татјана стојановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Oct 2023 11:25:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png татјана стојановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вера Мештеровиќ со разголените нозе долги како година беше во фокусот од роденденот на нејзината матична телевизија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vera-meshterovik-so-razgolenite-noze-dolgi-kako-godina-beshe-vo-fokusot-od-rodendenot-na-nejzinata-matichna-televizija-foto/ Thu, 12 Oct 2023 07:15:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322045

Неодамна се случи прославата по повод 25 години роденденот на теливизија Канал 5. По тој повод водителката Вера Мештеровиќ вчера на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографии од тоа каква била атмосферата за време на забавата, но покажа и  што одбрала да  облече за овој специјален повод. На свеченоста се појавија сите кои се пред и зад камерите  и оние кои биле дел измнативе години, а голем впечаток остави водителката Вера Мештеровиќ. Таа со своите следбеници сподели фотографија на која во преден план доминираа нејзините долги нозе кои ги истакна благодарение на мини фустанот кој одбра да го носи. Во грациозна поза со се*си поглед Вера докажа дека знае како да го привлече вниманието на сите. А потоа објави и заедничка фотогарфија со нејзината колешка Татјана Стојановска доближени една до друга со насмеани за „селфи“. Со тоа покажа дека двете убавици се дружеле на роденденската забава, но и дека прекрасно си поминале. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Вера Мештеровиќ  ]]>

Невеста како кукла, сензуална и елегантна: Татјана Стојановска стави параф и се вети на вечна љубов со долгогодишниот партнер Михаил (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nevesta-kako-kukla-senzualna-i-elegantna-tatjana-stojanovska-stavi-paraf-i-se-veti-na-vechna-lubov-so-dolgogodishniot-partner-mihail-foto/ Mon, 12 Jun 2023 06:39:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305770

Татјана Стојановска, добро познатиот телевизиски лик, изминатиот викенд имаше голем ден за свавење, возбуда, теперење од убаво – венчавката со нејзиниот избраник Михаил Киотаноски. Регистрацијата и прославата во кругот на најблиските роднини и пријатели се случи во тениското на хотелот Александар Палас, а моментите од големиот дел Татјана ги сподели со Вистина.ком.мк. За забавата да биде според посакуваното на младите и за меракот на гостите, се погрижиле групата „Соната“ и Кате. Ако Тајнана секојдневно изгледа беспрекорно пред камерите, за својата венчавка едноставно блескаше како никогаш досега. Довербата за шминка и фризура му ја довери на долгогодишниот соработник Дадар кој ја стилизираше да изгледа како кукла. Тесна венчаница во сирена крој со нагласено деколте, а дијадемата дополнително ја нагласи нејзината убавина во спој во едноставно собраната коса. За потсетување, Тања и бизнис консултантот Михаил живееја заедно во неформален брак околу осусм години, а по точно десет откако ја запроси решиле на истиот ден, 10-ти јуни да ја направат свадбата. Во едно интервју своевремено за својот сакан таа кажа дека ја освоил со својот интелект и шарм. -Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената, кажа Тања за „Бекстејџ“. Тие се запознале на одмор во Турција во 2012 година каде биле на одмор со децата, а нивната пријателство прераснало во љубовна врска која по една деценија заедно заврши и со формален брак. Татјана од првиот брак со пејачот Благоја Грујовски го има 25 годишниот син Матеј. фото:Приватна архива]]>

Татјана Стојановска на подмладување: ТВ презентерката во чекор со трендовите се реши за ботокс (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-na-podmladuvane-tv-prezenterkata-vo-chekor-so-trendovite-se-reshi-za-botoks-foto/ Wed, 31 May 2023 07:15:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304363

