да си ги исполни обврските од кои како професионален музичар го вади лебот за себе и семејството. Па така, Гуте пее, дење, пее ноќе, пее секому кому треба да му запее...  Македонскиот „Гранд зет“ пее по свадби, локали и клубови, ама пејачкиот „пакет аранжман“ деновиве го комплетира со уште еден нов ангажман,  зашто Гуте уште некому му пее и по дома. Имено, мама Елена и малечката Миона пристигнаа во својот дом, а Гуте како ревносен и посветен татко и од љубов кон приновата и заради помош на сопругата е секогаш тука да и се најде, да припомогне, односно да ја причува малечката убавица. А бебе како бебе, најсреќно и најмирно е кога е во сигурните родителски раце, па тато Гуте и кога тој сака, ама и кога сака таа, сакал-нејќел мора да запее и по дома... И тоа тивко на увце на својата мала Миона. И тоа по нејзини ноти!  Тие песнички веќе ги знае, оддамна ги научил, уште кога се роди малиот Максим, па сега и не му е толку проблем песничките да ги репризира. Повторувањето е мајка на знаењето, а македонскиот „Гранд зет“ Гуте Маринковиќ е татко кој повеќе од очигледно знае и умее... Татко за пример! Фото: Инстаграм принтскрин/gute.marinkovic]]>