За ТВ презентерката Татјана Стојановска секој би кажал дека на таква природна убавина не и треба никакво разубавување. Таа важи за една од најубавите жени на јавната сцена во Македонија, а многумина знаат да и го поделат комплиментот дека старее како добро вино. Сепак, Татјана смета дека разубавувањето на жената и освежувањето на кожата се потребни со ова темпо на живот, а таа како телевизиски лик особено има потреба од третмани кои денешната естетска козметика го нуди. Од брчки не се плаши, ама кога може да ги реши, за тоа нема против. Па така, деновиве на своите стори на Инстаграм покажа дека се решила за ботокс на неколку делови на лицето. Седна на консултација на веќе проверенои место и кај  докторката со која патем имаат речиси исто презиме, се договорија и тргнаа во процедура на неколку делови на лицето, односнои како што споделија, чело, глабела и околуочна регија. Татјана во една прилика изјави дека ако третманот директно резултира и за подигање на самодовербата и расположението, тогаш нема двоумење за ваква постапка. -Немам тајна формила како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално. Јас не сум противник на естетската хирургија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа. Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот. Сега има такви процедури кои што можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, кажа своевремено Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“. Задоволството по одразот во огледалото, насмевката и енергијата која ја пружаме и добиваме како фитбек, всушност е она најважното! Гогините секако ќе врват, но како ние ќе ги рефлектираме надворешно, и ќе се грижиме за себе, останува на нас. фото:Инстаграм принтскрин/Татјана Стојановска]]>

Татјана Стојановска откри како го слави „Денот на вљубените“: „Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без некој повод“ https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanvoska-otkri-kako-go-slavi-denot-na-vljubenite-podrago-mi-e-koga-kje-si-dademe-podarok-bez-nekoj-povod/ Tue, 15 Feb 2022 08:58:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239018

14 февруари некои го слават како „СВ.Трифун“ или денот на виното, а некои го слават како „Денот на вљубените“ – денот на љубовта. Иако „Свети Валентајн“ е католички празник, овој ден во последните неколку години се повеќе се слави, па многу парови го одбелжуваат денот на љубовта со подароци, заедничко патување, вечера... Водителката и презентерката Татјана Стојановска за „женски магазин“ откри ги слави „Денот на вљубените“ и „Свети Трифун“. - Што се однесува до прославувањето на Св. Валејтан кој во последниве години се прославува како ден на љубовта и кај нас, иако е католички празник, не сум имала ништо против да се одбележи. Убаво е да се покаже внимание на партнерот, но сметам дека тоа треба да се прави било кој ден, не ги сакам клишеата дека токму на тој ден треба да се подари нешто. Ако се чувствувам така ќе купам нешто симболично, но не со обврска дека морам. Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без некој повод. Ако ме прашувате дали Св. Валејтан или Св. Трифун би рекла и двата празника се убави и кој како си чувствува нека си ги прослави. Да бидеме среќни и вљубени и да наздравуваме за убавината на животот секогаш“, вели Татјана. Инаку, Стојановска и Михаил се во врска околу 10 години, но нивната љубов не ја официјализираа со брак. -Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената, изјави водителката во една прилика. Тие се запознале на одмор во Турција во 2012 година каде биле на одмор со децата, а нивната пријателство прераснало во љубовна врска која ја негуваат и ден денес. фото: инстаграм/tatjana stojanovska/јутуб/backstage macedonia]]>

Безвременска убавина: Елена Стефановска, Татјана Стојановска, Вера Мештеровиќ и Светле Црнокрак се „дами со стил“ https://arhiva.vistina.com.mk/bezvremenska-ubavina-elena-stefanovska-tatjana-stojanovska-vera-meshterovikj-i-svetle-crnokrak-se-dami-so-stil/ Thu, 11 Nov 2021 08:39:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226814

Некое непишано правило вели дека припадничките на понежниот пол не се прашуваат за години, а некои дами со текот на годините колку стануваат постари толку се позгодни, а за нив годините како да се бројка. Македонската водителка Елена Стефановска живее „Живот со стил“ исто како и името на нејзината емисија. Имено, во емисијата „Живот со стил“ која секоја недела се емитува на Канал 5, двајца натпреварувачи треба  да одберат модни парчиња за стајлинг, а подоцна жирито треба да го оцени тоа што го одбрале и нивниото модно издание. Досега во улога на „модни судии“ се појавиле пејачи, водители, модни дизајнери... Овојпат, кандидатките ќе ги оценуваат водителката Татијана Стојановска, Вера Мештеровиќ и Светле Црнокрак. Домаќинката на емисијата, Стефановска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со трите дами кои изгледаат со стил. -Безвременска убавина и префинет стил, наскоро во Живот со стил Моите гостинки се класичен пример за безвременска убавина. Тања, Вера и Светле“, напиша таа покрај објавата. Ќе се согласите дека нашите дами изгледаа модерно и со стил, а за нив годините се само бројка. фото: Инстаграм/елена живот со стил/вера мештеровиќ/татијана стојановска/фс_црнокрак]]>

Кога се исклучени камерите: Еве што прави Татјана Стојановска пред вестите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-se-isklucheni-kamerite-eve-shto-pravi-tatjana-stojanovska-pred-vestite-foto/ Sun, 23 May 2021 06:04:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31776

Секој работен ден македонската презентерка е подготвена за пред ТВ екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во Македонија, регионот и светот. Татјана Стојановска имаме прилика да ја гледаме како презентерка на Канал 5 телевизија каде што има задача да не извести кои се важните случувања во денот.
фото:Фејсбук Пред камерите на медумот секогаш може да ја видиме во пристојно издание кое прилега на нејзината професија.
Додека, Стојановска чека да започне главната шпица за вестите, таа си прави селфи. Презентерката на социјалните мрежи објави фотографија од студиото на Канал 5 пред вестите во 18ч.
фото: принтскрин/инстаграм  ]]>

Татјана Стојановска во издание какво не сте ја виделе досега: Презентерката запеа во емисија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-vo-izdanie-kakvo-ne-ste-ja-videle-dosega-prezenterkata-zapea-vo-emisija-video/ Sat, 13 Feb 2021 08:02:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187514

Презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите и најелегантни ТВ дами. Стојановска имаме прилика да ја гледаме на вестите на Канал5 телевизија каде со години професионално си ја работи својата работа. Иако не е премногу активна на социјалните мрежи, понекогаш знае да објави некоја фотографија, а ретко имаме прилика да ја видиме во поразлични изданија од оние на кои сме навикнати. Татјана гостуваше во емисијата „Еден на еден“ кај Жаре каде што зборуваше за својата професија, во еден момент дури и задача да чита брзозборки и одлично се снајде во тоа. Исто така, таа откри дека со сопругот Михаил знаеле често да одат на караоке шоу и таа да се фати за микрофон и да ја запее „Признавам“ од Маријана и Росана. Татјана заедно со Жаре во емисијата запеаја дел од познатата песна, а како звучеше тоа може да слушнете во видеото подолу.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)

]]>

Татјана Стојановска се препушти во негови раце, а тој ја среди за чиста 10-ка https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-se-prepushti-vo-negovi-race-a-toj-ja-sredi-za-chista-10-ka/ Fri, 29 Jan 2021 08:01:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187309

Презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите и наjпознати ТВ лица со долг работен стаж. Пред ТВ екраните секогаш може да ја видиме скоцкана, дотерена, уредена онака како што доликува за водење на вести. Иако има профил на Инстаграм, таа не е премногу активна и да се „виси“ на социјалните мрежи објавувајќи делови од нејзиното секојдневие. Нејзините објави најчесто се поврзани со нејзината професија, па често позира од студио или во некои елегантни изданија. Деновиве, Стојановска си посвети време на себе си, па замина на разубавување, иако таа е дама која редовно води сметка за изгледот. Презентерката замина во студиото на мејкап артистот Александар Билјановски – Дадар, а тој ја среди за чиста 10ка. Со права коса и минимална шминка, Татјана позираше со крајниот резултат од средувањето. Под објава доби еден куп комплименти односно нејзините следбеници и порачаа дека изгледа прекрасно како и секогаш. „Убавица“, „Прекрасна“, „Прекрасна како и секогаш“ се некои од коментарите, а Стојановска уште една покажа зошто важи за едно од најубавите ТВ лица.]]>

Татјана Стојановска проговори за приватниот живот: „Со Михаил заедно 8 години, од кои 7 во неформален брак“ https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-progovori-za-privatniot-zivot-so-mihail-zaedno-8-godini-od-koi-7-vo-neformalen-brak/ Tue, 27 Oct 2020 08:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173061

Татјана Стојановска важи за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки… Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало. Татјана освен тоа што е успешна на професионален план, кога станува збор за приватниот живот таа ужива во семејната оаза со нејзиниот партнер Михаил Китаноски и нејзиниот син Матеј од претходниот брак.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tatjana Stojanovska (@tatjana.stojanovska) on

Во интервју за женски магазин, презентерката проговори за својата кариера, за своите почетоци, за својот приватен живот.. Таа откри и како изгледа еден нејзин работен во времето на пандемијата со коронавирусот. -Поради новонастанатата ситуација со пандемијата сите социјални дружби и посети се сведени на минимум. На работното место цело време сме со маски  и плус држиме растојание. Нови правила на однесување ни наметна ситуацијата и строго ги почитувам. Секако поради видот на работата цело време сум со физичко присуство во телевизија на моето работно место. Но ете досега фала богу добро се справувам, како ќе биде натаму ќе видиме. Работниот ден ми почнува во 14 часот, пред тоа секако домашни обврски и подготовка на изгледот за пред камера. Поради пандемијата сама се подготвувам од фризура и шминка, гардероба. Ретко посетувам фризер само за неопходни работи кои не можам сама да ги направам. Среќа сум вешта  во шминкање и можам и сама да се исфенирам па тоа ми ја олеснува подготовката за на екран“ вели Стојановска. Таа проговори и за нејзиниот партнер Михаил, па откри и како се запознале. -Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели? “, вели презентерката. Татјана додава дека она што ја врзува со Михаил е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата.... Инаку,  Стојановска го има синот Матеј кој веќе има 22 години, а како што вели тој е зафатен со своите студии, работа ,дружба со своите врсници, живот како и секој млад човек на таа возраст. Целото интервју може да го прочитате тука.]]>

Татјана Стојановска откри детали од љубовниот живот: „Нема потпис, но живееме како брачни партнери со Михаил“ https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-otkri-detali-od-ljubovniot-zivot-nema-potpis-no-ziveeme-kako-brachni-partneri-so-mihail/ Sun, 13 Sep 2020 08:03:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72702

ТВ презентерката Татјана Стојановска беше гостинка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде пред камерата откри детали од својата телевизиска кариера која трае 25 години, за релацијата мајка-син, за стареењето, но и за љубовниот живот. Таа веќе неколку години е во врска со својот сакан Михаил за кого вели дека ја освоил со својот интелект и шарм.
Јас секогаш велам дека ако го најдеш вистинскиот човек,вистинскиот партнер, тогаш дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас впрочев пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и нема потпис, но живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Сметам дека клучот на заедничкото живеење и сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави, се она кое што дава успех, без разлика која е формата на релацијата и на врската.
Со што ве освои вашиот партнер?
Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената.
Интервјуто го заврши со зборови за својот син Матеј за кого вели дека имаат одлична конекција како мајка и син. Понекогаш немаат исти мислења, но секогаш на крај се сведува да ги почитувам неговите ставови. https://www.youtube.com/watch?v=2LXpdHj8sjQ&feature=share&fbclid=IwAR3ZyEHsMsjNg2d_EGbd-inVZbYu9Hh5sSZ-b5r41XHxvGvrFQzUtzaFcY4 фото/видео:jutjub/backstagemacedonia]]>